Ајде една анализа на мечов да удрам.
Катастрофално прво полувреме,немаше идеја во нападот,се идеше само на соло обиди и пробиви кои романскиот голман добро ги читаше.
Романците играа 3-2-1 одбрана, или па 4-2. Бековите наши не можеа да дојдат до израз при таква одбрана. СУпер играа агресивно брзо се движеа. Во таква поставеност крилата треба повеќе да се проигруваат и да погодуваат. За жал Продановиќ овие 2 натпревари игра катастрофално. Преку Чурувија не се играше многу,незнам зошто само 1 или 2 шута имаше од крило Чурувија ( од коие 1 многу важен што успеа да го погоди ). Пикерите исто не беа на висина на задачата, Марковски уште еднаш покажа дека е дупка у напад,Грибовиќ ( Грбовиќ ) како и да се презива солиден беше,али не нешто посебно. Одбраната швајцарско сирење ни беше. НЕ реметаа како сакаат. Дури и со играч помалце успеваа да дојдат до чисти ситуации за шут од 6 метра. Борко солиден беше.
Второ полувреме малце поорганизирано и посолидно го изигравме и одма се осети разлика. Почнавме акции да праиме,да погодуваме од далеку,голманите нивни не беа веќе на ниво. Почнаа и Романците да промашуваат удари од 9м.
Се на се воопшто не сум задоволен од играта,појак противник ќе не тепаше со 15+ разлика. Резничек исто забораив да кажам дека мн лошо изигра. Ич не е подвижен ко ќе ја земе топката незнае што да праи со неа,освен силен шут нема ништо друго.
Надовеза е играчиште ! Таков лев бек секој би посакал у екипа.
Во полуфиналето мора да се подобри играта,пошо црно ни се пишува тамо со оваква игра.
Како и да е да не го тупам многу, голема радост ни донесоа играчите со пласманот у полуфинале.
НАПРЕД ВАРДАР ВО СРЦЕ ТЕ НОСАМ !