Фан клуб: РК Ѓорче Петров

B

BBlisto

Гостин
Трифун Костовски ќе се врати во ракометот и ќе го „оживее“ Кометал Ѓорче Петров
Екипа Прва лига
05.05.2012 10:20

Трифун Костовски, поранешниот сопственик на Кометал Ѓорче Петров, европскиот ракометен првак од 2002 година, објави дека повторно има намера да се врати во ракометот и да возобнови брендот со кој се уште се гордее Македонија, иако е згаснат. Тој во изјави за два дневни весници „Ден“ и „Вест“, ја потврдува идејата за враќање во ракометот и за „оживување“ на Кометал Ѓорче Петров.


„Мислата на Кометал Ѓорче Петров, на сето она што беше клубот, не ме остава рамнодушен. Тоа и ја покрена идејата да размислам за повторно враќање во ракометот. Да, планирам да се вратам повторно во македонскиот ракомет“, изјави Трифун Костовски за дневниот весник „Ден“.


Во пријатна атмосфера, на заедничка вечера со ракометарките на поранешниот европски шампион, Кометал ЃП, кои сега живеат во Македонија, Трифун Костовски објави дека повторно сака да биде дел од ракометот и да го возобнови токму брендот што згасна.


„Кометал ЃП сега е згаснат клуб. Ќе мора да почнеме од почеток и ќе треба“, дополни Трифун Костовски.


Тој во септември 2008 година се повлече од клубот, а потоа Ѓорче Петров падна во амбис и му немаше спас. Со многу проблеми некако се одржуваше до 2011 година, кога и официјално згасна. Најавите за негово „оживување“ се голема свежина за македонскиот женски ракомет. Можеби некогаш повторно Кометал Ѓорче Петров ќе биде шампион на Европа, клуб што ќе го слави цела Македонија. Во моментов, сите се сеќаваме на неговото славно минато и се надеваме дека ќе има и иднина.
 
Член од
22 октомври 2010
Мислења
182
Поени од реакции
51
Супер вест дја боже да се реализира!
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Боље нека си ги троши парите во машкиот ракомет......
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.694
Боље нека си ги троши парите во машкиот ракомет......
Далеку повеќе средства им требаат за машкиот ракомет, ваму носиш две три Русинки/Украинки, мешавина со Балкански играчи и одма си на врвот :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.694
Некои ретро натписи од Дневник на кои случајно налетав на нетов :)

По освојувањето на титулата:
РАКОМЕТ - ЛИГА НА ШАМПИОНКИТЕ
Европа му се поклони на Кометал Ѓорче Петров
Повеќе од 30 илјади луѓе на скопскиот плоштад Македонија ја поздравија европската титула на нашите шампионки, по победата против унгарскиот ХЕРЗ од 26-22

Повеќе од 30 илјади луѓе, и покрај дождот, излегоа на плоштадот Македонија во Скопје заеднички да ја прослават првата европска титула на една македонска екипа, откако ракометарките на Кометал Ѓорче Петров триумфираа во Лигата на шампионките. Тие во реваншот од финалето, во СРЦ "Кале", го победија унгарскиот првак ХЕРЗ Ференцварош, 26-22, дополнувајќи ја негативата од два гола од првиот меч, кој заврши со 27-25 за ХЕРЗ.

В година како европски прваци скопјанки директно ќе учествуваат во Лигата на шампионките, а за успехот ќе поделат и награда од 100.000 евра, кои има беа ветени во случај на успех.

Кометал ЃП е четврта екипа од просторите на бивша Југославија што ја освојува титулата по Крим од Словенија (2001), Подравка (1996) и Раднички Белград (1976, 1980 и 1984 година).

Плоштадот беше претесен да ги прими сите што сакаа одблиску да им честитаат на македонските ракометните хероини, кои и покрај едногодишната пауза од настапи во европските купови и бројните малери и повреди во текот на сезоната, се изборија за европската титула. До доцна во ноќта продолжи славењето на плоштадот и по улиците на Скопје. Автомобили со развеани македонски и клупски знамиња на ѓорчепетровки со сирени и песни ја прославуваа титулата. "Кометал, шампионе" ечеше неколку часа низ улиците на Скопје. Со запалени факели, светлечки ракети, знамиња, па дури и по некој истрел од огнено оружје, сите се радуваа за освоената титула.

Веднаш по завршувањето на мечот, сите ракометарки и навивачите што го следеа мечот на плоштадот заеднички ја прославија титулата. Европскиот пехар од бината на плоштадот се прошета и низ Градскиот трговски центар, бурно поздравен од луѓето што ги исполнија сите кафулиња каде што се гледаше ТВ-преносот од мечот. Во "заднината", за подобро да ги видат шампионките, имаше и такви што се качија високо на околните дрва.

- И покажавме на Европа дека не може да си игра со нас како сака. И покажавме дека имаме намера да бидеме шампиони и успеавме во тоа. Ова е само нов поттик тука да не застанеме. Ќе настојуваме трипати да го освоиме пехарот и да остане постојано тука - изјави Трифун Костовски, спонзорот на клубот, пред граѓаните на плоштадот.

Цел час траеше "фештата" во салата во СРЦ "Кале", исполнета со песни, "македонско девојче", прскање со шампањ, дружење со навивачите, прослава со одбојкарски "упијачи". Солзите-радосници потекоа на лицето на Костовски, спонзорот на скопјанки, кој уште пред девет години кога првпат се согласи финансиски да застане зад клубот, си постави цел да создаде европска екипа.

- Сите бевме под импресија дека во ова мора да успееме. Сите се трудевме да дотуркаме до едно ниво. Дури сега ќе се ослободиме и вистински ќе се одмориме и ќе славиме. Кога пред девет години си поставивме цел да бидеме прваци на Европа, тоа го сфатија како шега. Затоа и не сметаа за аутсајдери - изјави Костовски по мечот.

Салата во СРЦ "Кале" беше исполнета два часа пред почетокот на мечот, а некои што имаа билети мораа да се откажат од пред влезот откако салата се исполни и да им се придружат на тие на плоштадот, кои го следеа мечот на два видеобима.

Гостинките од Унгарија единствено што успеаја да сторат во текот на мечот е да го намалат водството на два гола разлика. Скопјанки постојано имаа водство, кое дури во последните 15 минути се зголеми на шест гола, 23-17 (во 53-тата мин.), по што беше јасно дека титулата доаѓа во Скопје. Позајмената голманка од Крим, Романката Луминица Дину, ги "откажа" Фаркаш, Шити, Мравиковам бранејќи се што можеше да се одбрани. Индира Кастратовиќ само двапати не го погоди голот, а во својот репертоар имаше и "шрауба" и "цепелин".

- Уште не сме свесни дека сме на врвот. Откако малку ќе се одмориме, ќе сфатиме каков успех сме постигнале. Оваа титула му ја посветуваме на газда Трифун и на целата македонска јавност, која не бодреше. Време беше да го освоиме пехарот. Се надевам дека ќе остане тука во Македонија малку подолго. Мечот беше како вистинско финале. Луминица блескаше на голот - рече Кастратовиќ.

На самиот почеток Дину трипати беше подобра од изведувачите на седмерец на ХЕРЗ, Фаркаш и Шити. - Дојдов тука за да играм за плата. И велев на целата екипа дека сигурно ќе биде првак. Ги гледавме противниците на видеоленти и добро ги анализиравме. Задоволна сум од тоа како бранев со Ларвик и сега со ХЕРЗ. Вториот меч беше навистина тежок, а осмиот играч на теренот ни беше публиката. Ви благодарам што така не бодревте - изјави Дину, која најави дека по завршувањето на договорот со Крим можеби ќе дојде во Скопје.

И тренерот Александар Панов, кој постојано се жалеше на недисциплина во играта и на многуте грешки, овојпат призна дека се било според договорот. Ѓорчепетровки имаа само 10 загубени топки и висок процент на реализација. - Победија девојките. Имаа поголемо срце, желба, борбеност. Одбраната ја одиграа како што треба. Задоволен сум што сите во клубот и луѓето во Македонија се среќни за оваа титула, заедно со нас, кои напорно работевме цела сезона. Од првиот ден поверував дека ќе бидеме прваци. Имавме прилика и ја искористивме. И болни, повредени - девојките издржаа до крај - изјави Панов.

ХЕРЗ само во 6 мин. успеа да израмни на 2-2, а потоа Кометал ЃП постојано беше во водство. Неколкупати во текот на мечот пропушти да направи разлика со која ќе му се одлепи на противникот. Прво на 12-8 беше нереализиран напад, а потоа и на 16-12. Но, и покрај тоа, до крај ја одржуваше разлика што им ја носеше титулата. По исклучувањата на Велкова и Ферзалиева во 57. минута, при резултат 25-19, за момент се почувствува загриженост да не се случи нешто непредвидено, бидејќи Бењат и Мравикова набрзина постигнаа два гола. Будимир ја запечати судбината на гостите, постигнувајќи гол во последната минута за победа од 26-22.

Кометал ЃП - ХЕРЗ Ференцварош 26-22 (12-10)

Сала во СРЦ "Кале". Гледачи околу 3.000. Судии: Кохут и Долејц и двајцата од Чешка. Делегат: Јозеф Амбруш од Словачка.

Кометал Ѓорче Петров: Дину (одбрани 16 удари и 3 седмерци), Нацева, Плошнинска, Калиниченко, Кастратовиќ 10 (1/2), Платон 1, Велкова 1, Бујанова 4 (2/4), Чупиќ, Будимир 2 (0/1), Ферзалиева 2, Андрушенко, Малахова 6, Златановска. Тренер: Александар Панов. Седмерци: 3/7. Исклучувања: 12 мин. (Калиниченко, Платон, Велкова, Бујанова, Ферзалиева, Малахова). Загубени топки: 10.

ХЕРЗ Ференцварош: Миклосова, Сугар (одбрани 7 удари и 4 седмерци), Петрович, Паштровик, Падар 3, Кирснер 3, Мравикова 3, Падар, Т.Тот, Ковач 1, Шити 2, Лови 2, Бењот 4, Фаркаш 4. Тренер: Андраш Немет. Седмерци: 2/5. Исклучувања: 8 мин. (Ковач х2, Шити, Фаркаш). Загубени топки: 11.
После големата победа над Шлагелсе, кога примивме само 12 гола:
РАКОМЕТ, ЛИГА НА ШАМПИОНИ - КОМЕТАЛ ЃП ГО ШОКИРАШЕ СЛАГЕЛСЕ
Малку се два бода за ваква победа
Има ли поголемо задоволство од победа над европски првак? Има. Тој да се дотолчи, понижи, доведе до состојба на безнадежност. И, како што по мечот оцени спонзорот Трифун Костовски: "Ние вечерва не го победивме Слаг


КОМЕТАЛ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ - СЛАГЕЛСЕ 20:12 (9:4)
СКОПЈЕ. - СРЦ "Кале". Гледачи: 3.000. Судии: Флајш и Рибер (Германија).
КОМЕТАЛ ЃП: Колесник, Борисенко (12 одбранети удари+3 седмерци), Радченко 3, Кастратовиќ 5 (1-0), Платон-Димовска 3, Младеновиќ, Бујанова 2 (1-1), Озел 4 (1-0), Аморин, Пецевска, Цигица 1, Тодоровска 2, Партјанко, Боева.
Седмерци: 3-1. Исклучувања: 10 мин. (Партјанко 4, Платон-Димовска, Боева и Пецевска по 2).
СЛАГЕЛСЕ: Шмит (1), Легангер (15+1), Мелгорд 3, Лунгу 2 (2-1), Лофт, Хефнер, Мелер, Клиукаите, Херлике 4 (1-1), Фридрикас (1-0), Савиќ 1, Поповиќ 2 (2-0), Кристијансен, Мадсен.
Седмерци: 6-2. Исклучувања: 8 мин. (Мадсен 4, Савиќ и Поповиќ по 2).

Има ли поголемо задоволство од победа над европски првак? Има. Тој да се дотолчи, понижи, доведе до состојба на безнадежност. И, како што по мечот оцени спонзорот Трифун Костовски: "Ние вечерва не го победивме Слагелсе, ние го ничкосавме". Слагелсе се посрамоти како никој досега во "Кале". Никој во "Кале" не се сеќаваше ниту кога некој противник бил сопрен со ваква одбрана. Дури ниту трите легенди на ѓорчепетровки, Нацева, Велкова и Чупиќ, кои пред оваа средба за последен пат излегоа на паркетот, но по мечот признаа дека ова ги потсети на еден друг волшебен момент од аналите на македонскиот ракомет, кога пред осум години ја шокиравме тогаш недопирливата Данска на СП во Германија.
Каков е тој дримтим кој си дозволува луксуз, во просек, да постигнува по еден гол на секои пет минути? Каков и секој друг: збир на првокласни индивидуалци кои што се губат во дуелите со екипи кои го оставаат срцето на теренот, на кои мотивот им е погонско гориво.
- Едноставно, изгинавме на паркетот, но имам чувство и дека Данките малку не потценија. И покрај тоа што сите 14 игравме како една, не можам, а да не ја издвојам Борисенко, која секогаш не креваше од мртвите. А, кога голманот брани добро, тогаш се штима - вели Индира Кастратовиќ.
Четиринаесет минути мрежата на Борисенко мируваше како маѓепсана. Како топките што ги упатуваа овие голгетерки од светска класа да бегаа од неа. Тренерот на ѓорчепетровки, Андреј Портној, доследно се придржуваше до својот најавен план и не и дозволи на Бојана Поповиќ ниту да трепне без знаењето на Озел. Капитенот на европскиот првак беше следен во чекор, додека Радченко со подеднаква ефикасност и се залепи на Херлике. Како да им ги скршивме крилјата, гостинките тешко се наоѓаа себеси на овој натпревар (наредија дури 20 технички грешки во текот на мечот). Очајни, безидејни, како да влегле во зоната на самракот. На нивна несреќа, тоа не беше фикција, сон од кој што е доволно само да се разбудиш.
- Слагелсе тешко се приспособуваше на нашите промени во одбраната, 6-0, 5-1, фластер. Особено сум задоволен што ја вративме полуконтрата во нашата игра. И публиката имаше свој удел во оваа величествена победа и затоа и се заблагодарувам за тоа што не носеше - вели Портној.
Цепелинот на Кастратовиќ до Озел беше гранде финале на претставата во која публиката им се поклони на актерките. Оние главните, зашто статистите немаа доблест да се појават ниту на редовната прес-конференција по мечот, со неубедлив изговор дека треба да фатат авион, зашто аеродромот се затворал во десет часот (!?). Публиката во СРЦ "Кале" и сведочеше на ретката можност еден европски првак да не може во очи да ја погледне. А, ѓорчепетровки повторно ја враќаат традицијата на орото на ракометните терени. Само што овој пат ороводец им беше лично Трифун Костовски.
- Ова е вистинскиот приод кон дресот на својата екипа и вистински пат кон врвот. Овој меч покажа дека сме зрела екипа, која има многу знаење, желба и искуство. Доколку оваа игра ја повториме и на следните мечеви, резултатите ќе дојдат сами по себе - вели Трифун Костовски.
Во вториот меч од Ц-групата, Лада пред своите гледачи го совлада Мотор со 26:21, а во другите мечеви: Б-група: Нордстранд-Виборг 14:29, Хипо-Динамо АКВА 31:25; Д-група: Орсан Елда Престиџо-Крим 25:30, ДИН-Тертнес 24:25.
Г. Конев

***

Само Башараж постигнал помалку голови

Слагелсе за само еден гол не го израмни неславниот рекорд на Башараж на најмалку постигнати голови на мечевите од еврокуповите во Македонија. Луксембуржанките во сезоната 1999/2000 постигнаа само 11 гола против Кометал ЃП во квалификациите за ЛШ, но колку ниско падна Слагелсе кога се најде во ситуација да биде споредуван со еден Башараж. Претходно, во сезоната 1996/97, и Јафа промет во Купот на ЕХФ прими само 11 гола од белградски Партизан.
Ѓорчепетровки бездруго не забораваат дека и тие во својата клупска историја имаат два тешки пораза со само 12 постигнати гола: во 1994 година против Виза свифт и три сезони подоцна против Хипо.
И настапот на филијалата Еуостандард, кога за влакно не успеа да влезе во ЛШ. Ех ќе имавме за малце две екипи во ЛШ тогаш :( После дотуркаа ми се чини до четврт финале на купот на ЕХФ.
РАКОМЕТ - КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛШ, ЖЕНИ
Шампионската лига избега за 13 секунди
Иако водеше и со 4 разлика, а во последната минута имаше и резултат за пласман во ЛШ, во финишот вториот тим на Кометал ЃП прими гол, па ќе игра во Купот на ЕХФ
Младиот тим на Еуростандард Ѓорче Петров ќе ги продолжи натпреварите во Купот на ЕХФ, во 3. коло, откако завчера не успеа да ја анулира негативата од два гола разлика и да се пласира во ракометната Лига на шампионки (ЛШ). Иако вчера Еуростандард ЃП го победи Монтекс Лублин од Полска со 26-25, во првиот меч во саботата загубија 23-25, така што оваа победа практично не им значеше ништо.

На 13 секунди пред крајот на мечот, кога водеа 26-24, резултат што ги носеше во една од групите од ЛШ, чија ждрепка е денеска во Виена, тие останаа без две ракометарки во поле. Кога никој не внимаваше на Рола, таа си најде позиција и шутираше за конечен резултат 25-26. За Рола тоа беше прв и единствен гол на двомечот, кој викендов се играше во Скопје. И Монтекс и Еуростандард на 45 секунди пред крајот останаа без една ракометарка, кога беа исклучени Дамецка и Мечевска, за потоа, кога Полјачките го имаа последниот напад, две минути казна да заработи и Црвенковска.

За разлика од првата средба, оваа во неделата беше многу поквалитетна, а младите скопјанки прикажаа многу подобра игра и подобра реализација. Во текот на целиот меч водеа, имаа и предност од 4 гола, а Монтекс првиот гол во вториот дел го постигнаа во 39. минута. За десетина минути резултатот беше израмнет, 20-20.

- Двомечот го загубивме во првиот натпревар, кога имавме повеќе грешки. Во вториот дел одигравме како што се договоривме - изјави Ангел Велков, помошник-тренер во Еуростандард ЃП.

Мотор Запорожје, Дин Класик, Хипо Виена, Монтекс Лублин, Ел Осито Валенсија, Икаст Бординг, МЈЦ Трир и ФТЦ Будимпешта се осумте екипи што обезбедија учество во натпреварите по групи во ЛШ. Викендов тие ги одиграа реванш-натпреварите од двомечевите и денеска влегуваат во барабанот. Таму веќе ги чекаат: бранителот на титулата европски шампион Крим Љубљана, Дунафер, Кометал ЃП, Елда, Будуќност Монет, Ларвик, Лада Тољати и Шлагелсе.

Андријана Будимир, ракометарката што летово го напушти Кометал ЃП за да ја продолжи кариерата во Подравка Вегета од Копривница, нема да игра годинава во ЛШ. Нејзиниот тим беше убедливо поразен од Икаст Бординг 32-44 и 21-26. Сите поразени екипи ги продолжуваат натпреварите во 3. коло од Купот на ЕХФ.

Сала "СРЦ Кале" во Скопје. Гледачи: 1.500. Судии: Плеса и Карлигану (од Романија). Делегат: Иванчев (Бугарија).

Монтекс: Чемич (17 одбрани и 1 седмерец), Александрович 2, Малчевска 1, Марчук, Дамецка 4, Рола 1, Мајерек 5, Жигилска, Силантијева 5, Хипнарович, Вожњак, Луберецка 2, Волска 5, Пјержала. Седмерци: нема. Исклучувања: 14 минути (Силантијева, Луберецка х2, Волска х2, Дамецка х2). Тренер: Јанковски.

Еуростандард ЃП: Зашовска (6 одбрани), Диневска (1 одбрана), Радончиќ (5 одбрани), Мечевска 2, Партенко 6 (0/1), Златановска 5, Илкова, Коцевска 5 (2/2), Насевска, Пецевска 1, Новевска 4, Аморин (0/1), Ристовска, Црвенковска 3. Седмерци: 2/4. Исклучувања: 10 минути (Златановска, Црвенковска х2, Аморин, Мечевска ). Тренер: Ваналович.

* Ракометарките на Вардар и во вториот меч од 2. коло од Купот на ЕХФ загубија од грчкиот Јониас, овојпат 12-30 и не успеаја да се пласираат во 3. коло. Скопјанки и двата меча ги играа во Атина, а во првата средба загубија 21-28.

* Резултати од 6. коло од Суперлигата во женска конкуренција: Кометал ЃП - Борец 33-18, Пелистер М. - Куманово 31-39, Олимпик - Млаз 20-19, Скопје - Гевгелја 37-19.

Табела: Кометал ЃП 18, ТК Бренд (-1) 12, Вардар (-1) 12, Еуростандард ЃП (-1) 12, Куманово 12, Борец Т. 9, Стружанка (-1) 9, Олимпик Аеродром 4, Скопје 4, Пелистер М. 3, Млаз и Гевгелија 0.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Коцевска 5 гола :D E тоа беа надежни ракометарки, со желба да се покажат и да изиграат што подобро. Убаво си напишав, пред пет години играа многу подобро од денес.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
и тоа пази го составот на Еуростандард:

Еуростандард ЃП: Зашовска (6 одбрани), Диневска (1 одбрана), Радончиќ (5 одбрани), Мечевска 2, Партенко 6 (0/1), Златановска 5, Илкова, Коцевска 5 (2/2), Насевска, Пецевска 1, Новевска 4, Аморин (0/1), Ристовска, Црвенковска 3. Седмерци: 2/4. Исклучувања: 10 минути (Златановска, Црвенковска х2, Аморин, Мечевска ). Тренер: Ваналович.
:cuc:

п.с. кога сме веќе кај ова:

http://skok.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=218

п.п.с. Скок, тоа беше списанието бе! :cool:
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
За жал нема архива од дневниот весник Скок :(
Списаниево имк беше само бледа сенка :(
и јас на дневниот весник мислев бе. Времињата кога Македонски спорт се купуваше само ако се продало Скок. :)
 
B

BBlisto

Гостин
Ја гледам темава отворена после толку време, си реков Трифун пак зборел нешто дека ќе се враќа:D
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Скок беше поефтин, за тоа се купуваше .:D
скок беше првиот спортски весник и најпрво беше неделник, секоја среда чекав пред киоскот на Нова Македонија :) А после се појавија Мак. Спорт и го сјебаа целосно, па се трансформираа во дневен весник, па ги снема, се вратија како неделник и пак ги снема. Исто, често купував и југословенско Темпо, баш ме интересира дали постојат уште, добри беа.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.694
Состав на екипата на Ѓорче Петров која 1991 година играше во Првата лига на поранешна Југославија.
1. Владимир Радиќ: Професор по физичко воспитување. Денес е тренер на ЖРК Ѓорче Петров 2. Николина Трајановска: голман. Во Ѓорче Петров дојде од Кичево. Две сезони беше во клубот, бранеше и за Скопје.
3. Лиле Христовска -Една од најдобрите ракометарки во Македонија во тоа време. Во поранешна Југославија беше единственана од Македонија која играше за младинската репрезентација на Југославија и неколку пати беше на подготовки и за сениорската. Откако не доби исписница од Кометал Ѓорче Петров замина за Германија каде е омажена и денес живее. Репрезентативка на Македонија. Играше и во европските купови за Ѓорче Петров 1993 година.
4. Билјана Трпчевска -Една од најстандардните ракометарки на Ѓорче Петров. Одлично крило. Поради факултетот, го напушти многу рано ракометот. Дипломиран економист. Играше за репрезентацијата на Македонија.
5. Тања Спасиќ -Еден од најдобрите "пикери" во Македонија, голгетер на клубот. Без неа не можеше да се замисли екипата. Репрезентативка на Македонија, денес е далеку од ракометот.
6. Лидија Спасовска -Играше на позицијата центар. И таа беше во составот на Ѓорче Петров на првиот меч во Купот на Европа 1993 година, против Виза Свифт.
7. Билјана Наумовска -Во Кометал дојде од Прилеп. Стандардна репрезентативка на Македонија. Лев бек, ракометарка со силен шут.
8. Душица Николиќ -Одличен голман, која со своите одбрани му донесе многу победи на Ѓорче Петров. Бранеше за Вардар и за Млаз од Богданци.
9. Дана Филиповска- Спортската кариера ја почна како фудбалерка на Единство од Скопје. Играше фудбал и во Првата женска лига и ракомет во Првата лига на поранешна Југославија. За Ѓорче Петров, подоцна Кометал, има постигнато многу голови. Играше и во европските купови, репрезентативка на Македонија.
10. Мелиха Абдуловска -Брза, пробивна, незадржлива. Такво беше мислењето за оваа одлична ракометарка, кој настапуваше на првите натпревари за репрезентацијата на Македонија. Денес работи во Царинската управа на Македонија.
11. Ленче Петровска -Лев бек. Организатор на играта на Ѓорче Петров. Според општото мислење рано ја завршиле спортската кариера. И Петровска играше за репрезентацијата на Македонија.
12. Билјана Паниќ - Не беше во стандардната "седморка", но секогаш подготвена да влезе кога беше најжешко, кога се "кршеше" резултатот, и некоја клучна ракометарка требаше да се одмори.
13. Драгана Вукобратовиќ - Беше прва ракометарка од поранешните Ју-простори која дојде да игра за Ѓорче Петров и играше во Првата лига како големо засилување. Беше дојдена од титоградска Будуќност.

Дана Филиповска човече:icon_mrgr:
http://rakomet.weebly.com/9/post/2013/08/-1991.html
 

Kajgana Shop

На врв Bottom