Фан клуб: РК Ѓорче Петров

Член од
30 мај 2019
Мислења
1.855
Поени од реакции
3.325
18 години од првиот шампионски успех на Македонија во овој спорт! Се сеќавам на тоа финале, се знаеше дека ќе ги победиме. Клучна беше утакмицата со Ларвик во Скопје во полуфиналето и тоа во првите 10 минути му направивме +7 и им ја анулиравме разликата. Не беше Кометал некој прејак тим, ама доволно јак и со многу срце! :cool:
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Хм, можеби не беше најсилниот тим, но сигурно беше во топ 3. Единствено Хипо или Шлагелсе на периоди беа подобри... Но се сложувам дека беа послаби од ЖРК Вардар и да беше тој систем во кој играше Кометал, сигурно ќе освоеја миниум 3 титули.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.897
Поени од реакции
84.268
Ѓунар Прокоп :duel:
 
Член од
6 мај 2021
Мислења
699
Поени од реакции
1.290
Член од
19 мај 2021
Мислења
1
Поени од реакции
0
има ли видео од ракометните натпревари Кометал од сезоната 1997/98, ви благодарам
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.624
Дали може да се најде видео од инцидентот во Скопје со Гунар Прокоп, кога беше суспендиран Кометал (Ако добро памтам)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.658
Дали може да се најде видео од инцидентот во Скопје со Гунар Прокоп, кога беше суспендиран Кометал (Ако добро памтам)
Го тргаа цело време ради violations of бла бла. Имаше на некое видео од Комити, исечок од боксот на нашиот член, ама ќе треба детално да се побара по видеата од прославите...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.658
Интересно интервју со Тања Логвин од пред 5 години, кое сега ми налета да го прочитам.
Да се знае колку луѓето беа гладни за успеси во тој период.


Легендарната ракометарка Тања Логвин, своевремено беше чест гостин на Кометал Ѓорче Петров во Скопје со нејзиниот Хипо Банка. Австрискиот тим, поради блиските релации на сопственикот Гунар Прокоп со челниците на ЕХФ, важеше за најпривилегираните клубови во историјата на Лигата на шампионите.

Кометал се сретна со Хипо во финалниот двобој во 2000 година. На првиот дуел во Виена, Хипо славеше со 32-23, а имаше голема помош од судиите, додека во реваншот издржа во преполното „Кале“ и загуби“ само со два гола разлика, 25-23. Логвин се присетува на моменти од финалето во Скопје и на ривалството со Кометал.

„Проблеми најчесто имаше во Скопје. Кометал беше нашиот најголем ривал. Клубот навистина ме посакуваше да дојдам таму. Во финалето на Лигата на шампионите во 2000 година, можам да кажам дека игравме на 10 квадратни метри. 130 војници ја чуваа салата „Кале“. Јас дури имам фотографија каде што еден новинар ме покрива со своите раце да не настрадам. Насекаде летаа запалки, метални пари, жилети…Хорор, кошмар! Чувствуваш дека милион луѓе те плукаат, па моравме да стоиме на центарот. Публиката дури извади транспарент на кој пишуваше дека мојата колешка Станка Божовиќ е лесна девојка. Кога ја освоивме титулата, ние не останавме на теренот. Веднаш побегнавме со трофејот во соблекувалната. Гледачите беа лути и бесни ни нас, а Кометал беше казнет“, вели Логвин.

Поранешната репрезентативка на Австрија вели дека таа и нејзините колешки од Хипо пред реваншот во Скопје од финалето на ЛШ биле мета на безброј телефонски повици и на поткуп.

„Пред финалето, почнаа да ми се јавуваат странци. Јас дури морав да го исклучам телефонот и да го променам бројот. Ми се јавуваа во еден или два по полноќ, дишеа во слушалка и ме прашуваа чудни прашања: Дали мајка ти спие? Со каков лак се лакира? Тоа беше вистински терор. Пробаа да не поткупат. Јас и Аусра Фридрикаш, како и нашите сопрузи добија непристојни предлози, ни се нудеше голема сума на пари за да не одиме во Скопје или да играме лошо. Ниту Гунар Прокоп не можеше да биде мирен. Тој патуваше со двајца бодигарди во Скопје бидејќи добиваше закани дека ако отиде во Скопје, нема да се врати жив назад. Но тој беше вистински професионалец и дојде на реваншот од финалето“, заврши Логвин.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
4
Поени од реакции
2
zdravo na site. baram videa i sliki od rk kometal gjorce petrov. me fatila nekoja nostalgija za klubot. baram videa i sliki od sezona 1993/94 pa se do zgasnuvanje na klubot. ako nekoj ima nesto ve molam da mi pise. pozdrav
 

Kajgana Shop

На врв Bottom