Пелистер, МЗТ и Амак потенцијални кандидати
Во првата сезона Македонија требаше да има три тима, но Струмица се откажа во последен момент и на нејзино место влета Рилски Спортист, кој потоа ја освои титулата.
Во моментов, лигата треба да има 12 тима. Сигурни се по два македонски, српски, бугарски, романски и црногорски, а по еден од Израел и БиХ. Проблем е што Србите сакаат да го вметнат Металац, кој не е планиран во 12-те. Бугарите имаат четири кандидати: Лукоил Академик, Левски, Черно Море и Рилски спортист, па и тие бараат да имаат три тима, наместо само два. Ако лигата се прошири на 14, а Слобода од Тузла се откаже, Србија и Бугарија сигурно ќе имаат по три екипи, а тогаш на местото на Слобода би можело да се пополни со македонски клуб. Според пласманот на табелата, кандидати за влез во БИБЛ би биле полуфиналистите на плејофот Свислајон Пелистер и МЗТ Скопје, како и Амак СП (четврти во регуларната сезона).