Видео: Ѓоковиќ го научи популарниот тв водител Џеј Ленон да игра оро
Најдобриот тенисер на светото Новак Ѓоковиќ бил гостин во една од емисиите на најпознатиот ТВ водител во САД, Џеј Ленон, а во таа прилика покрај тоа што во разговорот со Ѓоковиќ успеа да дознае нешто повеќе за тенисот и начинот на кој што Србинот успеа да дојде до првото место на светската тениска листа во мечот со Надал на Вимблдон, Ленон на крајот од емисијата успеа да научи дел од балканската традиција, да заигра оро.
Во разговорот Ленон го запраша Србинот и за неговата диета, за која што како што вели Ѓоковиќ не ја милува премногу, затоа што како многупати се почуствувал како да јаде стиропор, а не леб.
Ленон посака да дознае дали навистина има поддршка од политичарите на неговата земја, и дали вистина го сметаат за најголем амбасадор на Србија.
Ѓоковиќ одговори дека можеби е подобро Ленон да дојде во оваа земја да види како едни со други се поддржуваат.