Лани инвестираа 28 милиони во дефанзивец.
Кога Милан ќе инвестира во расен центарфор што ќе постигнува по +20 голови по сезона?
Тоа што треба инвестирање и во напад, не значи дека сето тоа што го напишав не стои. Ромањоли е тема затоа што сега му истекува договорот, па мора да се донесе одлука која ќе влијае на повеќе од една година.
А за тоа што го бараш, се надевам уште во јуни.
А и не мора да постигнува толку, нека врши работа и како Фирмино, па другите нека даваат повеќе голови.
Кој ги знае што планираат, но веројатно Адли е повеќе АМ, отколку за во средина. Не е едноставна работата, како што не ги решија сите проблеми пред овој септември, јас искрено не верувам ни за следната сезона.
Некои работи не ги завршија добро на време, како за Кеси и сега тоа ќе си има последици.
Нешто мора да се земе квалитетно во напад, крило или напаѓач, со Адли и Брахим не сум сигурен дека ќе бараат полушпиц, кога има и други позиции што се проблематични. Или ќе гледаат што им е полесно да најдат, па во зависност од тоа ќе одлучат каде да го форсираат Адли.
Под квалитетно решение не мислам на Белоти. Многу тешко да најдеш центрафор што ќе гарантира +20 голови, а да може Милан да си го дозволи. Ќе треба и како претходниот трансфер рок да бараат крило што е и креативно, па го избраа тој Фавр, но сега новиот избор треба да го донесат, а не да завршиме со некој нов Меси.