Абе види, можеме да се заебаваме до утре, али има еден дел многу вистина во ова што Сале го збори.
Иако не се согласувам со све, со една од поентите се согласувам. Раиола никад не преговара за еден играч одделно. Ако има интерес во истиот тим тој ги поврзува преговорите и ги условува едни со други. Тоа ваљда требаше да ни биде јасно коа се појави Урби Емануелсон од никаде во Милан како компензација во којзнае кој договор, кога Родриго Ели беше наводно без пари, а уствари во провизии кон Раиола беше платен скоро 8 милиони во ерата на Галијани и најверојатно како дел од дилот за Балотели. Па чак и при последното продолжување на Донарума коа го шупна брат му во целиот договор со плата од 1 милион по сезона. Невидена и нечуена плата за трет голман све да му изнаебам паразитско.
И извините али нормално е главните играчи као Кеси рецимо во ситуација кога Милан би го имал вториот најплатен играч во Серие А после Роналдо, а тоа е факинг голман, да си побараат фино појачање во платата. Бар Кеси заслужува такво нешто, душата му излезе цела сезона и најверојатно ни е најдобар играч. Сезонава рамо уз рамо со Барела е најдобар средњак во Италија. Хакан не дека толку заслужува али е во таква позиција кајшто му истекува договор и уценува јебига, ама факт е дека платата на топ 3 играчите во тимот има влијание и на следните 5мина на листата.
Јас не би сакал да го изгубиме Донарума без ебан динар, поготово во конкурент во Италија, ама па ако одбива 8 милиони по сезона во една ваква ситуација во светот на фудбалот, на свои 22 години додека лармаше за љубов кон тимот и шлапаше амблеми, а чак ефективно и капитенска трака има во тимот, тогаш брате сретно нека му е. Според мене, секогаш било и секогаш ќе биде - голманот е буквално најзаменливата позиција во еден тим. Се освојуваат големи работи и со само солидни голмани, а од друга страна врвен голман не ти е гарант за никакво освајање.
Факт е дека едно продолжување на договор и плата ќе има влијание и на следните, за тоа Сале е скроз во право. Исто така се согласувам дека Милан и Малдини мора да постават некакви граници и авторитет. Ибра мораше да се договори без разлика на плата, е сеа тоа што агент му е баш Раиола и баш му се поклопи да го има и Донарума во последна сезона од договор, па да уценува, тоа е случајно и скроз друг муабет. Донарума да, заслужува да игра ЛШ, ама ваљда глеа дека Милан има скроз намера да се врати таму, одамна не бил во боља финансиска ситуација, а тој има само ебани 22 години и далеку е од врвот, па и залезот на кариерата како што се понаша во моментов.
Искрено, ако сега пропаднат преговорите и ако Донарума си замине, јас би го одбрал оној издуваниот Мирабели стил и би го бојкотирал Раиола скроз. Би исчистил и расчистил со негови играчи за сва времена. Нека се јебе со Јувентус слободно. Не беше Сер Алекс Фергусон уопште луд кога одлучи уопште да не разговара со него.
Малдини и Масара се во заебана ситуација, јебига. Од една страна се во тесно и сакаат да докажат дека работат и успеваат да ги задржат најдобрите, а од друга се согласуваат со Сале и пазат да не дозволат да ја поместат границата превише, па сите иоле 'битни' играчи да се повампират и да бараат плати коишто немаат намера да им ги даат и со тоа да предизвикаат домино ефект. Затоа се тегнат и со Донарума и со Хакан. А ако се продолжи да се притиска за Ромањоли и Кеси, сигурен сум дека летово пре би ги продале и би зеле играчи со мали плати, отколку да им обезбедат превисоки плати на овие. Као да сакаат да расчистат со ова летовите на Фасоне и Мирабели од корен и да воспостават свој систем. Што и не е за чудење и за лутење. Ипак коа се продужува договор и се нуди плата треба да се имаат предвид и да се ценат правилно сите изминати изиграни сезони, а не само последната или па никако само дел од последната.
После све ова нема да ми е превише криво ни за Хакан ни за Донарума. Според јавниве информации и изјави засеа, појше сум на страната на Малдини во ситуацијава искрено. На почетокот ми беше криво ако ги изгубиме без пари, ама како што поминува времево се помалку некако. Имајќи ги моменталниве околности, игри, константност и квалитет предвид, за Донарума на 22 години се сасвим доволно 8 милиони, а за туркот 5. За појше нека играат на друго место, па ќе ги видиме дали заслужиле и како им се погодило, здравје.