Замисли среден ред од Кеси, Дијавара и Бакајоко. Оди распознај ги на тв пренос. Дијавара е играч пасер, редовно има над 90% точни додавања, ама е сивоња и не е замена за Биља, не е тип на играч кој во моментов би го решил проблемот со креирање на игра. Што знам, тоа е многу заебана позиција, ептен треба да упецаш играч за да ти се погоди, а и јануари е заебан период за квалитетно купување, треба среќа да се има. Ако е прескап Паредеш, јас би пробал во Ла Лига некаде, има таму играчи као Тригерош или нешто слично што може да заврши работа. Или да оној Хектор Ерера од Порто, му истекува договорот на лето, евтино може да се земе ваљда. Друга варијанта се незадоволни играчи, грејачи на клупа од тешкашиве од Премиер Лига, као Фабињо, ако е веродостојно она што се пишува или некој трансфер налик на она Интер со Рафиња лани што го напраи.
Со срце чекам Конти да се врати значи. Дај барем со една нога нека игра, секако е бољи од Абате значи. И верувајте ми! Абате има црна маџија фрлено на Милан. Кога тој нема да биде во ростер, таа црна маџија ќе се тргне и све ќе разелени, ќе огрее сонце, ќе тргне на подобро. Абате ти е нешто као прстенот што го носеше Фродо на врат, као хоркруксите во Хари Потер. Тој на кого се обесени е обвиен со темнина, демонот е во него, ја цица енергијата. Јас ќе частам коа тоа мртво копиле ќе си замине, она што тој го праи не е достојно за Серие Ц, за Монца, а камо ли за Милан.
Чисто како податок, Родриго Каио има ЕУ пасош и не би завзел 'странско' место ако се земе во јануари. Ма да, што знам, сумљив играч. Многу обечаваше едно време коа со олимписката репрезентација на Бразил освои злато, ама се изгуби, не знам колку би бил од корист сега.
Мора да се биде паметен во следново меркато. Како да се засили тимот, да се покриат дупките од повредите, а да не се наполни тимот со просеци од кои тешко се чисти. Многу ме интересира како ќе го завршиме пазарот во јануари.
Во солидна позиција сме. Бркаме 4то место, иаме директен дуел со Лацио во Рим, каде мора да се освојат поени, сите дерби ги имаме изиграно, можеме комотно да се држиме стабилно на 4то место, ако си ја глеаме својата работа. Е сеа, ние увек ја усеруваме на полесните натпревари, така да, никад се не зна со нас.
Реално, имајќи ги предвид годинешниве Рома и Лацио, греота е да не избориме и да не се надеваме на 4то место и враќање во ЛШ. А после е друга приказна ваљда.