Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .

Magic Mike

Blessings and Love
Член од
20 септември 2023
Мислења
1.563
Поени од реакции
4.089

Не Леао мора да остане на клупа!
Утре ќе има добра утакмица против медиокритетен клуб од Белгија и ќе се добие лажен впечаток дека Леао е феномен и мора да биде стартер за да повторно се посере на следните утакмици против Наполи и Реал, ќе биде незаинтересиран на теренот па Фонсека пак ќе мора да го седнува на клупа и така во круг.
Не е фер за Окафор беше одличен и покажа многу за само едно полувреме против Уденезе отколку Леао на сите натпревари до сега.
Окафор заслужува да добие стартно место во тимот!
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.215
Поени од реакции
14.482
За Леао се знаеше дека нема две по ред да седи на клупа, некако ми е очекувано, но на некој од следните натпревари би требало пак да е на клупа.

Повеќе сум изненаден што Чуквуезе нема да стартува. Конечно даде гол, изигра нешто, му треба некаков континуитет и така ментално е слаб.

Еден од Окафор и Чуквуезе требаше во прва.

Баш да видиме што состав ќе извади со Болоња и Наполи.



Пресконференциите, општо изјавите, на Фонсека се вистинско освежување. Отворен, стручно, без баналности, за доста работи и директен доста.

Го прашаа за црвениот картон... Прво грешката е кај Павловиќ што истрча да го прати толку, вели Фонсека, што има да оди толку и да ја прими таму тој противничкот играч, нема што многу да прави со неа, има доста фудбалери на Милан, а вака ја растура структурата.

Проблем е што Павловиќ е таков фудбалер, башка доаѓа и од РБ Салзбург, тој ќе беше топ за играта на Пиоли, но не и сега. Требаше поинаков профил на дефанзивец, а и поквалитетен. Вака, осебно со она што знаеме од тоа како оди првенството, Милан направи не баш мала грешка со тоа што ги пушти Калулу, а за милион-два плус го зема Павловиќ.

Јасно кажа Фонсека дека не е за ова што сака да игра и треба да учи, да се прилагодува.

Ова е пропуст на Монкада, одбрана целосно лошо одработена летово. Средина и напад, добри засилувања, но без алтернатива. Од тоа што пробува Фонсека, како и да завртиш фалат фудбалери, на крило или полушпиц (Лофтус тешко можеш да го вклопиш било каде, ако Пулишиќ игра 10ка, само Чуквуезе е десно крило, а нема ни сличен играч да го замени на таа позиција, па постојано мора доста да се менува концепциски, ако игра Мората таму, фали напаѓач). Фали и уште еден во средина, иако тука барем малку е оправдување што Бенасер се повреди.

Во јануари мора да се поправаат тие пропусти. Лофтус и Муса (овој по би го задржил) се трансфери за Пиоли, а место да пробаа барем еден да решат, тие го донесоа и Павловиќ. Кога сме кај одбрана и Томори е тешко прилагодлив и тој е солиден проблем.


Следното лето му истекува договорот на Монкада, ако не донесат друг, нека донесат уште еден квалитетен што ќе работи со него. Особено што сега Милан бара профил на фудбалери кои имаат пониска вредност, а веднаш да донесат резултат, а не таленти кои ќе добиваат шанса и да чекаме да се развијат, што е негов најголем квалитет. Донесе добри фудбалери, погоди со некои трансфери, но се кога ќе се земе, од квалитет, до тоа што му треба на Фонсека, до целосно заокружен тим (прв состав и клупа), не е најдобро завршена работата.


Но, што и да биде од овие две сценарија, тој новиот да не биде биран од Ибра и да постави некој негов близок човек, како што го донесе овој Македонецот.


Ова доколку Кардинале остане во глубот, ако не ќе лета и Ибра.
 
Последно уредено:

Magic Mike

Blessings and Love
Член од
20 септември 2023
Мислења
1.563
Поени од реакции
4.089
Воопшто не ми се допадна тоа што го видов во првото полувреме.
Премногу солирање и без идеја по левата страна,премногу грешки на Фофана и заедно со РЛЧ никако да ја поврзат одбраната со нападот,Мората тотално отсечен.

П.С.Пичишич мајстор на фудбалската игра.
Автоматски споено мислење:

Колку неодговорно копиле е овој Тео па уште и капитенска лента му даваат.

Окафор пред копилето Леао до крајот на сезоната.
 
Последно уредено:
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.532
Поени од реакции
3.688
Првен на клупа, па 30 минути пред крај го вадат, уште неколку вакви утакмици па ќе добива по 30-40 минутажа и за 2-3 сезони ќе го гледаме во Галатасарај или Фенербахче. Да за Леао давам прогноза, кој мисли дека Гвардиола него го чека само..
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.215
Поени од реакции
14.482
И демек случајно поведовме после замените.

Сите ние ќе бидеме тим Саше.


П.С. @Марли , не вреди да се спротивставуваш.:P
 

Magic Mike

Blessings and Love
Член од
20 септември 2023
Мислења
1.563
Поени од реакции
4.089
Нема да правам споредба со Пулишич еве да го земеме Чуквуезе кој игра многу проточно,брзо,лесно и едноставно без многу комплицирање и гледа веднаш да пронајде слободен фудбалер или да асистира,Леао на другата страна игра сосема спротивна игра од таа на Чуквуезе,премногу солирање,комплицирање и губење на топки.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.215
Поени од реакции
14.482
Пулишиќ АМ!!!

Втора опција Мората, трета Рејндерс, Лофтус не смее да биде во комбинација.



Ако и после овој натпревар на некого не му е јасно што значи да имаш организиран тим, а што без структура, кога не се исполнуваат тактички должности, па и со играч повеќе не можеш да воспоставиш контрола, нека најде друга занимација.
 
Член од
23 август 2024
Мислења
48
Поени од реакции
78
Штета што му скинаа гол на малиов,заради вакви моменти е тиња ова варов,едноставно се губи убавината на фудбалот....пола голови на Инзаги беа вакви :icon_lol: Ќе биде синкир нешто од него,ќе извади и Милан јак шпиц конечно.

За натпреваров,мех на Бриж му се тресеа со играч повеќе,Леао уште на Зима нека го пуштат негде,нема да биде ни Сити,ни Реал,Баерн,Барса ама никој не е должен да го гледа кај што се влече и дреме 90мин.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.587
Поени од реакции
17.430
Штета што му скинаа гол на малиов,заради вакви моменти е тиња ова варов,едноставно се губи убавината на фудбалот....пола голови на Инзаги беа вакви :icon_lol: Ќе биде синкир нешто од него,ќе извади и Милан јак шпиц конечно.

За натпреваров,мех на Бриж му се тресеа со играч повеќе,Леао уште на Зима нека го пуштат негде,нема да биде ни Сити,ни Реал,Баерн,Барса ама никој не е должен да го гледа кај што се влече и дреме 90мин.
Па по овај мал мислам тргна и Јувентус летово па имаше најави и закани од Милан. Очигледно вреди малиот чим сите во Серија А чекаа исход на сагата со договорот.
 

Magic Mike

Blessings and Love
Член од
20 септември 2023
Мислења
1.563
Поени од реакции
4.089
Леао не знае поинаку да игра.

На Милан му требаат играчи со ваков став и карактер.
 

Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.730
Поени од реакции
2.822
Решението е впрочем наједноставно. Окафор лево, Пулишиќ АМ и Чук десно. А ако ме прашате за Леао, се гледа дека ја има уште експлозивноста и дриблинзите што ги има, но човекот е премногу индивидуално настроен и тоа на овој тим апсолутно непотребно.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.709
Поени од реакции
49.046
Мојот пулен Фофана имаше грозоморно издание, долг е патот пред него до Франк Кеси.
 

Magic Mike

Blessings and Love
Член од
20 септември 2023
Мислења
1.563
Поени од реакции
4.089
Мојот пулен Фофана имаше грозоморно издание, долг е патот пред него до Франк Кеси.
Фофана направи неколку грешки и сеуште не е на потребното ниво на кое се очекува од него но сепак е потребно неговото присуство на теренот за Милан.
Тој заедно со Рајндерс,Пулишич а многу брзо и Окафор и Чук ќе бидат централни фигури во овој Милан на Фонсека.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom