За Леао се знаеше дека нема две по ред да седи на клупа, некако ми е очекувано, но на некој од следните натпревари би требало пак да е на клупа.
Повеќе сум изненаден што Чуквуезе нема да стартува. Конечно даде гол, изигра нешто, му треба некаков континуитет и така ментално е слаб.
Еден од Окафор и Чуквуезе требаше во прва.
Баш да видиме што состав ќе извади со Болоња и Наполи.
Пресконференциите, општо изјавите, на Фонсека се вистинско освежување. Отворен, стручно, без баналности, за доста работи и директен доста.
Го прашаа за црвениот картон... Прво грешката е кај Павловиќ што истрча да го прати толку, вели Фонсека, што има да оди толку и да ја прими таму тој противничкот играч, нема што многу да прави со неа, има доста фудбалери на Милан, а вака ја растура структурата.
Проблем е што Павловиќ е таков фудбалер, башка доаѓа и од РБ Салзбург, тој ќе беше топ за играта на Пиоли, но не и сега. Требаше поинаков профил на дефанзивец, а и поквалитетен. Вака, осебно со она што знаеме од тоа како оди првенството, Милан направи не баш мала грешка со тоа што ги пушти Калулу, а за милион-два плус го зема Павловиќ.
Јасно кажа Фонсека дека не е за ова што сака да игра и треба да учи, да се прилагодува.
Ова е пропуст на Монкада, одбрана целосно лошо одработена летово. Средина и напад, добри засилувања, но без алтернатива. Од тоа што пробува Фонсека, како и да завртиш фалат фудбалери, на крило или полушпиц (Лофтус тешко можеш да го вклопиш било каде, ако Пулишиќ игра 10ка, само Чуквуезе е десно крило, а нема ни сличен играч да го замени на таа позиција, па постојано мора доста да се менува концепциски, ако игра Мората таму, фали напаѓач). Фали и уште еден во средина, иако тука барем малку е оправдување што Бенасер се повреди.
Во јануари мора да се поправаат тие пропусти. Лофтус и Муса (овој по би го задржил) се трансфери за Пиоли, а место да пробаа барем еден да решат, тие го донесоа и Павловиќ. Кога сме кај одбрана и Томори е тешко прилагодлив и тој е солиден проблем.
Следното лето му истекува договорот на Монкада, ако не донесат друг, нека донесат уште еден квалитетен што ќе работи со него. Особено што сега Милан бара профил на фудбалери кои имаат пониска вредност, а веднаш да донесат резултат, а не таленти кои ќе добиваат шанса и да чекаме да се развијат, што е негов најголем квалитет. Донесе добри фудбалери, погоди со некои трансфери, но се кога ќе се земе, од квалитет, до тоа што му треба на Фонсека, до целосно заокружен тим (прв состав и клупа), не е најдобро завршена работата.
Но, што и да биде од овие две сценарија, тој новиот да не биде биран од Ибра и да постави некој негов близок човек, како што го донесе овој Македонецот.
Ова доколку Кардинале остане во глубот, ако не ќе лета и Ибра.