Ако гледаме резултати од Serie A, 11 поена на 7 меча, 1.57 по натпревар, не го прави нешто многу подобар, освен од копачот Џампаоли и тренерскиот маг Филипо Инзаги. Спинувај колку сакаш, бројките се тие.
Фонсека не смееше да биде тренер на Милан ако имаа сериозни амбиции (читај борба за скудето), а уште помалце Ибра за прецедник или директор или штогод и да е.
Еве спинувам, со коментар во кој пишувам дека не сум задоволен од Фонсека кога е во прашање играта на Милан, што е и најважно. Во одредени сегменти има подобрување, но вкупниот впечаток не е добар.
Дури и да имаше Милан некој бод плус, а тоа не беше толку нереално, истото ќе го напишев. Не се водам само по резултати, особено кого станува збор за мал број на натпревари, па со една победа си при врвот, со пораз некаде на средина на табелата.
Ниту пак бев за него кога го донесоа (иако не мислам дека е лош тренер), општо, не ми се допаѓаше ни како го водеа процесот околу изборот на новиот тренер.
Потоа важен е и распоредот, а од овие другиве не се ни сеќавам дали имаа европски натпревари, па дури и ваква некоја споредба да се направи, треба да се земат нивните први 7, а не 9 натпревари во првенството. Иако немам појма какви би биле бројките, може и уште повеќе на штета на Фонсека, но еве само како уште еден доказ за погрешниот пристап.
Збориме за мал број на натпревари, па една победа те прави најдобар или најлош, исто како што уште не е голема разликита ниту во првенството и помеѓу првиот и десетиот. Па, овој, најлошиот тренер на Милан има само три бода помалку од Инзаги, а два од Мота. И сега треба да се фатиме за ова и плус победата во дербито, после 6 порази, па да продаваме сосема поинаква приказна?!
Но, тоа би било погрешно, исто како и на таа статистика на која реагирав. Како што и тоа дека не смеел да дојде во Милан е изнасилен муабет, демек Инзаги дојде како неверојатно успешен тренер во Интер. А имало и милион случаи каде докажани или талентирани тренери, кои што ветувале многу, потоа доживувале неуспех на друго место, па на трето се покажале добро или милион други комбинации.