Фан клуб: Милан

Саше?

  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.212
Поени од реакции
14.482
Пишуваат дека место Тео ќе игра Терачано, јас би сакал Павловиќ да покрие таму.

Иако не сум многу задоволен од Фонсека кога е во прашање како игра Милан, колкав напредок е направен, дури и во тоа што најчесто биле добри неговите тимови, добар билд ап, справување со пресинг и контролирање посед.

Но, ова уште еден типичен пример кога медиумите манипулираат со бројките.

Ниту еден од другите немале натпревари во ЛШ, па уште и против силни противници како Ливерпул и Баер Леверкузен.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.013
Поени од реакции
9.677

Ако гледаме резултати од Serie A, 11 поена на 7 меча, 1.57 по натпревар, не го прави нешто многу подобар, освен од копачот Џампаоли и тренерскиот маг Филипо Инзаги. Спинувај колку сакаш, бројките се тие. :) Фонсека не смееше да биде тренер на Милан ако имаа сериозни амбиции (читај борба за скудето), а уште помалце Ибра за прецедник или директор или штогод и да е.
 
Еве спинувам, со коментар во кој пишувам дека не сум задоволен од Фонсека кога е во прашање играта на Милан, што е и најважно. Во одредени сегменти има подобрување, но вкупниот впечаток не е добар.

Дури и да имаше Милан некој бод плус, а тоа не беше толку нереално, истото ќе го напишев. Не се водам само по резултати, особено кого станува збор за мал број на натпревари, па со една победа си при врвот, со пораз некаде на средина на табелата.

Ниту пак бев за него кога го донесоа (иако не мислам дека е лош тренер), општо, не ми се допаѓаше ни како го водеа процесот околу изборот на новиот тренер.

Потоа важен е и распоредот, а од овие другиве не се ни сеќавам дали имаа европски натпревари, па дури и ваква некоја споредба да се направи, треба да се земат нивните први 7, а не 9 натпревари во првенството. Иако немам појма какви би биле бројките, може и уште повеќе на штета на Фонсека, но еве само како уште еден доказ за погрешниот пристап.

Збориме за мал број на натпревари, па една победа те прави најдобар или најлош, исто како што уште не е голема разликита ниту во првенството и помеѓу првиот и десетиот. Па, овој, најлошиот тренер на Милан има само три бода помалку од Инзаги, а два од Мота. И сега треба да се фатиме за ова и плус победата во дербито, после 6 порази, па да продаваме сосема поинаква приказна?!

Но, тоа би било погрешно, исто како и на таа статистика на која реагирав. Како што и тоа дека не смеел да дојде во Милан е изнасилен муабет, демек Инзаги дојде како неверојатно успешен тренер во Интер. А имало и милион случаи каде докажани или талентирани тренери, кои што ветувале многу, потоа доживувале неуспех на друго место, па на трето се покажале добро или милион други комбинации.
 
Последно уредено:

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.825
Поени од реакции
6.529
Абе штрумф, истиот муабет ко за Македонија пред 10 години, добро изигравме уште бодови да извадевме.

Тој е тој copium, јака дрога нема што.

Мењаш тренер како Пиоли, кој каков и да е сепак освои некако една титула, али сепак си отиде пошо циклусот му заврши. Овие играчи со таков мех тренер тоа им е врвот значи треба некој нов, подобар.

И ти го носиш Фонсека што е poor mans Пиоли.

Значи уместо да идеш напред ти идеш назад, еве и да се погоди Фонсека макс со него имаме гарантирано место у ЛШ, голем кур. Статус кво.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.212
Поени од реакции
14.482
Да, токму ова му фалеше на фан клубов, ајде уште еднаш да започнеме со муабет кој знаеме како ќе заврши и да ги малтретираме другите.:icon_lol:
 
Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.825
Поени од реакции
6.529
Да, токму ова му фалеше на фан клубов, ајде уште еднаш да започнеме со муабет кој знаеме како ќе заврши и да ги малтретираме другите.:icon_lol:
Што од тоа што го пишав не е така?
 
Alen_001

Недозволен тајтл, внимавај.
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.607
Поени од реакции
1.165
Od ostanatite vesti od svetot,Zirkzee se isposra za site pari,najverojatno ke bega na pozajmica uste vo Januari! Bas mi e milo:rolleyes:
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.212
Поени од реакции
14.482
Не знам колку е вистина, а колку медиумите преувеличуваат за судир помеѓу Фонсека и некои фудбалери и дека е близу до отказ поради тоа. Но, доколку е така се помалку сум на страна на тие фудбалери. Такво однесување, постојано барање бебиситерка, потреба некој да им угодува, ако заврши со отказ, вакви работи само ќе се повторат порано или подоцна и со друг тренер.

Ќе дојде друг тренер и ќе трпи такво однесување или овие ќе се поклонат на нов тренер затоа што ќе биде голем авторитет? Не верувам многу во тоа.

Доколку има вистина, би сакал тренерот да победи, но тешко без резултати, а ако е таква атмосферата, тешко да се направат резултати.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom