Уште ова и сум завршил со дербито, а и не поврзано само со дербито, туку и со тоа што следи.
Прво, не е важно дали имаш два напаѓачи, доколку придонесуваат дефанзивно како ретко кој во тимот. Се враќаме на тоа дека најважно е какви карактеристики имаат фудбалерите и каква улога ќе добијат. Можеше да играме и со пет дефанзивци, а дефанзивно да делуваме лошо.
Леао мора да научи да биде тимски играч, доколку сака да биде фудбалер на врвно ниво. Ретко кој тренер ќе го трпи да игра ваков фудбал, каков што тој си замислува, а го доупропасти и Пиоли. И не е проблемот само во извршување на дефанзивните задачи и офанзивно не разбира најдобро што значи фудбал.
Што е до дефанзива, се гледа и дека не разбира, плус недостаток на навики, желба.
Кој тренер и клуб ќе прифати фудбалер поради кој ќе трпи целиот систем, а притоа уште не докажал дека е светска класа, а е во најдобри фудбалски години. Да игра константно како феномен, што би кажале Италијанците, па да правиме и друг муабет. Можеби би поминал во Реал, но мора да си Мбапе?! Други и да го земат, нема многу да го трпат и ќе му дадат некоја споредна улога со тек на време, доколку не се прилагоди или ќе заврши после сезона-две во Саудиска Арабија.
Ако сака да игра озбилен фудбал, мора да научи да биде тимски играч, нема потреба до ниво на Милер, но може барем како Грилиш (пред да почне да се пијанчи и да крене раце од фудбал), кој во Сити пристигна како фудбалер кој игра за себе и е главен во Астон Вила, до фудбалер кој се прилагоди и своите карактеристики ги стави во служба на тимот.
Имаш милион екстра талентирани крила, општо офанзивци, кои се прилагодуваат на систем .
Ако можат Салах, Сака, Вирц, Мусиала, мора и Леао, доколку има нешто во главата.