Си шиба голчиња овој Габиа,хехе сеуште ми изгледа како статик дастер ама го има поминато Таив,Тиав...во списокот на одбранбени. Многу неконзистентна и несигурна одбрана имаме,плус неквалитетна,еден нема да врзе 2-3 натпревари ко што треба по ред,Тео единствено ама тој не ни игра одбрана реално со оглед на тоа колку се троши напред.
За натпреварон вчера,добро изненадување,заслужена победа,со оглед на тоа дека беше дојдена водата до решето и дека беа до ѕид донесени прилично корисна победа. Не викам дека Интер ја пуштија,ама сум 100% сигурен дека не играа 100% ко што можат со тој тим што го имаат,ако изгубеше вчера Милан мислам дека тоа ќе повлечеше некои други социо-економски расплети надвор од спортот како таков кои на никого во Милано не би му одговарале,сепак е тоа јака држава и 80мил народ кој знае кога треба да стисне на кочница и да не се самоуништи меѓусебно,македончето на пример го нема тој осет и затоа сме дојдени таму кај што сме,чисто ко пример го кажувам ова не се пењавете одма на Флечеров
Ме бендиса Фонсека што покажа храброст да смени формација,Берлу ко да му се јави на сон да му каже да игра со 2 напаѓачи,се надевам нема да се упиздари сега после резултатов и да се врати на 4-3-3 со Лече,Леверкузен....
Не ме бендисува што Леао е тотално паднат,не го ни забележив вчера,од Нијанг премиум сега е паднат на ниво Нијанг,не знам што ќе прават со него,одбрана нити играл нити ќе игра,нешто како втор шпиц позади/до Мората некако да видат или на Лето ќе го пратиме Саше да се справи со него и да го истовари во Мајами Пеликанс во замена за нудс од Ноне
Со оглед на тоа дека го частеа Јуве,Калулу за 14мил ова секако би било порационално.
Би рекол ај нека е ова некоја мега пресвртница ама знам дека на крај пак се се сведува на пласман во топ4 и играчи од максимум 20мил па ако ги биде ок ако не чорба,така да едино Тео нека се спаси дур е во прајм,не е фер да му помине кариерата со врв едно Скудето и полуфинале л.ш.