Проблем е што е во прашање конкурент и плус немаат обврска да го купат.
Беа решени да продадат еден од дефанзивците и поради листите. Габиа значи останува поради таа причина, Томори е тежок за продавање, за него мора да,се заинтересира голем клуб и да е подготвен да даде околу 50 милиони. Остануваат Малик и Калулу. До сега не се реализира трансферот на Малик во Њукасл, кој има поголема вредност, па остана Калулу.
Особено откако ништо од нашата желба да го видиме и како десен бек. Фонсека дури и на Салемакерс му даде повеќе простор на таа позиција. Нормално дека и тој има намера да отиде да игра, а не да биде 4? опција за централен и трета за бек.
Не е погоден тајмингот за негова продажба, но ако и следната сезона не игра, а на припреми се виде дека не стои високо во хиерархија, ќе вреди уште помалку.
Околу квалитетите на Малик, Калулу, може да се разговара, кој е подобар и кој може да покаже повеќе во иднина. За мене Малик е поквалитетен, ако би бирал него би го задржал, но ова не е најдобро изведен трансфер. Мала корист има Милан.