Овој е за Аталанта, некој тим така што игра, а и таму ќе треба да се кали.
Не ми се допаѓа ваков тип на дефанзивец, не е чудно, што е најдобар кога Милан не игра ништо и е расуло на терен. Кога се игра организирано, доаѓаат неговите мани до израз.
Уште летово кога го потпишаа не ми се допаѓаше овој трансфер и не ми беше јасно зошто толку запанаа по него, особено откако дојде Фонсека, воопшто не одговара за неговиот фудбал.
Секоја чест за пожртвуваност и дуел игра, но треба многу да се работи со него за да се упристои, а којзнае дали тоа ќе е доволно.
Доколку е вистина дека бил избор на Ибра, работите стануваат појасни.
Од дефанзивците што ги имаме, покрај глупостите што ги правел, само Малик ми се допаѓа. Габија, како дете на клуб, нека остане како една опција, додека не излезе некое ново дете, а и има прогрес кај овој. Друго од одбрана, со се бекови, треба да се продаде или пушти за џабе.
Вклучително и Тео, доколку мисли вака да продолжи. Сакаш во друг клуб, не ти се продолжува договор, среќен пат, но однесувај се како треба додека си во клубот, кој само добро ти донесе.