Фан клуб: Милан

Џампаоло?

  • Вкупно гласачи
    55
  • Гласањето е завршено на .
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.775
Поени од реакции
13.437
Новите договори со Пума и Емирати (од следната година) ќе донесат годишно барем 30 милиони повеќе. Плус има некои ситни спонзорски договори (wefox, konami, bitmex, заедно се околу 20 милиони, плус bmw и уште некои други со нешто ситно) кои влегуваат во овој или во следниот буџет.

Да не губат бесплатно фудбалери и да поминат и следна година група во ЛШ (сезонава ќе имаат и поголеми приходи од посета), Милан по 2023/24 ќе се доближи до 0, би требало испод 20 милиони да е минусот (во зависност од трансфери).

Сега останува да видиме што ново ќе донесе Гери и како планира да се зголемат приходите. За некаде две години ќе се види што може на пократок рок или ќе мора да се чека стадионот.
 
Последно уредено:

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.255
Поени од реакции
5.225

Ништо не може ако они сакаат да не се у минус....не постои клуб што инвестира а не е у минус, Реал, Барса, Сити, ПСЖ, Челзи, Јунајтед.....

Еден играч квалитетен не е под 60-70 миљона плус плата над 100....
 
Јунајтед, Барселона, па и ПСЖ не се позитивен пример. Првите два се пример за лошо работење, ПСЖ е специфичен пример, УЕФА им прогледува низ прсти, јасно е зошто, но и тоа ќе мора до некаде да се промени. Барса бара начин да се спаси, продава и тоа што би требало во иднина да заработи, се надева дека и политички е премногу силна (па и проблематична) за да не и се дозволи поголем пад.

Кај Челзи покриваше Абрамович, беа и казнети, но новите сопственици сигурно не се подготвени за големи загуби.

Клубовите направија големи минуси поради короната, сега пак се блиску околу нула.

Тоа важи дури и за Сити и Реал, кои си ги навел дека работат со големи минуси, а не е така, но и за Ливерпул, Баерн. И повеќето што биле во осетен минус, се трудат да водат политика на самоодржлив клуб, барем да не претеруваат со минусот.

Па така сезоната 2021/22, Баерн ја завршува во плус од 12,7 милиони, Реал е во плус од 10,9 милиони. Ливерпул и во коронашката сезона имаа мал минус од само 10 милиони, кога ќе објават за 21/22 сигурно нема да биде осетно полоша, поверојатно е и поинакво сценарио. Сити во 19/20 имаат минус поголем од 100 милиони, но веќе следната се во плус, да и тие се во плус сезоната 20/21 (и покрај корона), во 2021/22 во плус се 40 милиони.

Меѓу фунансиски проблематични клубови, кои правеа и договор со УЕФА, се Милан, Интер, Јувентус, ПСЖ, Монако, Марсеј. Овие плаќаат и некои казни затоа што не се во рамките на загубите договорени со УЕФА. Тие договори мислам дека се и со цел да не бидат исфрлени од УЕФА натпреварувањата. Сега може да се појават и некои други.

А за брзо време ќе стапи на сила и новото правило, каде што клубот ќе може да троши 70% (прва сезона 90%, но потоа се намалува) од тоа што заработува на плати, трансфери и провизии. Уште еден проблем за италијанските клубови, кои имаат помали приходи.

Во последните неколку сезони, најголемите загуби ги направи корона, а не претерано трошење на трансфери, со некои исклучоци. Се помалку се клубови кои можат да си дозволат сопственици кои покриваат големи минуси, но и тој начин на работење е се потешко изводлив.

ПСЖ е најголемиот исклучок. Челзи со новите сопственици ќе сменат начин на работење.
 
Последно уредено:
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.775
Поени од реакции
13.437
И тие што се на припреми, половина имаат некои проблеми.

Еднаш ги нареков ФК Нежни.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Со тие две шанси што ги имаа за кратко време било кој друг тим ќе дадеше два гола.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.775
Поени од реакции
13.437
Кога ќе прочитам дека Мањан уште е повреден и после три месеци, а не се знае кога ќе се врати, губам желба и да ги гледам, а не да очекувам некаков успех.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.285
Поени од реакции
22.573
Кога ќе прочитам дека Мањан уште е повреден и после три месеци, а не се знае кога ќе се врати, губам желба и да ги гледам, а не да очекувам некаков успех.
Пеналите ако ги бранеше Мањан протв Аргентина сигурно ќе прочиташе барем еден и сигурно ќе одбранеше еден за разлика од Лорис што врска си нема за бранење пенали.

Штета не сме Франција па да имаме 3 постави па ќе мора да го гледаме Татарот.
 
Член од
23 август 2022
Мислења
429
Поени од реакции
763
Денес Enzo Raiola бил во Миланело да преговара со Малдини и Масара за продолжување на договорот на Бенасер.
Enzo барал 4,5 милиони Малдини понудил 3,8 милиони,нема договор преговорите продолжуваат.

Член од
23 август 2022
Мислења
429
Поени од реакции
763
Пиоли ќе го проба CDK како центарфор и ако се покаже дека таа позиција повеќе му одговара мислам дека попаметно е да се потроши тој планиран буџет за напаѓач од 30-40 милиони во друг AM.
 
Член од
16 август 2007
Мислења
1.927
Поени од реакции
1.658

Би било интересно да се следи малиов. Можеби ќе ја има и Милан таа среќа да извади талент од младинска школа.
 
Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.255
Поени од реакции
5.225
Би било интересно да се следи малиов. Можеби ќе ја има и Милан таа среќа да извади талент од младинска школа.
Милан у последниве 10 години има доволно таленти извадени да можеш тим да склопиш...од Долар, Локатели, Калабрија, Побега, Кристанте, Песина...па и Верди, Петања..

Детево мора да добие шанса за 2 години како што доби Долар може и он ќе испадне светска класа....бар на фудбал менаџер :icon_lol:
 
Член од
16 август 2007
Мислења
1.927
Поени од реакции
1.658
Милан у последниве 10 години има доволно таленти извадени да можеш тим да склопиш...од Долар, Локатели, Калабрија, Побега, Кристанте, Песина...па и Верди, Петања..

Детево мора да добие шанса за 2 години како што доби Долар може и он ќе испадне светска класа....бар на фудбал менаџер :icon_lol:
Може лошо се изразив па ајде мала поправка. Ниту еден од горе споменатите освен Донарума не е класа и над просечен фудбалер. Просеци се кои не ги рачунам за класа.
Ако се надеваме малиот да биде 'класа' како Верди и Петања тогаш бадијала муабет тераме.
 
Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.255
Поени од реакции
5.225
Може лошо се изразив па ајде мала поправка. Ниту еден од горе споменатите освен Донарума не е класа и над просечен фудбалер. Просеци се кои не ги рачунам за класа.
Ако се надеваме малиот да биде 'класа' како Верди и Петања тогаш бадијала муабет тераме.
Петања и Верди се далеку од класа али се солидни за калчо, муабетот ми беше дека Милан произведува солидни играчи у последниве 10 години, е сеа неможе секој да биде светска класа али повеќето се ок.

А за овој малиот ја мислам ќе го биде ако е сериозен, според статистиката. Ако влезе у филм ќе заврши у Серие Д.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom