Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.925
Поени од реакции
41.898
Ептен се изгуби Газета. Одма знаат кои се тие 3 големи имиња што ги сака Малдини, Бремер, Санчез и Заниоло.
Ботман веќе не е интересен, па ај Њукасл има нова понуда.
Тој два пати ги одби и им даде до знаење дека не сака кај нив, не чека нас освен ние ако не се откажеме од него.

Од таа изјава дека за да не стои клубот во место мора 3 топ имиња да се донесат, што сите го знаеме тоа, а не верувам дека управата не знае дека се потребни засилувања.
Со тоа прави притисок и да му понудат нов договор.
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.565
Поени од реакции
5.561
Утре вечер навиајте за Монца па да ги гледамо у прва лига Берлускони и Галијани и после очекујте да им дадемо некој чирак ко Коломбо, Малдини, Лазетич...

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk
 

Down

Aloysius Devadander Abercrombie
Член од
4 мај 2012
Мислења
4.073
Поени од реакции
7.033
Утре вечер навиајте за Монца па да ги гледамо у прва лига Берлускони и Галијани и после очекујте да им дадемо некој чирак ко Коломбо, Малдини, Лазетич...

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk
Башка кога ќе ни требаат бодови ке ја наредат.....последно коло Монца да им се падне :icon_lol:
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.510
Поени од реакции
14.959
На Анчелоти се му се врати во Реал. И за изгубена титула што ја намести Јуве, за Депортиво, Ливерпул.


Се што заслужи во Милан, а не освои, му се врати во Реал.

Ај, може и нас почна да не фаќа таа среќа, победнички менталитет, што и да е.


После ова со Реал, нема потреба веќе да се минимизира победничкиот менталитет што го донесе Ибра. Колку и да бев скептичен околу тој наратив, после ова што го направи Реал во ЛШ, веќе сум верник во Ибра кој го донел победничкиот менталитетот и освоивме титула. :D
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.634
Поени од реакции
5.628
Еден малце подолг пост како осврт на се што се случи до сега и што очекувам лично во иднина.


После она фијаско со кинезите и давање клубот во раце на Амерички фонд никад не очекував дека за брзо ќе имаме титула. Не особено после фијаското со Џампаоло и назначувањето на Пиоли, како и бркањето на Бобан од клубот. Осоебно не после оној срамен пораз од 5-0 од Аталанта кој испадна дека е најдобро нешто што можеше му се случи на клубот. Му должам огромно извинување на Падре Пиоли пошто не верував толку во него пред оваа сезона. Мислев е еднодимензионален тренер без никаков план Б. Ама последниве неколку кола особено со играњето на Тонали како додатен шпиц, давањето на подефанзивни задачи на Тео, имплементирањето на господинот Раде Крунич на 10ка, одличното менаџирање на десната страна која ни беше просечна, имплементирањето на Калулу како партнер за штопер на сметка на капитенот, смиреноста и никогаш што не испаничи и секогаш си веруваше во играчите без разлика кој и да игра и љубовта која ја имаа од играчи па се до управа во него ми покажа дека е конечно созреан и спремен за големи работи и достоен за клупата на тим како Милан. Да му го ојачаат тимот ко што треба повторно сум сигурен дека без проблем ќе ја одбрани титулата и ќе стигне подалеку во ЛШ. А доколку паметно се инвестира и во наредни 2 години во тимот мислам дека за 3 сезони конечно повторно можеме да бидеме сведоци на финале ЛШ. Нешто што повеќе од нас го чекаат од 2007, а помладите фанови се разбира прво големо финале.

Да се префрлам сеа на управата во целост. Да почнеме од врвот Сингер и Газидис. Од кога дојдоа си кажаа да не очекуваме големо трошење што повеќето го тумачеа како воопшто дека нема да се троши но не беше вистина. Кога гледаат дека играчот вреди и има потенцијал како случајот со Томори го одврзаа ќесето. Господинот Газидис заврши феноменална работа во делот со спонзорства и приходи на клубот во најтешките моменти во историјата на фудбалот заради короната и немањето приходи од публика. Успеа долгото скоро да го сведе на 0 и да е спремен на идните газди да им остави чист клуб. Има договор до Ноември и не знам дали би го задржале новите сопственеци но би сакал да остане.
Потоа доаѓаат Монкада, Масара и Малдини. Монкада е можеби најдобриот скаут што може да постои последниве години. Неговата проценка за таленти е неверојатна што се докажа со трансферот на Калулу. И он мора по секоја цена да остане. Едноставно мора. Нема подобар од него за таа работа.
Масара е скормен човек тивок не прави галама заслужува голем респект, десна рака за Малдини си работи мирно и знае што и како да направи. И он мора да остане.
ПАОЛО МАЛДИНИ. Што да се каже за овој човек. Ради него најмногу и верував цело време во овој Милан. Па зар има некој друг што подобро отсликува што значи Милан. Човекот во крв му тече ДНК на Милан. Со самата појава многу играчи што не би дошле тука само поради него се достапни. Тео и Бенасер поточно. Многу ме нервираат јадењето трици на рандом ликови тука против него. Никој ама апсолутно никој не сака повеќе од Малдини да овој Милан повторно стане гигант. И е на прав пат. Милан без него ќе биде повторно просечно клубче. Не верувам дека новите газди би си дозволиле да не му продолжат договор. Едноставно не можам си го замислам тоа сценарио. ПРИОРИТЕТ број 1 мора да биде продолжување на договор на Малдини. Не Леао, не Бенасер,не Томори или било кој. Туку Малдини. Доколку остане воопшто нема да ме плаши било кое другои заминување од клубот. Еве веќе почеток на наредна недела чим се потпише договор за продажба на клубот прва работа што сакаат новите газди е да седнат со Малдини и да си ја почнат својата ера со него. Малдни покажа дека нема да купува играчи само колку да потпуни дупка. Доколку нема некој достоен за Милан нема да го земе. И тоа ми се допаѓа многу.


Сега следува тимот. Да започнеме со голманите. Татарушану иако имаше по некој кикс сепак докажа со натпвераот со Интер дека заслужува да е резерва во тимот. Што не е мала работа. Тој период од 2 месеци кај што ни беше повреден Маџик Мајк беше доста клучен за стабилноста и можноста тимот да остане во борба за титула.
Миранте ни крив ни должен си лапна титула. Не изигра ништо пошто немаше потреба така да нема што да се коментира за него.
И доаѓаме до Мајк Мањан. Каква играчина само. Какво голманиште. Одма направи да заборавиме на Доларума. Неговата смиреност , командување на 16никот, знаењето да игра со топка што е пребитно за модерен голман беше клучно за оваа титула и стабилноста на одбраната. Нешто што го немаме од времето на Т.Силва и Неста. И тоа има само 26 години. Нема да згрешам ако кажам дека моментално е број 1 голман во Италија, а не е далеку во тоа и во светски рамки. Се надевам ќе успее тоа да го докаже наредна сеозна и во ЛШ и конечно да стане број 1 голман и во репрезентација. Едноставно заслужува.


Одбраната што да се каже. Клучна за титулата. Оваа титула не ја освоивме дека бевме сјајни напред. Не. Туку дека бевме феноменални назад. Со само 31 примен гол. Да не беше повредата на Мајк мислам дека таа бројка ќе беше и помала. Негде накај 26-7 гола само примени.
Да почене со десната страна. Калабрија и Флоренци. Од Калабрија сум малку разочаран. Можеби најслаба сезона досега и најслаб играч беше во последниов дел од сезоната. Многу лесно го дриблаа на крај и ептен несигурен ми беше. Иако е сосем океј играч и имаше солидна сезона сепак за оваа позиција треба подобар играч.
Флоренци искрено на почеток првите5-6 натпревари апсолутно ништо не изигра. Подпросечен беше. Ама како што помина време се прилагоди подобро и мислам дека на крај требаше и прв постава да биде а не само клупа. Одлична замена е , благороден играч, никад не се курчел и би сакал да го откупат . Особено за смешна сума од 4.5 милиони не смее се пропушти.

Левата страна е Тео. Само Тео. Бало Туре не заслужва ништо. Најлош трансфер сезонава. 0 од играч без мозок.
Ама Тео... Тео е машина. Најдобриот лев бек на денешницава. Воз. Кога ќе тргне нема застанување. Иако сезонава можеби офанзивно му беше најлоша сепак она што беше ептен позитивно колку многу подобрен во дефанзива беше. А и многу подефанзивни задачи имаше сезонава и конечно го достигна оној баланс за модерен лев бек. Продолжи договор плус и само може подобар да биде. Наредна сезона мора се донесе и подобра замена за да може и здив да земе.


Штоперите. Габија просечен. Не е достоен за Милан. Преспор за модерен фудбал. Слободно нека се продаде. Капитенот Ромањоли прво дозволи Томори да му земе место, после и Калулу. Не е лош играч знае да извади добра партија. Не е просек ама не е ни wow. Фала му за се до сега едно време ни беше една од ретките светли точки во тимот. Ако прифати помала плата и да е 3-4 избор супер. Ако не со среќа во Лацио. Кјаер е играч кој премногу го сакам. Многу ми беше жал што тешко се повреди ама на крај и неговата повреда донесе до напредокот на Калулу. Сепак сакам да се врати и да е во тимот наредна сезона. После Ибра он како играч е со огромна важност. Се гледа и повикот за Данска само да биде присутен во тимот сега за лига нации. Следи Калулу. Иако десен бек и низок за штопер дечкото искина како партнер на Томори. Едина лоша утакмица му беше во Купот со Интер. Ама во сите останати не остави на шпицовите да мрднат. Брз модерен штопер. Мада сепак мислам дека треба да се префрли на десен бек пошто не знам како би се снашол во европа со појаките и повисоки напаѓачи. Доаѓаме до БИГ ФИК Томори. Карпа. Многу потсеќа на Тиаго Силва во почетокот. Силен штопер и огормна брзина. Знае и со топка да игра. Инстатно го седна Капитенот на клупа. И за таа сума што го земавме? Смешно денес изгледа. Вреди повеќе од дупло. Нека се среди продажбава нека му дадат нов 5 годишен договор и да си имаме мирна глава. Го сака Милан се навикна перфектно во животот во Италија и освен ако нешто драстично не се случи верувам дека долго долго ќе биде во Милан



Идеме со средината. Бакајоко ептен се радував што го вратија мислев дека ќе успее нешто да повтори од тоа што прв пат го покажа во Милан ама сепак далеку од тој играч е. Мило ми е што бар осети титула со Милан. Го заслужи тоа. Господинот Раде Крунич. Немам зборови за овој играч. Едноставно немам. Кој би рекол дека ќе е клучен за скудетото. Во најбитните наптревари на позиција 10ка искина. Благороден играч кај и да го ставиш ќе игра. Ретки се вакви играчи и мора да остане и да е во тимот. Мора. Бенасер нема среќа со повреди воопшто. Таман ќе почне да игра и оп повреда. А страшен играч е. Многу уште може да понуди. Се надевам наредна сезона нема да има такви проблеми со повреди и конечко ќе докаже дека е врвен играч. Франк Кесие. Што да кажам. Фала му за се што направи до сега за Милан. Не можам нему му замерам за ништо. Т.е Едино што може е за изјавата на почеток на сезона ама ајде ќе му прогледаме и тоа. Испадна до крај професинонален и донесе титула. Штета што ќе си оди огромна штета ама тоа е. Му посакувам се најдобро во Барса.
Сандро Тонали заслужува посебни пофалби. Иако имаше очајна прошла сезона и сите се сомневаа во него ја секад верува. Годинава го видовме правиот Сандро. И тоа сеуште е млад. Ќе биде подобар и подобар. И со изјавите што ги кажа никад нема да прави проблеми за продолжување на договор уште повеќе ме купи. ЕЈ прифати помала плата само за да остане. Се гледа го сака тимот и се ќе направи само за да биде во Милан. Сигурен сум дека он ќе ни биде следна икона. Заслужи нов покачен договор. Што и ќе го добие.

Идеме во офанзивниот дел сега. Да почнам со десната страна. Салемакерс и Месиас. Ништо спектакуларно и мора да се направи апгрејд тука. Мора. Салемакерс не е крило. Нема завршница. Како десен бек ќе искине сигурен сум. Како го пцуев за она промаршување со Наполи што можеше многу не кошта на крај. Не знам. Немам ништо против и да остане и да се продаде. Благороден играч дава се од себе не штети да го имаш во тим. Ама не за десно крило.
Месиас каква приказна. Од каде до каде дојде. Имаше неколку клучни голови и Асистенции. Не е нешто wow ама не е ни толку лош што го правиме. Ама не е ни за прв избор во Шампионски тим. Фала му за се. Ама мислам дека време и да си оди во друга екипа.

Полушпиц позицијата ни е исто болна позиција што мора се појача. За господинот Раде Крунич веќе пишав. Додека Диаз е интересен случај. Почна одлично првите неколку кола после доби корона и го снема. Очаен беше за на крај пак да почне да игра. 2 годишна позајмица е не би одлучувал сега ништо би му дал шанса и наредна сезона да докаже дали заслужува да остане во Милан. Сепак за од клупа не е лоша опција. Ама како и да е треба тука се појачаме секако.


Лево крило. МВП. Рафа Леао. Колку различен играч од лани мајко мила. Конечно се оправи во главата. Талентот никад не беше во сомнеж. Карактерот беше. Ама сезонава конечено експлодираше. Сосема заслужено МВП. Кога нико не можеше ништо да направи напред со еден потег решаваше натпревари. Мора му се продолжи договор. Едноставно мора. Наредна сезона уште подобар ќе биде.
Додека пак Анте Ребич кој за разлика од прошли 2 сезони каде што во вториот дел од сезоната експлодираше сега ништо не направи ни постигна. Со само 3 гола сезонава му беше очајна. Нека се продаде дур држи цена. Никако не си го среди проблемот со главата и оној балкански менталитет. Фала му се за се ама нека се иксешира дур држи вредност.


И доаѓаме до нападот. Оливие Жури. За 1 милион евра. Најдобар трансфер сезонава. Може не се инзвадава голови ама ги даде најбитните. Во скоро сите битни дербиња ги реши натпреварите. Дури и последниов кога најмногу требаше повторно он стапи на сцена. Штета што не е помлад. Ама каде и да оди носи трофеи. Многу потценет играч во цела кариера, а сепак кај и да игра клучен. Има бар уште 1 добра сеознава во него.

И доаѓаме до Златан. Се ова започна со доаѓањето на Златан во тимот. Он е тој што им го наметна победничкиот менталитет на овој млад и зелен тим. Он кога дојде го промени тимот од просечен во шампионски. Кога дојде кажа дека доколку он е во тимот цела сезона ќе се бори за титула и ќе освои. Сите му се смеаа кога го кажа тоа ама сите ги замолкна. Сите мислеа дека егото му стои на патот ама сезонава покажа дека никад нема да стои на патот на тимот и дека знае колку му се можностите. Знае дека не може повеќе да е прв избор. И он мора да продолжи договор. Без разлика на каков договор да се работи мора да биде присутен мора. Не смее да не е. Дали како играч дали како директор еднсотавно мора се да се направи за да остане.



Малце подолг пост ама јбг. Како и да е не очекува интересен период со нови газди. Очекувам тимот да иде напред и да расте. Не верувам дека нови газди ќе лупнат толкава сума на пари само за да го стопираат овој прогрес. Затоа очеквуам наредна недела да средат и со продажба и со договор за Малдини да може конечно да се работи на трансфери и да му се остави среден тим на Пиоли. Потребни се лев бек замена за Тео,штопер место Ромањоли. Средина замена за Кесие иако ќе дојдат Побега и Адли. Десно крило класа, полушпиц класа и млад шпиц ко ќе е спремен за прв тим. Не Лазетич. Ако ова се среди се имаме можност за доминација. Имаме најдобра основа за тоа.


Форца Милан и се надевам наредна сезона повторно ќе славиме титули. Само со подобар успех во европа.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.510
Поени од реакции
14.959

Догодина и за ова ќе наплати.
Да, да. Кои нервози беше и ова, особено што Милан беше подобар на првиот натпревар и требаше со предност са отиде на гостување.


Не знаеш дали да го плукаш Анчелоти или да си му благодарен за тој период.

2003-2007 мораше да се освојат повеќе титули.
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.634
Поени од реакции
5.628
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.527
Поени од реакции
4.706
Bas me interesira kakov ke bide transfer budzetot letovo, 70m prihod imaat samo od ls kvalifikacija i osvojuvanje na skudeto, baska so toa povlece i nov pobogat dogovor so Puma mislam od 13m na 20+2bonusi.

Isto od prodazbata na Hauge ke legnat na kontoto use 12milioni, i so eventualna prodazba na Paqueta Milan ke lapne use 10tina milioni(25% imale od idna prodazba na igracot).

So 150-180 milki mozat da se zabetoriaat na 1 mesto vo Italija so ogled na toa Inter izglea pa ke sitka igraci :pos: (smeski od klub se) a Juve mi se raspasana komanda.

Mislam momentov za vospostavuvanje nekoja dominacija vo domasna liga ne moze da e po idealen.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.925
Поени од реакции
41.898
Сите знаеме дека со неколку трансфери и буџет од 150 мил ќе се доминира во Италија. Без никаква продажба да се покријат тие позиции што треба.

За лигата доволно е да прибереш и искусни играчи како што се Заниоло, Берарди, СМС, Бремер итн.

Не би рекол дека ќе бидат распашани арамиите, ќе приберат некои слободни играчи Погба, Ди Марија и ќе се вратат назад во борба за титула, оваа сезона се вратија топ 4 со еден трансфер.

Екипите кои се бранат со 9 играчи и со кои ние имаме проблеми тие лесно ги победуваат. Оваа сеозна треба да се најде решение за таквите.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
15 oд Хауге, за Победа исто им нуди Торионо 15 али треба Пиоли да се одлучи дали ќе го продаде..искрено ако мислат да соберат некој квалитетни играчи не би било лошо да го продадат иако сека без Ќесето во средина ќе фалат играчи, а и Ренато е доста повреден ако го мислат него за замена.

Малдини има некоја желба за Бремер само ако не ја убрзаат работава сигурно ќе го лапнат.
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.140
15 oд Хауге, за Победа исто им нуди Торионо 15 али треба Пиоли да се одлучи дали ќе го продаде..искрено ако мислат да соберат некој квалитетни играчи не би било лошо да го продадат иако сека без Ќесето во средина ќе фалат играчи, а и Ренато е доста повреден ако го мислат него за замена.

Малдини има некоја желба за Бремер само ако не ја убрзаат работава сигурно ќе го лапнат.
Бакајоко е на две годишна позајмица со услов после одреден број на настапи Милан има обврска да го откупи од Челзи за 15 милиони но Милан очигледно нема намера да го направи тоа и затоа Пиоли воопшто не го ни играше.Ми мириса дека ќе биде прекината позајмицата а Побега ќе биде вратен како замена за Бакајоко во ростерот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom