Kаква е језива темава за читање со едните исти муабети со немање 10ка, Кеси ќе играл на неприродна позиција денес, Малдини направил грешка..
Свака част, да не успееш да уживаш во ова што го прави екипава моментално е доста интересна појава.
Изври човекот на Хм хм, господинот воин Алесандро Флоренци!
Не сакам да се хајпам се уште, мислам дека не чека пеколен дуел со Аталанта, не гледам како и зашо не би играле или гинеле против нас ама сакам да изиграме храбро и без респект како и до сега, едноставно ќе мора да се победи пред преполн Сан Сиро.
Докторски се постави денес Пиоли, немаше ниедна утка - од експериментот со Сандро ко втора 9ка до измените што ги направи, погодени со тајминг со све.
Леао е прејак играч, не е веќе талент како што го зборевме до сезонава, едноставно е незапирлив ама ќе морам тука да го искоментирам и синката на Џими, господинот Калулу, маестрален дефанзивец на само 20 години, перверзија од трансфер.