Не би ме изненадило ништо околу Леао. Веројатно би сакале да го задржат, но не за џабе имаше доста шпекулации за леви крила, за кои ние мислевме дека ќе играат десно. Како Ноа Ланг и некои други.
Иако се гледа дека е стопирана работата околу продолжување на договори и трансфери. Не сакаат да се губи фокусот од борбата за прво место, а и поважно е што се чекаат новите сопственици.
Околу платата. Со тоа што е најдобар веротојатно заслужува и да биде најдобро платен. Но доста нестабилен е за да му дадеш таков статус. Не знаеме колку бара, по квалитет заслужува повеќе отколу што заслужиле да изведувасаат Хакан, Кеси и Донарума (преку 8м му нудеа
![Шашав :eek: :eek:](/styles/default/xenforo/smilies/eek.png)
), но и треба барем две добри сезони да изигра за да заслужи да отиде во тој ранг на плати.
Да продолжи вака да се развива, ќе има вредност +80 милиони, а сигурно и повеќе ако се подобри во финишот. Тој и сега доста почнува да отскокнува. Еден од најдобрите во лига, во топ 5 сигурно.
Но, мора да покаже и следната сезона дека може и подобро, нестабилен ми е (пред се психички) уште сега да добие статус најплатен, најбитен во клубот.
Сега е буквално во оној период во кој или ќе го биде или ќе остане недоречен талент. Затоа е и коцкање што е најдобро да се направи.
Тој прв чекор, таа експлозивност, контрола на топка (колку е брз со неа, дриблинг), не се наоѓа таков баш лесно. Проблем му е донесувањето на одлуки, треба да подобри шут, нема најдобра прегледност, дефанзивно не придонесува многу (но и не е толку страшен т.е. штетен за тоа сезонава), физички паѓа премногу во тек натпревар.