Одлично второ полувреме. Штета ни требаа 5050053 шанси да дадеме гол.
Ама пожртвуваноста, ангажираноста на сите играчи многу ми се допадна. Калулу и Фикајо одлично издание освен киксот при првиот гол. Некако на спиење ги фатија. Сепак незгодна екипа е Лацио на нивен терен, да не се лажеме. Колку и да се мртвило сезонава.
Јест да има многу просеци во тимов, некои не се вклопуваат, некои се тешки дрва, ама ретко за кој играч можам да кажам дека не се залага на терен. Сите гризат, дури и дрвата. Единствено Леао е малку така лабав, ама детето има квалитет несомнено, само треба повеќе среќа и да не се опушта премногу. Ги поремети скроз заедно со Месиас, кој практично денес му ја заврши кариерата на Раду.
Идеме даље.
Жал ми е што со 50 милиони овој тим одамна ќе беше со освоена титула годинава. Но тоа е што е.
Интересен феномен е што клошарските провинциски клубчиња се екстра мотивирани да им замрсат сметки на поголемите, како што е пример со години наназад и ете денес со Емполи-Наполи се потврди. Такви некои екипички ко на стероиди играат. И тоа е супер општо за лигата.