Малку е зезнато тоа прашање.
Мене проблем ми е само што не дојде некој како Фавр. А тоа е повеќе од "само".
Не би идел на класична споредба од лани, демек тогаш биле Хакан и Диаз, а сега Диаз и Меси, затоа што подобро е да се земе целиот ростер отколку позиција за позиција.
Што фајде ако лани биле тука во збир подобри десетки, ако немало напаѓач, па учеше Леао да игра на таа позиција? Исто и големи проблеми во среден ред, каде сега се подобро покриени. Леао, Тонали, Диаз се поискусни, веројатно и подобри.
Ќе видиме и со Месијата, кој може против добро дефанзивно поставени екипи со неговиот дриблинг да донесе нешто плус од лани.
Исто и тоа што Томори е сега од почеток на првенство, што може да значи повеќе бодови од старт. Минатата сезона мораше во Калулу да се крстиме.
Сигурно дека Донарума ќе одбранел нешто повеќе да е тука, но Мајк носи предност при справување со пресинг.
Сега има и повеќе можности за различни тактички решенија.
Не мислам ниту дека се сигурни за првите 4 позиции, ниту дека се подобри од сите освен Интер и Јуве, но би требало да можат да се носат со сите, па и со нив. Битно е како ќе се справат со натпревари кои не одат добро или ако врзат неколку лоши резултати во низа.
Еве сега може многу лесно да имаат три пораза, два во првенство и еден во ЛШ.