Лошо е што изгубија, ама полошо е што изгубија на таков начин. Добиена утакмица, со комиран противник што можеше да се реши во први пола сааат. Лошо е за моралот и самодовербата, не верувам дека ќе ја тепаат Фиорентина.
Бенасер беше најдобар на терен се додека не стана најлош кога му избегаа за вториот гол. Нема збор дека заслужува да биде стартер, стварно покажува работи што на пример за Биља не непоимливи, убави пасови, едноставна игра и предавање, ама дефанзивата дали ради градбата не му е баш како што треба.
Леао и Тео изиграа доволно колку да добијат уште една шанса. Имаа неколку непотребни потези, што е разбирливо за деца на прв настап, поготово Тео што исто како со Баерн, и вчера сам ќе се повредеше.
Смена на Џампаоло пред божиќна пауза не иде у обѕир, а и тогаш колку е паметно со оглед на ѓубрето што е во оптек не знам.