Ме потсети утакмицава на првата утакмица на Пипо како тренер против лацио кога тепаа слично некако вака. Трпеливо, споро, на контри со фаули како полу-селска екипа ,т.е како што ги личи со материјалот со кој што се располага во моментов, кој реално не дозволува “шампањски-фудбал’’ како што нарекува Монтела тоа што сака да го постигне како крајна цел сезонава,
Многу подобар пласман ќе имаат и сезонава, а и овие неколку сезони наназад ако се помират со штофот што го имаат за работа и заиграат вака како вчера. Присокот од Берлускони да се пружа напаѓачки фудбал, кога во исто време одбраната ти цури од сите страни и средината ти е препуна од неталент изигра многу во гнојов прошливе 5 сезони.
Вчера број еден беше Нијанг, трнете го на страна зицерот што го промаши - човекон изигра се што може да се одигра во една утакмица, цел терен го покри буквално, одигра и одбрана и напад и се што требаше.