Галијани нека каже дали истото го мислел пред да го купи Пато го зема за иста цена како бараат за Дамиао. Сега одма сменил мислење за младите напаѓачи од Бразилската репрезентација.
Па тогаш тоа што го кажал би требало да важи и за Нејмар за него пак бараат над 30 мил.
Бонбонче, правиш смешни компарации да докажеш нешто што не оди. Споредба меѓу Пато и Дамиао!?
Ако веќе сакаш да правиш вакви споредби, тогаш треба да ги споредиш Пато и Нејмар (и тоа две години помлад). Кога дојде Пато беше чудо од дете во Бразил, најдобар млад играч во Бразил, се креваше галама за него слично како сега за Нејмар. Само што сега во Бразил состојбата е многу подобра и не се откажуваат лесно од фудбалери, па затоа и цената им е зголемена.
Од друга страна. Дамиао има 23 години (дури и некој месец е постар од Пато

) , далеку е од играч за кој се крева фама, за кој се очекува нешто големо. Целата досегашна кариера му поминува во сенка на други млади бразилски ѕвезди. Доста е ограничен во вештени, погледни го оној клип каде што се собрани сите негови голови од претходната сезона и види колку голови му се од одпадоци.
Можеби ќе биде нешто, кој сум јас да го тврдам спротивното. Но, мене токму тоа и ми боде очи кај тебе и уште некои тука. Вие бе мајстори се знаете, и после секој потег на раководството, после секој недоведен играч (па и било која друга одлука) вие се однесувате како да е направено најголема глупост во свет, како да се работи за нешто најпросто, а Галијани и тие таму се толку глупи, па не можат ни тоа да го видат. Зошто другите клубови не се тепаат за овој Дамиао? И цените во Бразил навистина скокнаа, Ако Милан го земале Пато, за 24 милиони, за сегашен талент на негов ранг треба повеќе од 40 милиони, а башка што висока цена се лупа за секој бразилски репрезентативец, макар и олимпски.
П.С. Да те потсетам само што беше Пато пред да дојде во Милан, а ти го споредуваш со веќе колку-толку созреан и искален фудбалер од 23 години, кој не нуди можност за голем прогрес.