Официјално утакмицата против Работнички ќе се одигра во Борис Трајковски на 29-ти јануари, сабота.
На МЗТ-Работнички дозволено присуство на гостински навивачи
петок, 14 јануари 2011
На вториот натпревар меѓу вечните ривали од Првата македонска кошаркарска лига, кој треба да се одигра на 29 јануари во арената „Борис Трајковски“, а на кој МЗТ Скопје Аеродром ќе му биде домаќин на Работнички, ќе може да присуствуваат навивачите на гостинскиот тим, едногласно одлучи на денешната седница Здружението на прволигашите
Ова одлука за дозволено присуство на гостински навивачи се однесува само за овој натпревар, кој ќе биде еден вид тест за тоа дали во иднина ќе се донесе одлука за престанок на актуелната забрана за присуство на гостински навивачи на кошаркарските натпревари. Пресудно за ваквиот став на Здружението беше „џентлменскиот договор“ меѓу двата клуба натпреварите да ги одиграат во најголемата сала во Македонија и поради оргромниот интерс за присуство на дербито кој владее во спортската јавност
Здружението на клубовите и Македонската кошаркарска федерација однапред се оградија од евентуални инциденти и целата одговорноста ја префрлија на клубовите учесници, а посебно на организаторот на натпреварот.
На првиот одигран натпревар меѓу овие два клуба на неутрален терен, во арената „Борис Трајковски“ на 4 ноември минатата година, пред околу 7.000 гледачи, кога Работнички беше домаќин се случија неколку инциденти по кои беа приведени навивачи на двата клуба, а во салата беше причинета и материјална штета.
Клубовите од Здружението на кошаркарските прволигаши денеска ја разгледаа одлуката донесена на Собранието за задолжителен настап во екипите на играч под 20 години почнувајќи од идната сезона и донесоа заклучок околу ова точка да се произнесат Тренерската комисија и Стручниот совет при МКФ, а потоа таа да се достави до Управниот одбор при МКФ.