Фан клуб: МЗТ Скопје

Член од
23 декември 2007
Мислења
385
Поени од реакции
16
Да да супер натпревар ке биде..едвај чекам да дојде 24 јануари

Ае поздрав пишете ги вашите мислења :helou:
 

Radical Boy

Говнојадец
Член од
21 април 2005
Мислења
3.529
Поени од реакции
59
Да да супер натпревар ке биде..едвај чекам да дојде 24 јануари

Ае поздрав пишете ги вашите мислења :helou:
Кој е критериумот за добар натпревар? Неможат да се споредат нашиот и вашиот критериум, а до тогаш има уште многу многу и цел еден преоден рок така да којзнае што ке се случи до тогаш
 
Член од
3 јуни 2008
Мислења
494
Поени од реакции
0
Зимски ремонт во МЗТ Скопје



Тотална промена во играчкиот состав се очекува во кошаркарскиот прволигаш МЗТ ФОН Скопје во зимскиот преоден рок, кој е закажан во периодот помеѓу 5 и 10 јануари в година. Од „Јане Сандански“ се најавува заминување на повеќе кошаркари, како и доаѓање на неколку поранешни членови на овој клуб.

Засега, со речиси сто отстотна сигурност, може да се каже дека српските интернационалци Александар Хелд и Александар Пејановиќ нема да го носат сино-белиот дрес во вториот дел од сезоната. Голема енигма, како за управата на МЗТ така и за навивачите на овој тим, е и тоа дали ветераните Срѓан Станковиќ и Перо Блажевски ќе можат да се појават на паркетот во продолжението од шампионатот. Станковиќ повеќе не играше отколку што играше поради проблеми со повеќе повреди, додека Блажевски настапи само во првите пет кола по што доби незгодна повреда на рамото.

- Прва обврска во следниот период ќе ни биде да видиме каков е статусот со Станковиќ и Блажевски и дали тие ќе можат да продолжат со играње. Од тоа ќе зависат многу други работи околу тоа кој ќе си замине, а кои играчи ќе дојдат. Најважно во моментов е дека планираме голема реконструкција во играчкиот состав за вториот дел од сезоната. Многу повеќе работи ќе бидат познати до крајот на неделава - ни изјави Драган Панковски, спортскиот директор на МЗТ.

Меѓу кошаркарите што се споменуваат како нови засилувања на „металците“ се споменува поранешниот младински репрезентативец Никола Караколев, сегашен член на Фершпед Работнички. Тој, минатата зима од „Јане Сандански“ мина во „Градски парк“, но таму не ја доби посакуваната и пред с? очекуваната минутажа.

- Досега не сме имале официјални разговори околу негово враќање во МЗТ. Дали е тој среќен таму или не, не знам. Доаѓа преодниот рок, а во него с? е можно. Ќе видиме што ќе се случи - таинствен е Панковски.

Покрај враќањето на Караколев речиси е сигурно дека дресот на МЗТ во вториот дел од сезоната повторно ќе го облече Драган Миленковиќ, некогашната голема надеж на „металците“, кој сезонава настапуваше за Карпош Соколи 2000. Пред доаѓање во „Јане Сандански“ е и уште еден член на „соколите“, плејмејкерот Иван Саздов.
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Ако Караколев дојде назад ќе почнам да се крстам со нозе...
 

krkic

Boixos Nois
Член од
7 декември 2008
Мислења
237
Поени од реакции
5
zaso da ne bide dobar natprevar so mzt le bide dobra utakmica i zustra i sekako se nadevam na pobeda na ovce pole:toe::toe::toe::toe: pozz
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
1.041
Поени од реакции
43
Џокер, Караколев,Хелд (знам дека си отиде), Перо, Станковиќ---можно е 4то место со оваа екипа, со Маци како златна резерва
 

Kajgana Shop

На врв Bottom