Дали приметувате каква улога има тренерот во една екипа? Ај после нека дојде некој и нека ми каже дека Ацо е добар тренер. Одлична партија на МЗТ, одличен скаутинг на Олимпија од страна на Пипан, играта ја постави баш онака како што треба за да се победи во Љубљана.
Чековски најдобар дефинитивно, цар невиден, цела одбрана ја држеше, а и во напад беше одличен, се бореше максимално. Гечевски ме загрижува последниве неколку утакмици во поглед на неговата нервоза, премногу збори и премногу се ослонува на неговиот авторитет кој не е ценет како во македонското првенство, ова е Јадранска лига и многу поригорозни се судиите. Уште кога му ја свирна петата лична му реков на татко ми дека ќе изеде техничка Гече.
Настрана тоа, одлична партија на целиот тим, Бакич и Игор беа каде каде подобри од претходните утакмици иако не брилираа но сепак ги немаше оние почетнички грешки како на минатите натпревари каде правеа чекори во секој втор напад. Игор правеше доста глупи фаули но има преодна оценка од мене.
Дамјан.... Дамјанчо е одличен играч само треба да се смири во правењето фаули, три фаули ги напраи кога бркаше играч, тоа се апла безвезни фаули, но сепак и од него сум задоволен бидејќи даде 110%, се бореше за секој топка, погоди две тројки мислам и фати 2-3 офанзивни скокови.
Се на се, мислам дека екипава конечно е на прав пат, сигурен сум дека ќе се опраиме со Пипан, одличен стратег е и според мене нема веќе да се бламираме како што се бламиравме со Ацо. Сега на ред е управата, да му ги доведе на Пипан играчите што тој ги посакува, да се дошминка екипата и да се закотвиме на средината на табелата, како што ни доликува.
И гледам се збори во претходните постови дека Олимпија не се замарала со АБА лигата, ај ќе ве молам не тресете зелени, да не се замараа немаше технички да добиваат и да се фрлаат по секоја втора топка. Едноставно квалитетот е тој, екипите се тука негде, некои појаки некои послаби но ниедна екипа не отскокнува со квалитетот како што на пример би отскокнувала една ЦСКА доколку би се натпреварувала во оваа лига. Единствено Партизан се двои според квалитетот од останатите, они се недостижни во моментов.