"РЕГИСТРАЦИСКА" НЕ ГИ УВАЖИ АРГУМЕНТИТЕ НА МЛАДИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ
Караколев не може да си оди од МЗТ Скопје!
Никола Караколев и понатаму има обврски кон МЗТ Скопје. Под релативно долг период на "чекање" (поради зафатеност на претседателот на комисијата Владо Петров), Регистрациската комисија на КФМ одлучи да го одбие жалбеното барање на младиот репрезентативец за предвремен раскин на договорот со клубот од "Јане Сандански".
Во документацијата која Караколев ја приложил во жалбата нема "докази" дека МЗТ Скопје навистина не ги подмирил своите обврски, пред с$ финансиски и дека согласно со договорот депониран во федерацијата имал уплатено играчко осигурување за својот кошаркар, кој има валиден договор, кој бил обновен во текот на летото.
Согласно со тоа Регистрациската комисија на КФМ му наложува на Никола Караколев право на жалба до "второстепениот" орган, односно Арбитражната комисија на КФМ, и тоа веднаш по добивањето на "пресудата".
Тоа индиректно му ги затвора вратите на Караколев да го реализира својот најавен премин во екипата на Фершпед Работнички, со која младиот бек од пред извесно време и тренира.
Останува да се видат следните чекори, како на Караколев така и на МЗТ Скопје, чие раководството во меѓувреме одлучи да го суспендира својот играч поради непојавување на тренинзите.:smir::smir::smir:
_________________