За Николич сеуште не се дрзнувам да коментирам, него после полусезона ќе го искоментирам, сакам да видам како ќе игра во континуитет.
Според мене Игор до сега ни е најдобар играч, одлично ги разигрува соиграчите и одлично ги распределува поените. Верувај да не беше он против Цибона ќе изгубевме 20 разлика минимум. Како само им ја проби одбраната, и како делеше асистенции свака му част. Можеби за 99% од луѓето на тој натпревар Дејвис беше најдобар, но за мене Игор беше мен оф д меч, не дека го потценувам учинокот на Кејд но сепак јас гледам и на некои други работи.
Гече фали во тимов, и тоа многу, Кире полека влегува во ритам и се надевам дека нема да се повредува многу често.
Друго, за играта, чим ни играат пресинг треба прво топката да се пренесе со додавање. Чим ја пренесеме и дојдеме на нивна половина тогаш треба да изиграме висок пик, нешто како што игра нон стоп Меккејлеб со Батист во Фенербахче, бидејќи на агресивна одбрана само со висок пик може да се одговори, а доколку се вртиме со грб накај кош и се мачиме акција да наместиме тогаш пиши пропало. Пик со Станко и Гече или Кире на страна за шут, тоа би било идеално на ваков начин на одбрана. Ај ваљда ќе сфати Ацо што треба и како треба. Сега со Раднички мора да победиме, да не се залажуваме што имаат 0 победи од три натпревари, они се доста солидна екипа и ќе треба доста да се помачиме за да ги победиме. Но јас не се сомневам во победата, го имаат залетот кошаркариве, згора на тоа на трибини ќе ги имаат и Фемили, они се шести играч на оваа екипа, така да верувам во победа над Раднички.