Општина Аеродром треба да стане доминантен сопственик во актуелниот кошаркарски шампион и тоа во фирмата, која ќе го носи името „Кошаркарски клуб МЗТ Скопје Аеродром АД Скопје“. Според челниците на клубот, локалната самоуправа во оваа скопска општина ќе има 75-отсто од акциите додека останатите 25-отсто ќе и припаѓаат на компанијата „Орка спорт“, која изминативе две години е доминантен спонзор во таборот на „металците“.
„Точно е дека Општина Аеродром и ‘Орка спорт’ засега влегуваат како акционери на друштвото. Но, ние како клуб искрено се надеваме дека за акционерското друштво голем интерес ќе пројават и други фирми”, потврдува претседателот на МЗТ Скопје, Сашо Босилков, во изјава за порталот „Спортефе“.