Фан клуб: МЗТ Скопје

Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.068
Значи горе доле објавен е списокот на играчи кој остануваат за идната година.
Огнен,Мијајловиќ,Дамјан,Горјан Марковски,Грне,Далман,Станко,Гечевски,Кире и Дејвис.10 играчи, значи има место за уште неколку.Јас за сеа некој шпекулации не сум слушнал, така да ќе треба да се почека на управата:)
Иначе од секогаш сум се прашувал, колку странци смеат да играат во 1 тим?И дали има разлика помеѓу ЕУ и Нон-Еу играчи?
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
794
Поени од реакции
633
Нон еу/еу тоа само у фудбал брат кај нас сите се странци.
Дозволено има 3 или 4 ама се мислам дека 3 активни е максимумот.
А за Марковски освен тоа од Екипа има нешто официјално?
--- надополнето: 17 јули 2012 во 21:01 ---
Scratch that, сега видов на страната на МЗТ.
 

НЕНАСИТЕН!!!

СУМ ПО ТЕБЕ
Член од
8 мај 2012
Мислења
263
Поени од реакции
157
Во Македонска Лига лани беше 4 по тим, 3 во игра. Во Јадран можеш колку сакаш. Според тоа каков е составот мислам дека ќе се земат уште 2 играчи. Еден центар и еден плеј, затоа што само на тие позиции не се засиливме. Центарот ќе биде странец, тоа Ацо го потврди. Слободен, квалитетен македонски плеј нема. Затоа според мене најдобра варијанта е да се земе странски плеј, па после кога ќе дојде Супер Лига еден од странците да не се регистрира и готово. Најважно е да имаме квалитетен состав во Јадранска Лига.
 

Cuore |nter

inter4life
Член од
14 јануари 2010
Мислења
504
Поени од реакции
140
на сајтот на МЗТ како и на сајтот на АБА лига, во составот на МЗТ го пишува и Далман, а никој не пренесе дека дечкото останува, нешто повеќе ?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
1.170
Поени од реакции
2.635
на сајтот на МЗТ како и на сајтот на АБА лига, во составот на МЗТ го пишува и Далман, а никој не пренесе дека дечкото останува, нешто повеќе ?
Останува уште 1 год. зошто имаше на почетокот на прошлата сезона потпишано договор на 2 год. ( исто како Cade Davis )
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.068
За тоа нон-еу и еу мислев дека има некоја регулатива, на пример од 4 странци максимум 2ца да се нон-еу.Ама чим нема везе тоа, тогаш без црнци срамота ќе биде да отидеме на Јадранот :)
 

Cuore |nter

inter4life
Член од
14 јануари 2010
Мислења
504
Поени од реакции
140
Останува уште 1 год. зошто имаше на почетокот на прошлата сезона потпишано договор на 2 год. ( исто како Cade Davis )
знам дека и двајцата имаа на 2 ама на принцип 1+1. прашувам затоа што скоро сите медиуми пренесоа дека ќе остане Дејвис, а никој не спомна ништо за Ноа.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.356
Поени од реакции
8.459
Металски Завод Тито -Скопје ќе игра во лигата нашата македонската(цело првенство) или ќе се приклучи на крајот од превенството во play off ?!
 

LeoMessi10

Lionel Andress Messi
Член од
12 април 2008
Мислења
2.316
Поени од реакции
268
Ќе се приклучи во супер лигата :)
 

НЕНАСИТЕН!!!

СУМ ПО ТЕБЕ
Член од
8 мај 2012
Мислења
263
Поени од реакции
157
Металски Завод Тито -Скопје ќе игра во лигата нашата македонската(цело првенство) или ќе се приклучи на крајот од превенството во play off ?!
Клубот не се вика така, али ајде...
 

НЕНАСИТЕН!!!

СУМ ПО ТЕБЕ
Член од
8 мај 2012
Мислења
263
Поени од реакции
157
До Фамилијата:
by Igor Penov on Monday, 23 July 2012 at 16:13 ·
Овде завршува мојот сон да го носам Плаво-Белиот дрес, дрес кој што го носев вкупно 4 години, дрес кој што го носев со гордост и дрес со кој што ја освоив првата титула и првиот национален куп.
Ова е најтажниот ден во мојот живот и искрено не очекував дека ќе дојде толку брзо, на секој натпревар, секоја минута и секунда што ја поминав на паркетот играјки за мојот МЗТ дадов се од себе и повеќе од што знаев, секоја секунда ја изиграв до последниот здив и не се плашев дали ке умрам на паркетот или не.
Раководството и стручниот штаб одлучија да ми го раскинат договорот и јас против тоа неможам ништо да сторам.
Датумот кој што ќе го носам во себе до крај на животот е оној 2 Мај 2012 година, момент во кој се исполни мојот сон и сонот на секој од Вас.
Јас како и секој друг играч сум само дел од историјата на овој клуб, клуб за кој навивав од дете, клуб за кој што ќе навивам до крај на животот, на моите досегашни соиграчи им посакувам се најдобро и секогаш ќе навивам за нив и им посакувам да направат успех во Јадранската лига.
Од денес не сум повеќе играч на МЗТ – СКОПЈЕ, но секогаш ќе бидам ПЛАВО-БЕЛ.
Ви благодарам за се!
Игор Пенов 31
Од Фејсбук профилот на Пенов
 

Kajgana Shop

На врв Bottom