Фан клуб: МЗТ Скопје

НЕНАСИТЕН!!!

СУМ ПО ТЕБЕ
Член од
8 мај 2012
Мислења
263
Поени од реакции
157
Никој не вика дека нема шанси да дојде, туку дека он има така кажано на последното интервју(иако на претходното има кажано дека е можно), ако успеат да го предомислат супер, затоа што он е класа играч и би бил добредојден за Јадранска. Во врска со Антиќ, ова го има кажано пред еден месец Перо Антиќ: Тоа што го кажав за завршувањето на мојата кариера во МЗТ е точно, но во многу медиуми беше преувеличено. Е сега како да ја сфатиме оваа негова изјава
 

F.A

Член од
3 октомври 2010
Мислења
238
Поени од реакции
54
Јас секогаш ќе останам Македонец, врзан сум за мојата татковина, но Љубљана е најдоброто место за мене. Таа е мој дом.
- Што било, било, не и замерувам ништо на Олимпија. Таа е мој клуб и секогаш ќе ја носам во срцето. Желбата да играм во зелено-белиот дрес никогаш нема да ја снема - додаде Илиевски.
Значи ова ти е лично кажано од Илиевски додека ти ми постираш некоја си информација од странана СРЕДНООО, или како и да беше дека Антич и Илиевски го засилуваат МЗТ за АБА лига.
Инаку убаво што сте си кумови...
hahahahaha abe si se fatil za intervjuto kako slep za stap da ne se ebete so Ilievski cim si volku siguren??
ako mozese eden Stojkovic da rece deka nIKAD nema da igra za partizan pa narednata sezona da premine bas vo toj klub Ilevski rekol: pa sto ako rekol deckoto ima 32 god i nee bas i najdobrata forma i ti kazav ne zamaraj veke dobro?
u butni si go intervjuto i dupot 6 pati go spomna...
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.068
Ај малце смирете страсти, сепак за ист клуб навиваме сите.Полека со сите информации за буџети, играчи и слично.
Доколку играч дојде да игра само ради парите, уопште нека не доаѓа.Се игра за тимот, за навивачите, па на крај за парите(иако тие се многу битен фактор во сечиј живот)
За наредната сезона мислам дека од управата нема да се избламираат и ќе донесат неколку квалитетни играчи со што би требало без проблем да „преживееме во лигата“.
Е од 2рата сезона ќе почнеме да збориме за Антич, и слични на него(по квалитет и вредност), зашто дури откако ќе се воспоставиме како тим кој не се зеза, полесно ќе зимаме подобри играчи.
Иначе имаше некој најави за некое европско натпреварување(Еврокуп мислам беше).Има некој инфо за тоа?
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
hahahahaha abe si se fatil za intervjuto kako slep za stap da ne se ebete so Ilievski cim si volku siguren??
ako mozese eden Stojkovic da rece deka nIKAD nema da igra za partizan pa narednata sezona da premine bas vo toj klub Ilevski rekol: pa sto ako rekol deckoto ima 32 god i nee bas i najdobrata forma i ti kazav ne zamaraj veke dobro?
u butni si go intervjuto i dupot 6 pati go spomna...
:facepalm:
Не ми реплицирај веќе, завршив со тебе. (y)
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Ало пријателе што збориш бе?Антич, Илиевски?И Бо да не го земаат Мзт?Ти знаеш ли дека Перо игра за 750 000 евра годишно, а договорт му е на 2 години, планираш пола од парите што ти ги збориш 1 500 000, да идат на еден играч?Немој со такви смешни работи, те молам.
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
794
Поени од реакции
633
Ај ќе пробам да завземам еден свој став:
Антиќ и Илиевски се можни опции, дури и мислам дека Перо ќе дојде само прашање е кога фактор е тоа какви понуди ќе има, факт е дека ако Олимпијакос или друг европски гигант го сака нема он да дојде во МЗТ и да прави први чекори во Јадранска Лига.
Илиевски ако нема подобра понуда, а МЗТ му даде доста солидна нема причина зошто да не дојде.
Значи јасна е намерата на управата уште прошлото лето збореа дека сакаат МЗТ да го направат огледало на репрезентацијата.
Така да колку и да не му се свиѓа на некој, и Димчевски, и Соколов и Кире се во игра, се е можно.
За Гече незнам зашто таков муабет, он си е човек од збор неколкупати рече дека ќе остане да го води МЗТ во АБА лигата.
 
З

Забавата е во Кругот

Гостин
Јас па незнам што толку сте запнале со репрезентативциве. Има многу помлади и добри играчи кои за многу помала цена би изиграле добро... А можат да се најдат и добри странци за помала цена (само да не се перат пари преку нив, како во минатото и да се изберат вистински добри играчи)

Можеби се искусни.. Но за мене Игор Мијајловиќ во ваква форма е подобар од Илиевски. Или пак Огне од Соколов и Димчевски.

Треба да се задржи костурот од оваа сезона (Гечевски, Огне, Мијајловиќ, Далман или Дејвис и можеби Чековски) и да се донесат уште 3 ца квалитетни играчи од кои 1 центар, едно екстра крило и една 2 ка..
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
220
Поени од реакции
264
Знам дека некако на сите ни фали МЗТ и до почеток на наредна сезона не ни останува ништо освен да шпекулираме. Јас лично незнам како ке издржам 4 месеци али што е тука е.
Видете вака........... ако Гечевски е уморен и не сака да игра повеќе, како што најавуваше и после Литванија ние немаме што понатаму да дискутираме. Според информација (шпекулација) која дојде до мене човекот е уморен и не се гледал себеси во приказната јадранска лига. Како и да е, ние мора да најдеме уште една квалитетна 5-ка без разлика на одлуката на Тоше зошто он у АБА од 20 квалитетни минути повеќе нема да може да издржи, сигурен сум. Што се однесува до Владо мислам дека е неповолна опција од од 3 причини. Прво убеден сум дека ќе бара многу пари и ќе го оптерети буџетот кој не знаеме колкав ќе биде( у тие 1.500.000 ја не верувам) , второ според мене е стар не дека неможе да одигра квалитетно али не се уклапа у предизвикот кој е пред нас пошто јадранска лига е за него виден филм и трето игра на позиција која во моментов не е критична и е сосема солидно покриена со Огнен и Миајловиќ а третиот плеј може да се најде и у Македонија за многу помали пари. Перо заборавете го во наредниве 1-2 години, мада со таа будала ништо не се знае пошто тој е у стање за да може да си го игра курот да дојде у МЗТ и за пола од тие 600.000 што ги лапа ама дали МЗТ може да ги искешира. Ако успееме да ги донесеме Кире и Дамјан сме завршиле пола работа. После уште 1-2 солидни играчи пред се на крилни позиции ќе имаме екипа која со помош на публиката тешко кој ќе ја добие дома и би се пласирале некаде на средина на табелата што е сосем задоволително. Еве ви чист пример:
КК. Широки од Босна, вкупен буџет 750.000 Евра од кои за плати на играчи 350.000 (со премии може да достигне максимум 400.000) Оваа година пласирани на 5 позиција што е многу блису до тој фајнал фор. Еве како изгледа нивниот тим - обратете внимание на старосната структура на играчите. Не е се до парите ;)
http://www.adriaticbasket.info/club.php?id=6
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
1. Поима си немаш од животот.
2. Ако симпатијата не ти дава да ја фатиш за газето, обрати се во љубовни проблеми, сигурно има некој што ќе ти подели некој совет како да успееш во таа намера.
3. Дај жити се не ја пренесувај сопствената фрустрација на овој фан клуб ( читај, ради точка 2. ) пошто преку глава си им на повеќето со овие срање постови ( тука спаѓаат и моите ) кои се тотален оф топик.
4. Се надевам дека некој од администраториве ќе влезе СЛУЧАЈНО на темава, ќе те банира а уз пут и ќе ги избрише последниве мислења.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.915
Поени од реакции
73.251
Тодоров потпишал нов договор?:eek:
Според мене многу лош потег на управата на МЗТ...

Александар Тодоров влезе во историјата на МЗТ Скопје како стратегот што му ја донел на овој клуб првата титула шампион на Македонија. Освојувањето на двојната круна во домашното првенство и во националниот куп беше причина за продолжување на соработката меѓу двете страни, по што Тодоров веќе го стави својот потпис на новиот договор со „металците“.

Имавме одлична соработка со Александар Тодоров во текот на изминатата година, резултатите во сезоната беа фантастични и резултираа со освојување на двата трофеи. Токму затоа, на обострано задоволство ги договоривме условите за продолжување на соработката“ – изјави спортскиот директор на МЗТ Скопје, Ѓорѓе Војновиќ.

Новиот договор на младиот стручњак е со времетраење од една година, по што двете страни повторно би седнале да разговараат за дополнително продолжување на соработката. Со потпишувањето на овој нов договор, Тодоров ја добива можност да биде тренерот што ќе го предводи МЗТ Скопје во својата премиерна сезона во регионалната АБА-лига. За што подобро претставување на македонската кошарка во ова силно натпреварување, управата на „металците“ веќе најави дека сериозно размислува за ангажман на неколку квалитетни засилувања.

Буџетот за следната сезона е речиси целосно договорен, останува само уште да се договорат уште некои детали со неколку спонзори. Наш приоритет најпрвин ќе биде да се задржи костурот на тимот што лани ја донесе двојната круна, а сигурно и да се доведат квалитетни засилувања. Веќе имам изјавено дека наша главна цел ќе биде да ангажираме уште неколку репрезентативци, а дури откако ќе го составиме тимот со домашните кошаркари, ќе размислуваме за доведување на вистинските странски засилувања“ – истакна Војновиќ.

ЕКИПА дознава дека прво поголемо засилување за „металците“ за новата сезона ќе биде Дамјан Стојановски. На македонскиот интернационалец кој што и во јануари беше поврзуван со овој клуб летово му истекува договорот со Лукоил академик, по што веќе ќе нема никаква пречка за неговиот трансфер во „Јане Сандански“. На листата со желби на „металците“ се наоѓаат и Владо Илиевски, Кире Николовски, Војдан Стојановски и уште неколку домашни кошаркари, па интересно ќе биде да се види кои од овие кошаркари ќе го облечат дресот на МЗТ во следната натпреварувачка сезона.
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.068
И јас мислам дека не требаше да му се продолжи договорот, ама па греота е тренерот што освоил прва титула за еден клуб да биде отпуштен.Нека седи 1 година, има колку толку искуство за вакви лиги(мада БИБЛ е 3 класи под НЛБ),ако напраи некој резултат нека седи, ако не идната година друг ќе дојде.
За играчите, Дамјан доаѓа 99%, нели уште од зимоска се збореше дека ќе дојде.Кире исто така ми е фаворит да се врати, ипак дечкото е меѓу најдобрите центри во лигата, а и наследник на Гечевски во репка.Владо и Војдан тешко, може Димчевски и Симоновски да ги донесат, што за мене е глупо пошто може да најдат 3х боље играчи странци.Ама има време тек почнува преоден рок, има време ваљда нема да не обрукаат во НЛБ, јас првата сезона со опстанок сум задоволен :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom