Фан клуб: МЗТ Скопје

Член од
29 ноември 2008
Мислења
1.041
Поени од реакции
43
Нз од тука кој присуствуваше на утакмицата, али имаше одлична атмосвера а и бевме од око некој +200... Се гледа дека навивачки групи се оформуваат пред утакмица и собираат дечиња од градинка (ама ова озбилно над 1 и 20cm невидов на трибина кај Комбат) и беа некој 50-60 дечурлана... Дали ова е од комплекс што им наби ФА или нз што е работава али ме радува што се враќа и публика на натпревариве, ама нетреба тоа да биде само кога играат против МЗТ!!!
За играта ќе кажам само (y), не го понижија противникот, играа со срце и се гледа дека полека полека се воигруваат така да од следните натпревари очекувам уште подобро, зашто имаме страшно голем потенцијал, а Ристе ако си ги спакува парталите, а тоа е повеќе од јасно и носење на некој добар шутер уште толку ќе се зголеми конкуренцијата, а со тоа и ќе се има повеќе играчи за ротирање, ако се знае дека и Гајдаџиев нема да игра у Супер лига зашто се исклучува тоа правило, а ќе се игра со најдобрата петорка во моментот :свиркам:
Мене па дечките ме потсетија на ФА, периодот кога МЗТ играше во плеј-аут--чиста искрена љубов спрема името и клубот
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Ристе веќе 2 утакмици по ред не игра, го избркаа или повреден е нешто?
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Ристе веќе 2 утакмици по ред не игра, го избркаа или повреден е нешто?
Не е повреден, да се одиграат уште утакмициве со АБА и Куманово ќе лета од МЗТ.
--- надополнето: 12 декември 2011 во 14:16 ---
 
З

Забавата е во Кругот

Гостин
МЗТ Скопје ги мерка близнаците Стојановски

Стеван Цаневски Прва лига
12.12.2011 19:42
Браќата близнаци Војдан и Дамјан Стојановски се големите желби на МЗТ Скопје како засилувања за вториот дел од оваа натпреварувачка сезона. Информациите до кои што дојде ЕКИПА говорат дека „металците“ се цврсто решени да ангажираат најмалку еден од овие двајца македонски репрезентативци во најскоро време, со тоа што се најавува дека другиот од нив би пристигнал во „Јане Сандански“ по завршувањето на сезонава.

Реално гледано, многу поверојатно е да се очекува дека МЗТ во јануари ќе ги засили своите редови со Дамјан, кој што ионака нема преголема минутажа во тимот на Лукоил оваа сезона. Одличниот крилен кошаркар има договор со бугарскиот тим само до крајот на сезонава, па многу полесно би можел да договори прекин на соработката и враќање во татковината. Згора на тоа, Стојановски во последните два месеци доста често можеше да се забележи во Скопје, што според нашите извори било искористено за директни преговори меѓу него и управата на „металците“. Дамјан би дошол во МЗТ на местото на Ристе Стефанов, кој што на последните две средби не одигра ниту една минута и според сите најави ќе биде првиот што ќе го напушти тимот при најавениот рез на управата во последната недела од декември.
За разлика од Дамјан, неговиот брат близнак Војдан има извонредна сезона во Украина, каде што е еден од најдобрите кошаркари на Черкаски Мавпи. Тој беше поврзуван со МЗТ Скопје на почетокот од минатото лето, но во последен момент се премисли и реши својата кариера да ја продолжи во странство, прифаќајќи ја понудата на Черкаски. Сепак, фактот дека МЗТ Скопје во следната година ќе се натпреварува во АБА-лигата ја прави многу реална опцијата тој во јули да дојде во „Јане Сандански“ и за прв пат во кариерата тројцата браќа Стојановски да настапуваат за ист клуб. Само за потсетување, братот на Дамјан и Војдан, Огнен Стојановски, сезонава е главен организатор на играта на „металците“.
Самиот интерес за услугите на близнаците Стојановски, по комплетираниот трансфер на Гечевски, на најдобар можен начин ја демонстрира решеноста на управата на МЗТ Скопје да се создаде многу силен тим кој што по долго чекање ќе ја донесе толку посакуваната титула во населбата Аеродром.
--- надополнето: 12 декември 2011 во 20:11 ---
Незнам,но Дамјан послем европсково многу го замрзев..... :)
А за Војдан (y)
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Не им се такви фаците на тројцава за да ги мразиш, а за една грешка на Дамјан не вреди да го замрзеш. :)
Нека дојде било кој, секако ќе биде огромно засилување во одбраната.
 
З

Забавата е во Кругот

Гостин
Не им се такви фаците на тројцава за да ги мразиш, а за една грешка на Дамјан не вреди да го замрзеш. :)
Нека дојде било кој, секако ќе биде огромно засилување во одбраната.
Прекарот "Мека рака" Ме убива.... :)
 
Член од
7 октомври 2009
Мислења
310
Поени од реакции
151
ништо чудно ако летоска излезе инфо дека заинтересирани сте и за антиќ и бо хехе. бравос..
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.753
Поени од реакции
115.592
Не им се такви фаците на тројцава за да ги мразиш, а за една грешка на Дамјан не вреди да го замрзеш. :)
Нека дојде било кој, секако ќе биде огромно засилување во одбраната.
Не само што не им се такви фаците него и човек едноставно не може да го мрази Дамјан. Не може да го осудиме за една утка која сигурна не сакаше да ја направи, знаеме сите после тоа што правел Дамјан... Мене ептен жал ми падна за дечкото кога чув што му се дешавало у соблекувална а и надвор од неа, а дека има стварно мека рака има само му треба време и простор. Како и да е, Дамјан за Ристе е Коби Брајант. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom