Може е и редно време да се заврши со препукувањата
Муабетот ми е дека младите членови од вашата група треба да научат дека од секогаш нашите две групи имале пријателски односи, т.е. многу наши членови иделе на ваши утакмици и обратно. Не може некој со 14 години и помалку да дојде и одеднаш да ни ја вреѓа нашата група, или пак да вика вашиот беден клуб. Ако е Вардар беден клуб, тогаш кој клуб од македонија е асален??? Ако е Вардар беден клуб тогаш што МЗТ со 0 титули што е??? Мислам време е да си разграничите некои работи во групата и да им подобјасните на помладите како стојат работите во Скопјево. Знам дека им е филмски да изиграваат џекови низ маало, да се фалат и слично ама неможе да вреѓаат нешто во кое самите членови од нивната група долго време го поддржувале. Затоа настануваат овие искри :icon_mrgr па макар биле и на форуми...
Нормално е секој да си ја брани својата група и слично...
Постариве членови се сите пријатели меѓу себе, а и јас на пример сум учел и сум се дружел со доста луѓе кои се дел од ФА, па тапа ми е вака да се расправам со вас, а од друга страна во кошарка секогаш сум бил наклонет на МЗТ иако мора да признаам дека како спорт за навивање никогаш не ме привлекувало па воглавно утакмици сум проследувал семкарски
Епа со среќа во сезонава и се надевам на прва титула на МЗТ иако знам дека покрај Фени тоа е невозможно. И претходно прашав но никој не ми одговори.. Дали ова со Пеце Наумовски е вистина или само заебанции ?