http://a1.com.mk/vesti/sport.asp?VestID=115671
Центар и Аеродром на нозе, тензијата голема како и очекувањата
31.10.2009
Можат да бидат во криза и во различни делови од табелата, нивните дуели ништо да не решаваат, но кога играат старите кошаркарски противници Работнички и МЗТ Скопје се случува нешто посебно.
На нозе се Центар и Аеродром, тензијата е голема исто како и очекувањата.
„Во недела очекувам полна сала, а особено очекувам да има добра атмосфера од навивачката група на МЗТ и Сити парк бојс. Очекувам победа на Работнички, ние сме фаворити на хартија но сепак како што кажав ова е дерби се може да се случи на терен“ изјави Александар Димитровски.
„Нормално очекувам да биде неизвесно, но сепак им препуштам улога на фаворит на домаќинот Работнички, пред се затоа што имаат пет репрезентативци во тимот што не е мала работа. Се надевам дека ќе дадеме максимум на натпреварот, дека ќе бидеме мотивирани и поддржани од нашата публика, дека ќе биде пеколен амбиент и ќе одиграме на високо ниво и ќе се прикажеме како што треба“ изјави Александар Софковски.