Фан клуб: МЗТ Скопје

aerodromka

Hiena
Член од
11 март 2007
Мислења
2.752
Поени од реакции
8
АЛЕКСАНДАР ТОДОРОВ ОТКРИВА ЗОШТО Е ПОВТОРНО ВО МАКЕДОНИЈА, ПОТОЧНО ВО "ЈАНЕ САНДАНСКИ"
Сега сме тим, сакам да бидеме екипа, клуб...
" Можам да ветам само едно: или МЗТ Скопје ќе биде најдобро организираниот клуб во историјата на македонската кошарка или моја нога нема веќе никогаш да стапне во салата 'Јане Сандански'... Го имаме најдобриот 'тим' на луѓе кои стојат зад мене и зад играчите. Тие луѓе ми се гаранцијата дека ќе успееме повторно да го вратиме МЗТ на старите патеки".

Александар Тодоров повторно е во македонската кошарка. А тоа значи дека повторно се забрануваат кошаркарските води.

Својот темперамент, оној кошаркарскиот, знае да го искаже на разно-разни начини, што често е повод за различни коментари.

Некои велат дека е еден од "ретките" кои носат "раздвиженост" и даваат дополнителна енергија на нашата кошарка.

Не мируваше и во текот на летото кога се врати од Анкара каде беше во минатата сезона. (О)стана асистент во стручниот штаб на нашиот сениорски национален тим. Заедно со Марјан Лазовски му помагаше на новиот селектор Јовица Арсиќ. Во меѓувреме го "правеше" новиот МЗТ Скопје на себе својствен начин, редок за наши услови.

Иако требаше да зборува за вечното дерби со Фершпед Работнички, ќе почека една недела, а дотогаш за оние основни размислувања

Кои беа оние основни причини за "кам-бек" во Македонија, уште повеќе за враќањето во МЗТ Скопје?

" Имав многу дилеми дали да се вратам, не во МЗТ Скопје или во некој друг клуб, туку во Македонија генерално. Кога конечно одлучив, знаев дека МЗТ Скопје е единствениот клуб чија понуда би ја прифатил.

Од една страна, и тие беа доста упорни, но од друга страна чувствував дека од овој клуб заминав неславно, по онаа катастрофална сезона 2000/2001, кога на половина сезона со класична "местенка" бев тргнат.

Од друга страна, бев свесен дека МЗТ Скопје е клуб со огромна традиција, со феноменална публика, која знае понекогаш да биде незгодна и спрема своите, но без која МЗТ не би имал ни третина од успесите во минатото.

Воедно, бев свесен и дека МЗТ е без позабележителен успех во последните седум години и дека притисокот ќе биде уште поголем. Но токму тоа го направи предизвикот уште поголем.

И на крајот, постои и уште една причина за моето доаѓање во МЗТ, која во моментов не би сакал јавно да ја коментирам и која наскоро ќе биде обелоденета".

За амбициите?

" Како шеф на стручен штаб сакам да го поставам клубот на едно високо ниво, не само играчки туку и организациски. Веднаш по моето доаѓање замолив неколку мои пријатели, поранешни членови на МЗТ, но и личности со кои јас сум соработувал како тренер, да се приклучат во проектот на создавање на еден нов МЗТ Скопје. Со целосно изменет имиџ и преуреден на ниво на кој досега не бил ниту еден македонски клуб. Таа работа е макотрпна, со безбројни опструкции со кои се соочуваме секојдневно. Но решени сме да ја истераме до крај. Сакам секој еден што ќе влезе во нашата сала, со секое ново влегување да може да забележи разлика на подобро. Што се однесува до мене лично, можам да ветам само едно: или МЗТ Скопје ќе биде најдобро организираниот клуб во историјата на македонската кошарка или моја нога нема веќе никогаш да стапне во салата 'Јане Сандански'.

Реално ли е ова?

" Времето ќе покаже дали е реално или не. Ама во секој случај немам намера уште од сега да си правам алиби. Од мене нема да чуете ниту еднаш дека ми требало време да ја воиграм екипата (на пример до декември), дека играчите биле млади и неискусни, дека судиите или федерацијата не н$ сакале... Ќе одиме на победа на секој натпревар, посебно во нашата сала. Никој нека не помислува дека може да дојде во Аеродром и да н$ победи пред наша публика без отпор и без никаква борба. Понекогаш ќе играме и со подобри екипи, или ќе немаме свој ден. Но гарантирам дека моите играчи ќе го остават своето срце на теренот. Кој не е подготвен да изгине на терен за МЗТ, ќе биде набркан веднаш или во наредниот преоден рок. И ќе ги менувам играчите постојано, с$ додека не најдам 12 момци кои не само што ќе играат за МЗТ туку и што ќе го сакаат повеќе од кој било друг клуб за кој играле во минатото".

Се говори дека Ѓорѓе Војновиќ, Мирослав Котевски, Дејан Димов се во тој нов состав на МЗТ Скопје?

-На МЗТ Скопје му е потребен секој поранешен играч, спонзор, тренер, секој поединец кој го сака клубот, а кој е подготвен да му помогне на клубот...а под помош не се подразбира само финансиска.

Што се однесува до Котевски, Војновиќ и Димов, се договоривме со управата дека тие ќе свикаат прес-конференција во наредните денови на која ќе биде претставен новиот тим на МЗТ, и играчки и организациски.

Јас можам да кажам само едно што се однесува до ова прашање. Можеби во моментов го немаме најголемиот буџет во нашата лига, но дефинитивно го имаме најдобриот 'тим' на луѓе кои стојат зад мене и зад играчите. Тие луѓе ми се гаранцијата дека ќе успееме повторно да го вратиме МЗТ на старите патеки".

Се говори дека затоплувањето на салата "Јане Сандански" биле ден од твоите главни услови за да потпишеш договор со МЗТ Скопје?

"Квалитетен тренажен процес е предуслов за квалитетна игра и за победи. А не може да се говори за такви работи доколку температурата во салата е под 'нулата'.

Кај нас, обично, на управите им е побитно за купат еден 'бофал' странски играч за 5.000-6.000 евра годишно, место во салата да стават греење, кое на годишно ниво чини приближно исто.

На тој начин, не само што ќе им овозможат нормални услови за тренинг на своите играчи и на својот тренер туку, едноставно, ќе им покажат дека ги респектираат како личности.

А јас нема да дозволам да се одржи ниту еден тренинг на МЗТ, ниту, пак, ќе им дозволам на моите играчи да истрчаат на терен, на натпревар во сала во која нема греење. Дали подоцна ќе бидам казнет за тие постапки, или ќе биде казнета мојата екипа, апсолутно не ми е грижа. Еднаш мора да се стави крај на таквото изживување врз играчите и тренерите. Не сме експериментални глувчиња за да го оставаме и губиме своето здравје"- заклучува повратникот во нашата кошарка.
http://www.sport.com.mk/?ItemID=01CFB6DDA1897D4E93CB3EC372666321
 

aerodromka

Hiena
Член од
11 март 2007
Мислења
2.752
Поени од реакции
8
09.10.2007 :: Вечното дерби во недела

Дуелот помеѓу големите градски ривали МЗТ Скопје и Фершпед Работнички е најинтересниот натпревар од 1. коло на Првата кошаркарска лига. Натпреварот е закажан да почне во 18 часот на 14 октомври (недела) во салата “Јане Сандански“.

Инаку, премиерните прволигашки натпревари за новата сезона се закажани за 13 октомври (сабота). Во 19 часот Струмица 2005 е домаќин на Амак СП, а во истиот термин Фени Индустри го пречекува Маврово.

Распоредот на натпревари од 1. коло во Првата машка кошаркарска лига може да се прочита тука.
 

iLe

Prototype
Член од
27 јануари 2007
Мислења
1.400
Поени од реакции
30
Ајде да тепа МЗТ имате добар тренер кој се бори за ваш напредок ...
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Да се надеваме...уште сега планирам за одење во сала...нормално мора да се најде слободно време(демек јас многу зафатениот ама ај)...

Одиме на победа...мислам дека време е да се вратиме на старите патишта..односно да не не сметаат за ауцајдери како годината што измина...
 

Mike Tyson

Never,never,NEVER GIVE UP!
Член од
20 август 2007
Мислења
2.630
Поени од реакции
156
ajde ajde :)lele kolku se nadevam na uspeh i mislam deka ke se ostvari:)DAJ BOZE:vozbud:
 

Radical Boy

Говнојадец
Член од
21 април 2005
Мислења
3.529
Поени од реакции
59
Ајде да тепа МЗТ имате добар тренер кој се бори за ваш напредок ...
Од каде бе добар тренер? А како ке го лапнеме во недела лелелеле. Работнички ја тепал Струмица 45 разлика денес
 

aerodromka

Hiena
Член од
11 март 2007
Мислења
2.752
Поени од реакции
8
Да се надеваме...уште сега планирам за одење во сала...нормално мора да се најде слободно време(демек јас многу зафатениот ама ај)...

Одиме на победа...мислам дека време е да се вратиме на старите патишта..односно да не не сметаат за ауцајдери како годината што измина...
kako zboris ko mzt na tatko ti da e ili ko trener nivni da si
 
П

Паспарту

Гостин
38 razlika izgubi strumica da te koregiram
брат тоа е најмалку битно мислам :) да изгубеле 10 разлика е брука, а не па 38, тоа е мизерија, срамота, катастрофа... тешко ќе им биде на мзт т.е. претешко против работнички но да почекаме до недела и ќе видиме :helou:
 

aerodromka

Hiena
Член од
11 март 2007
Мислења
2.752
Поени од реакции
8
najtesko ke bide!!!! ali so ogled na toa deka igrame vo svoja sala i deka rabotnicki znae da padne na atmosvera mozebi i ke pobedime, ALI MOZEBI
 

Mike Tyson

Never,never,NEVER GIVE UP!
Член од
20 август 2007
Мислења
2.630
Поени од реакции
156
taka e,da ne zaboravime deka vo niedna druga sala vo makedonija nema vakva atmosvera:)da veruvame vo CUDO zosto da ne:)
 

aerodromka

Hiena
Член од
11 март 2007
Мислења
2.752
Поени од реакции
8
site sto ste od family da znaete deka ke se plaka po 50 den vlez za da se soberat pari za da odime vo bitola strumica i kavadarci!!!! taka e odluceno na sostanok
 

Kajgana Shop

На врв Bottom