Интересна статија од Вечер:smir:
Некогаш мораш да загубиш за да победиш
По 20 години Лејкерси се првиот тим кој по поразот во НБА финалето успеал, во наредната сезона, да стане првак во најсилната кошаркарска лига во светот
Додека Коби Брајант танцуваше на теренот, славејќи ја така победата на Л.А.Лејкерс во НБА финалето и четвртиот шампионски прстен, Двејт Хауард тагуваше на клупата со својот тим Орландо. Додека Лејекерски славеа, Хауард размислуваше за своите идни чекори. Го прегрна својот соиграч Нелсон, заедно седнаа на клупата и рекоа дека посакуваат идната година да се искачат на шампионскиот трон.
- Некогаш мораш да загубиш за да победиш, вели Хауард, верувајќи дека се поставени темелите за идните успеси.
По 20 години Лејкерси се првиот тим што по поразот во НБА финалето успеа, во наредната сезона, да стане НБА првак. Во изминатите 62 НБА сезони само девет пати екипите кои губеа идната сезона се враќаа како прваци. Последен пат тоа се случи во 1989 година, кога Детроит Пистонс стана НБА првак, откако претходната сезона загуби во финалето од Л. А. Лејкерс. Во таа серија, во која се играа седум натпревари херојски се истакна Томас, кој играше со повреден глужд. Можеби Пистонси тогаш најмногу ги мотивираше Томас и неговата борба да дојде до врвот. Тоа беше како искачување на едно скалило повисоко. Прво го победија Бостон во финалето на Исток, а подоцна станаа шампиони со триумфот над Л.А.Лејкерс со 4:0. Но факт е дека поразот во НБА финалето значи и тагување за испуштената шанса. Да се присетиме само на годинашниве промашувања на Леј, кој би му донел победа на Орландо Меџик или двете неискористени слободни фрлања на Хауард во четвртиот финален натпревар од серијата против Л.А.Лејкерс.
Интересно е дека Лејкерси додека ги освојуваа трите титули во низа (2000, 2001, 2002), секогаш играа против различни тимови во НБА финалето - Индијана, Филаделфија и Њу Џерси.
Маратонската долга НБА сезона секогаш бара од екипите константност, дисциплина и здравје. Токму повредата на Гарнет е причина зошто Бостон испадна веќе во вториот круг од плеј офот, годинава.
Орландо последен пат беше во финалето во 1995 година, предводен од младите Шекил О'Нил и Пени Хардавеј. Убедливо загубија со 4:0 од Хјустон. Тогаш мислеа дека пред нив ќе има уште шанси за НБА титулата. Наредната сезона ги спречи Чикаго во финалето на Исток. Гледајќи дека не може во Орландо О'Нил замина во Л.А.Лејкерс урнувајќи ги со тоа соништата во Орландо.
- Не можете секогаш да земете здраво за готово дека повторно ќе имаме ваква шанса, вели тренерот на Орландо, Стен Ван Ганди.