Кошаркарите на К.К. Куманово на првиот подготвителен натпревар пред почетокот на новата сезона триумфираа на гостувањето во Гевгелија против тимот на К.К. Кожув со резултат 87 : 73,
Најдобар на теренот во редовите на К.К. Куманово беше новото засилување Вукашин Мандиќ со постигнати 27 поени. Голем допринес во победата даде и црногорскиот репрезентативец Немања Врањеш кој реализира 26 поени. Мишковиќ придодаде 12 поени и 10 скока, додека хрватот Шарлија имаше скромен учинок од 4 поени и 10 скока. Староседелците Младеновиќ и Јаневски постигнаа 12 односно 10 поени.