Некој може ќе рече дека игравме против многу помлади противници, но заради нив КК Кожуф не може да игра квалитетни натпревари, бидејќи играат само за да можат во следната сезона да играат во втора лига, а ако се откажеа ќе играа во трета лига. За тоа цела штета е на клубот кој од 1ви феб. до стартот на следната сезона во септември/октомври ќе има само 4 натпревари против вакви противници. Инаку вчера не играа 4ца од 5те странски кошаркари, од кои 2ца се повредени, а најдобрите играчи на КК Кожуф Домовиќ и Голубовиќ исто не беа во тимот, а поголема минутажа добија оние кошаркари што играа малку во предходните натпревари вклучувајќи ги и младите кошаркари на КК Кожуф. Уште првата четвртина КК Кожуф имаше предност од 30 поени разлика, 2та и 3та се опуштија малку, а последната повторно ги притиснаа кошаркарите на Аба за рекордна победа оваа сезона. Слики од натпреварот ставив на страната на КК Кожуф на facebook.