Фан клуб: Кожуф

Член од
28 ноември 2011
Мислења
141
Поени од реакции
151
Момци вистина ли дека Кожув-Вардар ќе се игра без публика? Сакавме да дојдеме една мала група да возвратиме за Вашето гостување. Поздрав
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.983
Поени од реакции
1.264
Момци вистина ли дека Кожув-Вардар ќе се игра без публика? Сакавме да дојдеме една мала група да возвратиме за Вашето гостување. Поздрав
Вистина е, казнети сме :tapp:
 
Член од
16 април 2009
Мислења
112
Поени од реакции
28
Во среда играме против Аба Струмица на домашен терен, без публика, што значи против Вардар на 28ми ќе има публика. Нови играчи се Петре Цветков, Марио Хасанов и Слободанчо Хаџивасилев сите поранешни играчи на Аба Струмица, а си замина Петар Мариќ.
 
Член од
16 април 2009
Мислења
112
Поени од реакции
28
Во натпреварот без публика КК Кожуф ја демолираше младата екипа на Аба Струмица составен од само 9 играчи со +65 разлика, 133-68 иако не беа во тимот Александар Димитровски и суспендираниот Душан Домовиќ - Булут кој ја одработи казната. Реванш натпреварот ќе се игра утре повторно во Гевгелија, бидејќи Аба е во криза и немало затоплување во салата во Струмица
 
Член од
16 април 2009
Мислења
112
Поени од реакции
28
Во саботата кошаркарите на КК Кожуф одиграа поопуштено и од тренингот, повторно ја совладаа младата екипа на Аба, овој пат со 77 коша разлика или 119-42, и со вкупно 142 поени разлика влегоа во четвртфиналето. Сите играчи постигнаа поени и добија шанса да играат. Денес во 18:00 во Гевгелија ќе има пријателски натпревар помеѓу КК Кожуф и КК Куманово, пред натпреварот во недела против КК Вардар.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.956
Поени од реакции
73.792
И сега ќе смее публика на Кожуф-Вардар или не?
 
Член од
16 април 2009
Мислења
112
Поени од реакции
28
Значи во сабота играат младинците на КК Кожуф со НБА Чаир во 16:00 за младинскиот куп, додека во недела во 19:30 КК Кожуф - КК Вардар. Од предходниот натпревар со КК Вардар засилени сме со 5 нови играчи, во нашиот состав сите тренираат, освен Бојан Томашевиќ кој паузираше неколку тренинга поради повреда и почна да тренира одвоено. Тоа нема да биде проблем бидејќи и така имаме 5 странски играчи, и еден од нив мора да отпадне од 12те играчи за натпреварот. Ќе има публика, а парите од картите ќе бидат наменети за помош на еден играч од подмладокот на КК Кожуф.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.983
Поени од реакции
1.264
КОЖУВ КАКО ФАВОРИТ ЈА ПРЕЧЕКУВА АБА

По пауза од речиси еден месец откако заврши регуларниот дел на сезоната, трите последнопласирани екипи почнуваат со разигрувањето за опстанок во лигата. Првиот меч во Гевгелија е закажан за петок.

Екипата на Кожув, судејќи според квалитетот на поединците, но и според резултатот од последниот натпревар против АБА одигран во Купот, влегува во мечот против Струмичани како голем фаворит. Екипата од Гевгелија на натпреварот одигран на 21 јануари 2012 година победи со 119-42, а доколку успее да го повтори успехот и утре, ќе обезбеди солидни два бода предност во однос на последното место кое води кон Втората лига.


Зимската пауза за екипите од Плејаут лигата, кошаркарите на Кожув ја искористија да одиграат неколку пријателски натпревари, за одржување на формата. Без промени во составот во однос на крајот на Првата лига, тренерот на Кожув, Горан Вркиќ, очекувано е оптимист за обезбедување на посакуваниот опстанок во елитното друштво.



„Ова е доста тежок период за екипите од Плејаут лигата, затоа што практично немаме натпревари и тешко е да ја одржиме формата на играчите“, вели Вркиќ. „Паузата ја искористивме да одиграме пријателски натпревари со Милениум и Струмица, но тешко се наоѓа редовен и квалитетен спаринг-партнер, за зачувување на натпреварувачкиот ритам. Првичната цел во сезоната беше да обезбедиме опстанок и верувам дека ќе успееме во тоа“, продолжи тренерот на Кожув.



Натпреварот во Гевгелија е закажан за петок во 18 часот, а во рамки на ова прво коло од Плејаут лигата, слободен е Вардар. На табелата, скопјани се први со еден бод повеќе од Кожув, односно два повеќе од АБА. Само последнопласираната екипа по шесте кола од Плејаут лигата, испаѓа во второлигашка конкуренција.


http://sportarena.mk/Statija.aspx?id=2194
 
Член од
16 април 2009
Мислења
112
Поени од реакции
28
Некој може ќе рече дека игравме против многу помлади противници, но заради нив КК Кожуф не може да игра квалитетни натпревари, бидејќи играат само за да можат во следната сезона да играат во втора лига, а ако се откажеа ќе играа во трета лига. За тоа цела штета е на клубот кој од 1ви феб. до стартот на следната сезона во септември/октомври ќе има само 4 натпревари против вакви противници. Инаку вчера не играа 4ца од 5те странски кошаркари, од кои 2ца се повредени, а најдобрите играчи на КК Кожуф Домовиќ и Голубовиќ исто не беа во тимот, а поголема минутажа добија оние кошаркари што играа малку во предходните натпревари вклучувајќи ги и младите кошаркари на КК Кожуф. Уште првата четвртина КК Кожуф имаше предност од 30 поени разлика, 2та и 3та се опуштија малку, а последната повторно ги притиснаа кошаркарите на Аба за рекордна победа оваа сезона. Слики од натпреварот ставив на страната на КК Кожуф на facebook.
 
Член од
16 април 2009
Мислења
112
Поени од реакции
28
Поради лични причини екипата на КК Кожуф ја напушти еден од двајцата најдобри играчи, Душан Домовиќ - Булут, и сигурно нема да се бара замена за неговата позиција барем до почетокот на наредната сезона.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom