Фан клуб: ЖРК Вардар

Член од
18 ноември 2013
Мислења
134
Поени од реакции
63
mork moram da ja spomnam
kako edna od podobrite, posle sleduvaat ana gros, alexandra lacrabere, lin sulland, eun he ryu e dosta dobra od korea, deonise cavaleiro, a najdobri pikeri se znae momentalno deka se loke i cvijic, a osven ovie ke gi spomenam nina canto, susan thorsgaard, laurisa landre, isabel blanco, ulrika agren, anastasia lobac...a sto e toa so fijaskoto ne go razbrav?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493

Улрика е бремена, Тофт Хансен кажа :) За овие може да им пречи дека се нон балкан па да скептичат. Иначе ќе ти пишам ПП утре што се случило, не сум на ПЦ а и пресељачко е за на форум.
 
jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.152
Поени од реакции
2.754
Кога ја лапнале Митјиланд оваа Луси Бургард бе ццц.. :eek: абе еден асален десен бек не остана на лагер.
Сигурно ќе пуштат некои од Ники Грот, Лине Јоргенсен или пикерот Сузан Торсгард гледам им истекуваат договорите.Не ми се верува сите да ги задржат сега ако повторно ја изгубат титулата во Данска и играат ЕХФ куп.

Сега кога го имаат Питлик во тим да не искористат да лапнат некоја квалитетна по можност млада Скандинавка нека се утепаат колективно сите.
Осеќам на крај ќе ја испазариме Миланович-Литре или нешто од Русија.
 
Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.934
Поени од реакции
9.568
Немав многу време претходно па сега ке пишам
На Вардар му фалет доста работи за да биде шампион на Европа.
Прво да почнеме од тренерот кој во оваа работа е две години а и начинот на кој ги води тајмаутите е сличен на оној на Шундовски само шо го немат она клавајте голој туку одбрана,одбрана бла,бла,бла. Со овој Данецот претпоставувам ке се средат за наредна сезона овој има познавање и искуство во ракометот кога мислам на познавање мислам на тоа како да организира еден тим од секој можен аспект.
Играчкиот кадар мора да го променат има многу просеци низ тимот и тоа во години и појачаат особено на пикер тука им фали играч и тоа како Алтхаус е добар избор ама за одбрана во напад е буквално изгубен Германец.
Морам да кажам дека сезонава светли точки низ тимов кој покажаа најмногу се дембеле,Пенезик голманките и Алтхаус(во одбраната но и цел товар беше само на неа сезонава) другото просек или под просек беа неконстантни,исто оваа Лекиќ искрено јас ниту во еден момент не видов и не ми докажа дека била број 1 во Европа ракометарка од кога е дојдена во Вардар дури и далеку ми е од број 1 оваа.

Искрено немав ни очекувања да бидат први Вардар особено не после ждребот ама и онака се мачат цела сезона и може некого го прелажа тоа шо ги рокнаа на Ѓер кој цела сезона играт без 3-4 најдобри ракометарки нека бидат Вардар во таква ситуација има и полошо да поминат.Будукност во отсуство на Ѓер мораа да ја искористат шансата и ја искористија буквално се прошетаа затоа шо во моментов едини тим кој може да ги победи се Ѓер(во полн состав) никој друг

Инаку за членот над мене Грот веке е потпишана во Ѓер за наредна сезона а на Вардар еден играч како Морк и квалитетн пикер шо знае да изигра во напад има да ги засили значително и нека размислат за некој од играчите на Динамо бековите опасни шутери се тоа а сигурно може поке да покажат од некој шо ги имаат на клупа и онака Динамо следна сезона не игра Европа ке распродат лесно а и ме чуди шо не се заинтересирани за некоја Бразилка со оглед дека спортов таму е во експанзија а и Светски прваци се Бразилките сигурно ке начекаат ако ништо друго брзи крила од таму
 
akcioner

стартер
Член од
20 февруари 2010
Мислења
174
Поени од реакции
85
Не знам какви им се плановите за наредна сезона, но некако ми делуваат несериозно засега. Од повеќето ракометарки за кои се шпекулираше, па дури и „официјално“ објавија на ФБ, сите веќе потпишаа за други тимови. А на Вардар очајно му требаат пикер, плеј и евентуално десен бек или пак играч кој добро се снаоѓа на таа позиција. Шпанката пикер во Флери, Агрен била трудна, гледам некој ја спомна Милановиќ Литре, оваа потпиша за Крим. Од бекови оние што нешто значат Грот во Ѓер, Гулден и Јоргенсен во Букурешт, а од овие со кои се шпекулираше, Кристијансен за некој дански клуб, Агилар во Ростов.

За десен бек, евентуално Лакрабер или Грос, оваа вторава игра феноменална сезона во Мец, единствено проблем е што не игра во одбрана, а и сега брзо потпиша нов договор. И како што некој спомна некоја од русинкиве исто може да биде добра опција, Кочетова/Дмитриева, кои се снаоѓаат на сите бековски позиции. За пикер немам никаква идеја кого би можеле да донесат, а ако не се лажам имаа изјавено дека веќе сите играчи биле договорени, само се чека да заврши сезоната па да објават.

Е сега ако веќе имаат сериозни планови, односно да одат чекор понапред од претходниве две сезони, тогаш мора така и да делуваат и јасно потребни се квалитетни засилувања. Будуќност би бил истиот тим, евентуално минус Волтеринг, што секако е загуба, но остануваат една страшна екипа. Ѓер се засилија доста, Грот, Томори, Брох, Суланд? и плус се враќаат Аморим и Горбиц. Ларвик останува истиот тим, а и некои нови екипи кои може да бидат опасни, Букурешт, Ростов...

Од друга страна нешто што не верувам да го направат, наместо звучни засилувања да се фокусираат на млади играчи, заедно со оваа една квалитетна постава, евентуално да дадат шанса и на некои од нашиве млади ракометарки, ова секако би било гледање малку подолгорочно, наместо освојување титула по брза постапка.
 
Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.934
Поени од реакции
9.568
Ларвик пред некаде месец дена на норвешки сајт читав дека имаат проблем со финансиите и можно е да го скратат буџетот биле во значителен минус па и доста ракометарки пишуваше дека ке заминат е сега колку е точно или беа само кромид вести ке видиме.
Треба малце на скаутинг да поработат за пикер тоа им е потребно на Вардар најмногу од се неможе да нема пикер квалитетен кој не би дошол во Вардар.
Следната сезона инаку ке е многу поинтересна од оваа ке има доста поквалитетни тимови од оваа кои ке пружат поголем отпор особено мислам на Баја Маре имаат солиден тренер
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Најдоа инвестициски фондови Ларвик, два дена им траеше кризата :)
 
Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.934
Поени од реакции
9.568
Најдоа инвестициски фондови Ларвик, два дена им траеше кризата :)
Па искрено коа прочитав не ми се веруваше толку многу веста беше тазе тогаш објавена кога ја прочитав ама ете скандинавците го решаваат тоа експресно
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Па искрено коа прочитав не ми се веруваше толку многу веста беше тазе тогаш објавена кога ја прочитав ама ете скандинавците го решаваат тоа експресно
и тоа предводник на тие фондови бил некој нивни бивш спонзор, така нешто :)
 
Член од
18 ноември 2013
Мислења
134
Поени од реакции
63
Член од
4 декември 2014
Мислења
314
Поени од реакции
259
Не знам какви им се плановите за наредна сезона, но некако ми делуваат несериозно засега. Од повеќето ракометарки за кои се шпекулираше, па дури и „официјално“ објавија на ФБ, сите веќе потпишаа за други тимови. А на Вардар очајно му требаат пикер, плеј и евентуално десен бек или пак играч кој добро се снаоѓа на таа позиција. Шпанката пикер во Флери, Агрен била трудна, гледам некој ја спомна Милановиќ Литре, оваа потпиша за Крим. Од бекови оние што нешто значат Грот во Ѓер, Гулден и Јоргенсен во Букурешт, а од овие со кои се шпекулираше, Кристијансен за некој дански клуб, Агилар во Ростов.

За десен бек, евентуално Лакрабер или Грос, оваа вторава игра феноменална сезона во Мец, единствено проблем е што не игра во одбрана, а и сега брзо потпиша нов договор. И како што некој спомна некоја од русинкиве исто може да биде добра опција, Кочетова/Дмитриева, кои се снаоѓаат на сите бековски позиции. За пикер немам никаква идеја кого би можеле да донесат, а ако не се лажам имаа изјавено дека веќе сите играчи биле договорени, само се чека да заврши сезоната па да објават.

Е сега ако веќе имаат сериозни планови, односно да одат чекор понапред од претходниве две сезони, тогаш мора така и да делуваат и јасно потребни се квалитетни засилувања. Будуќност би бил истиот тим, евентуално минус Волтеринг, што секако е загуба, но остануваат една страшна екипа. Ѓер се засилија доста, Грот, Томори, Брох, Суланд? и плус се враќаат Аморим и Горбиц. Ларвик останува истиот тим, а и некои нови екипи кои може да бидат опасни, Букурешт, Ростов...

Од друга страна нешто што не верувам да го направат, наместо звучни засилувања да се фокусираат на млади играчи, заедно со оваа една квалитетна постава, евентуално да дадат шанса и на некои од нашиве млади ракометарки, ова секако би било гледање малку подолгорочно, наместо освојување титула по брза постапка.
Се во свое време,има некои преговори со ракометарки али се е уште сведено на разговори.Иначе од младите ракометарки не очекувај ништо повеќе освен добри партии во нашава лига,сее се тоа просечни ракометарки во Европа,ако збориш за Сара,Драгана,и нивна компанија од нив ништо нема да биде како што глеам (дај боже да грешам) им фали дрскост,храброст а веќе се зрели до сеа треба да покажат квалитет да може Инди да смета на нив а не само да дремат по кафиња ипо ФБ,така не се станува врвен ракометар/ка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom