Влатко Костов, екс менаџерот на Ренова и најдобро прогласен менаџер за 2008/09 година во Македонија е неофицијално нов тренер на Еуромилк Горно Лисиче.
Детаљи што дознав за него на неговиот фејсбук профили се овие.
Сите досегашни успеси:
Дата на раѓање: 01.09.1965 г. – Штип, Р. Македонија
1997/1998 – ФК “Осогово” – 1 место во Втора лига
1999/2000 – ФК “Куманово” – 1 место во Втора лига
2003/2004 – ФК “Брегалница” – 1 место во Втора лига
2007/2008 – ФК “Tурново” – 1 место во Втора лига
1998/1999 – ФК “Саса” – Опстанок во Прва лига
2000/2001 – ФК “Куманово” – Опстанок во Прва лига
2004/2005 – ФК “Влазрими” – Опстанок во Прва лига
2006/2007 – ФК “Ренова” – ЧЕТВРТО место во Прва лига
Лето 2008 год. – ФК “Ренова” – Интертото куп
1 Коло:
1. Натпревар: Ријека (Хрватска) – Ренова 0:0
2. Натпревар: Ренова – Ријека (Хрватска) 2:0
2 Коло:
1. Натпревар: Ренова – Бнеи Сахнин (Израел) 1:2
2. Натпревар: Бнеи Сахнин (Израел) – Ренова 1:0
2008/2009 – ФК “Ренова” – ТРЕТО место во Прва лига и пласман во Лига на Европа (УЕФА)
1 Коло:
1. Натпревар: Динамо Минск (Белорусија) – Ренова 2:1
2. Натпревар: Ренова – Динамо Минск (Белорусија) 1:1
2009/2010 – ФК “Ренова” – ПРВО место во Прва лига и пласман во Лига на Шампиони
2003 – 2008 - асистент тренер во млада репрезентација на Македонија (У-21)
2009/2010 - година асистент тренер во
А-репрезентација на Македонија
Носител на ПРО-лиценца
Најдобар тренер во Македонија за 2009 година!
Искрено прв пат слушам за човеков иако има ко што гледам големо искуство. Ако е стварно он тренер на Лисиче, ко прво и основно се надевам дека ќе биде попоштен од досегашното магаре Кочо Димитровски, и се надевам дека со храбра и фер игра ќе се обиде да дојде до добри резултати. Како и да е, со среќа!