Одличен почеток на пролетната полусезона
Победи против Тетекс на Кале (натпревар кој се поклопуваше со ракометот со Кристијанштад), победи над Ангели и Академија ФМП (кога домаќините менуваа термини како им прдне), триумф над Шкупи и одмазда за поразот во Чаир (поинтересно било вон сала со атлетичарите Чаирски
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
, уште еден натпревар кој се поклопи со ракомет против Монпеље), па следуваше триумф над Радовиш на гости и секако првиот пораз на Охрид сезонава.
Комбатите присутни на последните три дуели.
Дуелот со Охрид беше комедии. Полна сала, еден автобус дојден со публика од Охрид. Препуцаваљње во текот на цела утакмица и јако навивање од страна на Комбат.
Вардар го држеше водството цела утакмица, освен Младеновиќ другите не беа кадарни да направат поголеми проблеми, иако не беше он најдобар стрелец. Вардар реално има најак состав во лигата, ама очигледно е дека во секој натпревар играат под притисок за победа, наидуваат на мотивирани противници и стандардно имаат црни минути во кои противниците прават серија.
Во Охрид изгубивме несреќно, Водњански добија меч кој уште 100 пати да се одигра нема да го тепаат (со голема помош од судиите), а уште не можам да си објаснам како сме изгубиле од инвалидите од Чаир.
Радуловиќ беше најдобар со Охрид, а Србиновски и Робев се најдобри од младите. Кочов како тренер на помладите, не смее да си дозволи да промашува чисти ситуации, па дури и едно чисто положување од контра. Клубот нема центри, Зекири со двете леви беше во најмала рака смешен во одбрана против Охрид, а Калов за нијанса подобар. Беспотребно се прават еден куп лични и уште во прва четвртина најважните играчи прават по 3 лични грешки.
Следува гостување кај Пелистер, па дома со Гостивар и на гости со Водњански.
За да завршиме втори, ни требаат или само победа над Гостивар, или две победи во другите дуели, или една победа но под услов да не изгубиме над 11 разлика од Гостивар.
ГОстивар сериозно ќе не нападне со Симиќ мајмуне во нивниот состав, иако Вардар е подобар тим и мислам дека можеме и три победи да нанижеме до крај ако играат сериозно.
@Near Само за тебе да го најавам старо-новото засилување во пресрет на последните мечеви. Војче Бараба се вратио кучи
![Зелен :icon_mrgr: :icon_mrgr:](/styles/default/xenforo/emot/icon_mrgr.gif)