Фан клуб:Вардар!

Член од
2 јули 2010
Мислења
5.872
Поени од реакции
7.295
@Colt Willcox ништо не си видел ти во врска со него брат :D
На сред утакмица ги тераше за грешка да прават склекови децата.
После утакмица,трчаа ако изгубат :D
Јас дур бев дете уште во Јуниор кога беше тренер(после тоа ја отвори сам школата Феникс) памтам во Унгарија на турнир,го дупев дека не знам кај е wc-то (а знаеше дека знам)и ми се улета со 200 км/ч да ми акне шамар.
А ја копиљ од 14 години.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.683
@Colt Willcox ништо не си видел ти во врска со него брат :D
На сред утакмица ги тераше за грешка да прават склекови децата.
После утакмица,трчаа ако изгубат :D
Јас дур бев дете уште во Јуниор кога беше тренер(после тоа ја отвори сам школата Феникс) памтам во Унгарија на турнир,го дупев дека не знам кај е wc-то (а знаеше дека знам)и ми се улета со 200 км/ч да ми акне шамар.
А ја копиљ од 14 години.
И вчера лепна еден шамар :D
На полувреме ги отече судиите, сто разлика губат, он се буни, се буни :D
Негооо, зашто се откажавте од лига бе? :D
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.872
Поени од реакции
7.295
И вчера лепна еден шамар :D
На полувреме ги отече судиите, сто разлика губат, он се буни, се буни :D
Негооо, зашто се откажавте од лига бе? :D
За нив не знам зошто се откажале,јас сменив клуб на полусезона :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.683




Пиротехничко шоу на трибините на Комбат, зачинето со КАТАСТРОФА НА ТЕРЕНОТ...

Академија ФМП ни одржа лекција по кошарка, на крај сме пресреќни со пораз од само 6 разлика.
Вардар-Академија ФМП 60-66!
Среќа голема е што Ангели успеаа да ги добијат Академија ФМП минатата недела, инаку ќе се збогувавме од првото место. Вака, благодарение на триумфот од 63-71 кај Академија во првата полусезона, поради подобар меѓусебен дуел, ќе финишираме пред нив во случај на ист број бодови.
Во моментов имаме ист број на бодови, а до крај они имаат натпревар со Пробаскет во Пробиштип, а ние со Марфил во Прилеп. Ако тепаме во Прилеп, тогаш ќе завршиме како први со сигурност. Со пораз, ќе бидеме втори доколку Академија ФМП слави во Пробиштип.
Додуша, засега се планира две екипи од трета лига да влезат во втора, ама мене некако не ми е сигурно ова, иако Комбат веќе го прославија влезот во една лига погоре...

За денешната утакмица што да се каже, Академија ФМП поведе со 10-тина коша разлика уште во првите пет минути. Успеавме некако да намалиме на пристојни 4 поени разлика, за да почнеме да играме катастрофално и со серија 2-15, да ни направат 16-33...
Ништо не ни одеше од рака, единствено Мичо беше на ниво денес и тоа со играта под кош. Кочов волку слободни не промашил цел живот. Едно слободно не можеше да погоди...
Гостите имаат еден одличен играч, а богами и доста беа уиграни, не утепаа со добри акции.
Додуша, со Бране на теренот, ние исто како со играч помалце да игравме и баш во тие моменти ни направија разлика, пошто ништо не чуваше во одбрана :D Второ полувреме си седна на клупата и си се облече во тренерки. Имавме само 7 играчи, од кои едниот беше Бране кој беше тука да пополни место.
Срамота е колку малце се вложува во сениорскиот тим, а ете и мечот беше закажан во петок, бидејќи младите ќе оделе на турнир во Австрија, а со нив и неколу играчи на сениорите кои се тренери во поладите категории.
Петровски беше одличен во прва лига пред 4-5 години, сега кош не може да даде. Недостасуваше Нацевски, Робев направи три лични во краток период, иако повеќето не ни беа фаули, претеруваше малце судијата, па голем дел од мечот го преспа на клупа. Конзулов се изнапромашува, ич немаше среќа во шутот...
Гостите имаа две солидни петорки, и доста искусни играчи во составот :D
Губевме и повеќе од 20 разлика, мислам дека беше 34-57 во еден момент.
На крајот фативме залет и успеавме да го намалиме противничкото водство до посакуваната разлика под 8 поени...

Да се надеваме дека од идна година посериозно ќе се работи и во сениорската категорија :icon_mrgr:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.683
Две победи на стартот од второлигашката сезона го издвојуваат Вардар како еден од кандидатите за пласман во првата лига, иако мислам дека тимот и нема некои амбиции годинава. Охрид има најдобар тим, би требало да завршат први, а другите екипи се тука некаде...

Тетекс-Вардар 81-93
Вардар-Ангели 72-59

Најпрвин да споменам дека тимот годинава настапува под единствено име откако како што беше најавено Апаве се распадна и остана единствениот Вардар. Повеќето кошаркари се оние кои лани настапуваа за Апаве (младинците на Вардар), додека од тимот кој играше во трета лига има само неколку. Тимот го напуштија Даниел Нацевски кој замина за Кожуф, Мичо на Пино дечкото отиде во Водњански Лисици, Марко Огњаноски настапува во Ангели, додека Ефремовски од младинците замина за Работнички. Интересно, во втора лига во еден од конкурентите настапува Војче Лефковски кој го носи дресот на матичниот клуб Гостивар :D

Дресот на КК Вардар во новата сезона ќе го носат Ѓорѓи Кочов (31 година), Игор Ивановиќ (22 години), Дејан Лазаревски (22 години), Илија Ристевски (22 години), Виктор Петров (22 години), Јетмир Зекири (19 години), Јетон Фета (18 години), Мартин Шалев(19 години), Методија Бешлиоски (19 години),Дамјан Робев (18 години), Дејан Србиновски (18 години) и Бојан Серафимов (18 години) и Андреј Мицковски (16 години).

Распоредот за оваа полусезона е:
Тетекс-Вардар
Вардар-Ангели
Вардар-Академија ФМП
Шкупи-Вардар
Вардар-Радовиш
Охрид АВ-Вардар
Вардар-Пелистер
Гостивар 2015-Вардар
Вардар-Водњански Лисици

Тимот го води Борче Христовски, а денес им даде шанса само на дел од кошаркарите. Ивановиќ и Лазаревски се единствените двајца кои останаа од шампионските младинци генерации од претходните неколку години. Од ланските младинци останаа скоро сите, ама мора да се потенцира дека клубот нема квалитетен висок играч. Се крпи некако со Шалев и Зекири, ама многу се слаби при скоковите, им испаѓа топката од рака, а станува збор за младински репрезентативци. Декица Лазаревски уште глуми недопирлив на теренот. Поради него можеа да загубат денес. Не му додадоа во една акција, па почна да прави глупи фаули, па сите му беа криви и за инает шутираше од каде стигне, па кога го извадија уште им подвикна на клупата :facepalm:
Робев си растури денес, мислам дека конечно Вардар ќе извади посолиден играч, а не како шампионската генерација на Лазаревски :icon_mrgr: Дечкото е 97-ма генерација, а има толку мек шут што репрезентативците може да му позавидат :icon_mrgr: И лани во трета лига беше одличен, а денес постигна над 20 поени против Ангели. Плус ги измести во една акција и закуца преку противникот, за еуфорија на трибините :icon_mrgr:
Уште еден млад играч се издвојуваше иако вака не ми е познат. И тој како и Робев има 18 години и се вика Серафимов. Во минутите што ги доби беше главен плејмејкер, неколку пати ги изигра убаво, а имаше и добри додавања со криви очи :icon_mrgr: Неоправдано беше заменет со Лазаревски, а поради него Вардар од предност од 15-тина поени, дојде до тоа да спасува победа во последните минути. Ангели намалија на 61-59 на три минути до крај и имаа напад. Судиите беа тоталка изгубени, имаа еден куп нерезонски одлуки на двете страни. Во тие моменти не им одеше ништо на нашите, Зекири сто топки испушти од раце, Шалев мавна неколку банани, ама и тој беше дрво, подобар шут имаат од далеку, отколку што знаат да одиграат под кош. Среќа, Кочов искусно превзема се во свои раце и одлично ги одработи последните минути во кои направивме серија 11-0 :D
Мора да се признае дека одлично не служеше шутот, буквално ран енд ган кошарка :D
Сигурно над 30 поени Вардар постигна од тројка, од дома да фрлеа ќе погодеа денеска :icon_mrgr:
Ангели исто имаат подобра екипа од лани, не се килавици како во трета лига, па видовме еден добар меч во кој Вардар реално заслужи да победи и стигна до втората победа.
На трибините присуствуваа и 30-тина членови на Комбат, ама без некоја посериозна поддршка. Мислам дека лани во трета лига знаеше да има и повеќе публика, ама тоа е тоа :icon_mrgr:

Наредно коло мора да се оди на трета победа против ФМП, а потоа следи дербито со НБА Чаир ака Шкупи во Чаир :icon_mrgr:
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
5.555
А овие двајцава по Рамковен се? Од кај залутале овие у Вардар. :D

Sent from my HTC One M9 using Tapatalk
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.683
Jetmir Zekiri od Butel 2 e.Zaedno treniravme vo junior pred 7-8 godini :D.
Drvo si bese porano,drvo i si ostanal.
Се оправи на претходнава утакмица, имаше три забивања и една тројка :D
Кога ја закуца преку противничка играч, брат му се напали како млад мајмун во публика, пет минути за глава се држеше :icon_mrgr:

Вардар-Академија ФМП 76-37!!!
Лесно излеговме на крај со екипата која лани успеа да не добие во Кале во третата лига. Противниците играа со скоро ист состав и се држеа една четвртина. По првите 10 минути се замина на пауза со резултат 14-11 во четвртина во која водеа и двете екипи и се менуваа наизменично во водство :icon_mrgr: Во втора четвртина гостите НЕ ПОСТИГНАА НИЕДЕН ПОЕН ОД ИГРА и само еден од слободно, притоа го добивме делот со 27-1 и го решивме победникот.
Се расшутираа нашите за тројка одново, Ивановиќ беше ударната игла погодувајќи три тројки во серија, Шалев погоди две, Кочов една, сите рецкаа од далеку :icon_mrgr: Робев имаше слаб меч, а ѕвездата Лазаревски имаше улога на диџеј од делегатската клупа, па може затоа толку лесно победивме :icon_mrgr:
Ивановиќ постигна околу 20 кошеви, Шалев и Зекири истотака отидоа над 10, Серафимов одново имаше добри асистенции, Кочов беше солиден, а шанса добија сите кошаркари. Во цела последна четвртина играа некои што прв пат ги гледам во животот и мислам дека сите се запишаа на листата на стрелците, па дури и едно дете што е 1999 годиште. Нормално, и тој рецна тројка :icon_mrgr:
КК Вардар ала Финска репрезентација :icon_mrgr: Утнавме едно 20 слободни во текот на натпреварот, сигурно подобар процент за три имавме отколку од слободно :D
Моментот на мечот беа единствените поени на еден од противничките кошаркари кој е долгогодишен член на Комити, поени кои беа поздравени со аплауз :D И секако, плејмејкерот на противниците си отиде на крај на трета четвртина, пошто му почнуваше смената на работа. Си излезе од сала во џандарската униформа :icon_mrgr:
На крај од дуелот, имаше пиротехничко шоу на Комбат кои прославија 4 години дружба (по реоформувањето). Имаше одлично навивање во текот на целиот дуел, грмеше салата :icon_mrgr:


 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.683
Не се од школата на Вардар, од НБА Чаир се... сегашно Шкупи//
Ако идеме до толку во минатото, имаат играно во неколку тимови, али вреди да се напомене дека играа и во младинци на Вардар пред да почнат да играат во сениорскиот тим :D
 
Член од
25 мај 2012
Мислења
5
Поени од реакции
1
Ако идеме до толку во минатото, имаат играно во неколку тимови, али вреди да се напомене дека играа и во младинци на Вардар пред да почнат да играат во сениорскиот тим :D
Грешка си, ланската сезона дојдоа и двајцата и Зекири играше 2ра лига и младинска М-20, а Фета играше 2-ра лига и младинска М-18.
Двајцата во сезоната 2013/14 беа членови на Лирија(не постои веќе)...
2014/15 дојдоа во Вардар
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.683
Победа над Гостивар на нивни терен и торпедирање на Пелистер во Кале, за зацврстување на втората позиција.
Многу работи се сменија од мојот последен пост на темава.
Ги донесовме искусниот Радуловиќ и ланскиот центар Гоце Делчев од Штип, Калов.
За малце ни избега победа во дербито во Охрид, но потоа се поправивме на двете дерби средби.

ВАРДАР-Радовиш 93-77
Охрид-ВАРДАР 83-75
ВАРДАР-Пелистер 86-57
Гостивар-ВАРДАР 72-83

После 8 кола, Вардар е на втората позиција со 6 победи и 2 порази колку што има и Пелистер.
Киксиравме со Шкупи и тоа може скапо да не кошта, ама сепак со екипата која ја склопивме треба да немаме никакви проблеми да дојдеме барем до второто место. Охриѓани не поразија благодарение на Младеновиќ, буквално не растури дечкото. Во Скопје ваљда ќе паднат и они...
Останува уште дуелот со Водњански Лисици следниот викенд.
 
Член од
25 мај 2012
Мислења
5
Поени од реакции
1
Тони Симиќ, го засили Гостивар, после поразот од нас.
Ќе биде интересно до крај...
Да се надеваме на сите победи до крај, реално само Пелистер е тешко гостување...
Пораз на Охрид од Вардар, би донел доста шанси и се чека само на втор пораз на Охрид, што можат да го доживеат на гости кај Водњански, гости Пелистер и некако да се понадеваме дома Гостивар...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom