Фан клуб:Вардар!

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Знам дека скоро сите се навиваат за други тимови ама еве да отворам и ваква тема за Вардар to e to
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
КОШАРКА - КОСМОФОН СУПЕРЛИГА
Блажевски смирен како против Реал
Ветеранот погоди две слободни на неполни 4 секунди до крајот за победа на вардарци
Со победите во 9. коло од Космофон суперлигата, екипите на Вардар О. и С. Пелистер им се приклучија на Струмица и Ф. Работнички во плејофот и ќе разигруваат за титулата во кошаркарското првенство на Македонија. За МЗТ и Фени И. сезоната во лигата завршува со последното 10. коло утре и задутре.

Ветеранот Перо Блажевски беше херојот на Вардар што потсети на историската победа на МЗТ против Реал. Тој, како и тогаш, погоди две слободни на неполни 4 секунди до крајот за победа на вардарци од 69-68 против лидерот Струмица. Блажевски „експлодира” во последните 10 минути (14 поени). Струмица водеше речиси цел меч. Скопјани првпат поведоа по тројката на Совковски (57-56).

Со победата во Кавадарци, благодарение на извонредната надворешна линија, битолчани си осигураа место во плејофот. Кај Фени единствено скокачите Пауновиќ и Михајловски одржуваа приклучок. Двајцата имаа дабл-дабл учинок (Пауновиќ 16 поени и 11 скока, Михајловски 19 поени и 12 скока). Пелистер веќе во првото полувреме создаде предност од 10 разлика. Домаќинот со двете тројки на Јулин по ред дојде до минус 4, но немаше сили за пресврт.

Табела: Струмица 45 бода, Фершпед Работнички 44, Вардар О. и С. Пелистер по 40, МЗТ Скопје 38, Фени 33.

Идно коло (утре и задутре): Струмица - Ф. Работнички, Вардар О. - Фени и С. Пелистер - МЗТ Скопје.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Каков Вардар,тие на натпревар немаат повеќе од 15 навивачи и тоа девојките и роднините на играчите.А да не зборам за нивното ланско играње на мајсторката со МЗТ во Куманово за да има помалку навивачи на Фемили.
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Ја не реков дека навивам за Вардар туку има за секоја екипа тема па еве и за Вардар да има to e to
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Да де имам приметено дека навиваш за МЗТ само викам дека оваа тема нема да биде многу полна со коментари :wink: Сепак мислам дека имаат и Вардар шанси за титулата со оглед на тоа дека Струмица падна во форма а Работники оваа година не е толку јак како изминативе.
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
The Mummy Returns напиша:
Да де имам приметено дека навиваш за МЗТ само викам дека оваа тема нема да биде многу полна со коментари :wink: Сепак мислам дека имаат и Вардар шанси за титулата со оглед на тоа дека Струмица падна во форма а Работники оваа година не е толку јак како изминативе.
Вардар има шанси како што рече Струмица се повеќе паѓа а за Работнички незнам мислам дека они се добри.
п.с Ја отворив за сите информации во врска со Вардар да ги ставиме тука:helou:
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Вардар ја обезбеди третата позиција Кошаркарите на Вардар осигурување по завчерашната победа против Фени индустри (78-73) го завршија регуларниот дел од првенството на Македонија со пласман на третата позиција. Четвртото место му припадна на Свислајон Пелистер, кој лесно го совлада МЗТ Скопје (85-79), иако лигашкиот дел го заврши со ист број бодови како и „вардарци“.
Црвено-црните до подобриот пласман пред плејофот дојдоа поради подобриот скор во меѓусебните дуели со битолчани. Дилемата против кого овие два тима ќе играат во полуфиналето од плејофот се решаваше синоќа во Струмица каде што во директен дуел домашните кошаркари и Фершпед Работнички го решаваа прашањето околу пласманот на првото место на табелата.
Избраниците на тренерот Марјан Лазовски потешко од очекувањата го совладаа кавадаречкиот прволигаш, кој одамна се прости со шансите за пласман во доигрувањето. Кошаркарите на Вардар одиграа добро во првата четвртина, многу брзо обезбедија двоцифрена предност, која ја одржуваа до финишот од третата четвртина. Но, тогаш се случи нејасен пад во играта на вицешампионот, кој им дозволи на гостите од Кавадарци со серија 21-11 дури и да дојдат до водство во 33. минута (63-62). Сепак, во тие моменти се разбудија Кирил Павловски и Горан Самарџиев, кои постигнаа десетина поени во серија донесувајќи му ја драгоцената победа на својот тим.
Доминиканецот Карлос Морбан со 18 поени беше најефикасен кај Вардар додека Самарџиев постигна 14 поени. Кај Фени И. во најдобро светло се прикажаа Борче Даскаловски (17 поени) и Дејан Вегов (15 поени).
Во Битола домашниот Пелистер немаше голема мака да го совлада ослабениот и деморализиран тим на МЗТ Скопје. Пелистерци одиграа колку што требаше, чувајќи дел од силите за претстојната завршница од Купот на Македонија (12-15 април). Гостите од Скопје, пак, повторно настапија без повредените Димче Гаштарски и Дарко Радуловиќ и со мислите повеќе размислуваа за куп-предизвикот што ги очекува отколку на мечот против битолскиот ривал, кој апсолутно ништо не решаваше за нив.
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Вардар Осигурување е првиот полуфиналист на завршниот турнир од Купот на Македонија. Екипатдство во целиот негов тек. Екипата, која заврши на 3. место во регуларниот дел од Космофон Супер лигата победи со : во натпревар, во кој имаше сигурно водство во целиот негов тек.
“Вардарци“ му дадоа до знаење на противникот дека нема што да бара на оваа средба со серијата од 18:0, која им ја донесе предноста од 39:18. Во тој период блескаа Морбан (18 поени и 10 скокови), Блажевски и Самарџиев, кои на крајот беа најзаслужни за победата на својот тим.
Слободан Михајлоски, со 15 поени и 9 скокови беше прво име во редовите на Фени Индустри.

- Моите играчи се поискусни и тоа беше пресудно за конечниот исход на средбата. Тие се неискусен и млад тим, и сметам дека тоа им попречи денеска да одиграат подобро и да дадат поголем отпор. - изјави тренерот на Вардар Осигурување, Марјан Лазовски
 

SANCTIMONIOUS

Мејд Ин Мацедониа
Член од
21 март 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
9
Честитки на вардарци за ЗАСЛУЖЕНО освоениот куп!
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Вардар Осигурување влезе во историјата на македонската кошарка, освојувајќи го својот прв трофеј по независноста на нашата држава. “Вардарци“ славеа во финалето на националниот Куп против Струмица 2005 со 73:66.

Натпреварот започна лошо за Вардар Осигурување. Кошаркарите на Струмица 2005 водеа во резултатот во најголем дел од првото полувреме, и покрај тоа што во финишот резултатот беше израмнет. Во третата четвртина повторно Струмица 2005 водеше, се до неверојатниот финиш на средбата на играчите на Вардар Осигурување. Водени од Самарџиев и Ѓуров “црвено-црните“ прво ја анулираа предноста на противникот, за во 34. минута за првпат и да поведат со 50:48. До крајот на средбата тие ја зголемија предноста и сосема заслужено триумфираа.

- Натпреварот беше тежок за нас. Стартувавме лошо, за пополека да влегуваме во ритам, што дојде до израз во последната четвртина. Во тој период одигравме одлично, и на крајот сметам дека триумфиравме сосема заслужено. - изјави тренерот на Вардар Осигурување, Марјан Лазовски.

Трофејот МВП на финалниот натпревар го понесе Карлос Морбан од Вардар Осигурување. Тој беше најефикасен играч на средбата со 25 поени и имаше голема заслуга за победата на неговиот тим. Морбан е и прв стрелец на турнирот со 65 поени. Клупскиот колега на Морбан, Марјан Ѓуров, ја понесе титулата најдобар одбрамбен играч во машка конкуренција

ЧЕСТИТКИ И ОД МЕНЕ
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Честитки за освоениот куп и од мене. Заслуживте!
 

Don Corleone

I'll make you an offer you cannot refuse
Член од
8 април 2007
Мислења
82
Поени од реакции
0
The Mummy Returns напиша:
Каков Вардар,тие на натпревар немаат повеќе од 15 навивачи и тоа девојките и роднините на играчите.А да не зборам за нивното ланско играње на мајсторката со МЗТ во Куманово за да има помалку навивачи на Фемили.
Епа, тоа е жално освојувач на купот да нема навивачи, а овие кај нас во Битола имаат 5000 навивачи и пак ништо, за џабе.
Честитки до вардарци, ако има такви на форумов:toe:
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Don Corleone напиша:
Епа, тоа е жално освојувач на купот да нема навивачи, а овие кај нас во Битола имаат 5000 навивачи и пак ништо, за џабе.
Честитки до вардарци, ако има такви на форумов:toe:
Како што рече Самарџиев ги има но во многу мал број...
Јас викам дека нема такви јас не сум видел на ниту еден натпревар навивачи на Вардар односно не сум ги видел Комитите можно е најблиските на кошаркарите кој играат за Вардар да ги сметаат за навивачка група:lud:
 
П

Паспарту

Гостин
imale navivacka grupa ili nemale pobedija vo kupot taka da nie ke diskutirame sea dali e podobro da imas titula,a da imas po 200-300 gledaci prosek ili da imas 2 - 3000, a koj ke stigne da te pleska ko magare :eek:lee:

a ako ve interesiraat detali zaso nema navivacka grupa otidete na forumot na komiti sve ke vi se razjasni

p.s. i ne se komiti oficijalni navivaci na kk vardar nego toa e podgrupata na komiti combat 87 :helou:
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Поарно да немаш навивачка група во таква смисла, отколку еден куп недоделкани деца кои прават инциденти и го срамат името на клубот.
Постојат луѓе кои цел век го пратат клубот, се интересираат за него, живеат за него, и се многу повеќе од некоја багра која на натпревари одат да се напијат нешто гага. Секој клуб има такви вистински пријатели.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom