Две победи на стартот од второлигашката сезона го издвојуваат Вардар како еден од кандидатите за пласман во првата лига, иако мислам дека тимот и нема некои амбиции годинава. Охрид има најдобар тим, би требало да завршат први, а другите екипи се тука некаде...
Тетекс-Вардар 81-93
Вардар-Ангели 72-59
Најпрвин да споменам дека тимот годинава настапува под единствено име откако како што беше најавено Апаве се распадна и остана единствениот Вардар. Повеќето кошаркари се оние кои лани настапуваа за Апаве (младинците на Вардар), додека од тимот кој играше во трета лига има само неколку. Тимот го напуштија Даниел Нацевски кој замина за Кожуф, Мичо на Пино дечкото отиде во Водњански Лисици, Марко Огњаноски настапува во Ангели, додека Ефремовски од младинците замина за Работнички. Интересно, во втора лига во еден од конкурентите настапува Војче Лефковски кој го носи дресот на матичниот клуб Гостивар
Дресот на КК Вардар во новата сезона ќе го носат Ѓорѓи Кочов (31 година), Игор Ивановиќ (22 години), Дејан Лазаревски (22 години), Илија Ристевски (22 години), Виктор Петров (22 години), Јетмир Зекири (19 години), Јетон Фета (18 години), Мартин Шалев(19 години), Методија Бешлиоски (19 години),Дамјан Робев (18 години), Дејан Србиновски (18 години) и Бојан Серафимов (18 години) и Андреј Мицковски (16 години).
Распоредот за оваа полусезона е:
Тетекс-Вардар
Вардар-Ангели
Вардар-Академија ФМП
Шкупи-Вардар
Вардар-Радовиш
Охрид АВ-Вардар
Вардар-Пелистер
Гостивар 2015-Вардар
Вардар-Водњански Лисици
Тимот го води Борче Христовски, а денес им даде шанса само на дел од кошаркарите. Ивановиќ и Лазаревски се единствените двајца кои останаа од шампионските младинци генерации од претходните неколку години. Од ланските младинци останаа скоро сите, ама мора да се потенцира дека клубот нема квалитетен висок играч. Се крпи некако со Шалев и Зекири, ама многу се слаби при скоковите, им испаѓа топката од рака, а станува збор за младински репрезентативци. Декица Лазаревски уште глуми недопирлив на теренот. Поради него можеа да загубат денес. Не му додадоа во една акција, па почна да прави глупи фаули, па сите му беа криви и за инает шутираше од каде стигне, па кога го извадија уште им подвикна на клупата
![Facepalm :facepalm: :facepalm:](http://forum.kajgana.com/styles/default/xenforo/emot/facepalm.gif)
Робев си растури денес, мислам дека конечно Вардар ќе извади посолиден играч, а не како шампионската генерација на Лазаревски
![Зелен :icon_mrgr: :icon_mrgr:](/styles/default/xenforo/emot/icon_mrgr.gif)
Дечкото е 97-ма генерација, а има толку мек шут што репрезентативците може да му позавидат
![Зелен :icon_mrgr: :icon_mrgr:](/styles/default/xenforo/emot/icon_mrgr.gif)
И лани во трета лига беше одличен, а денес постигна над 20 поени против Ангели. Плус ги измести во една акција и закуца преку противникот, за еуфорија на трибините
![Зелен :icon_mrgr: :icon_mrgr:](/styles/default/xenforo/emot/icon_mrgr.gif)
Уште еден млад играч се издвојуваше иако вака не ми е познат. И тој како и Робев има 18 години и се вика Серафимов. Во минутите што ги доби беше главен плејмејкер, неколку пати ги изигра убаво, а имаше и добри додавања со криви очи
![Зелен :icon_mrgr: :icon_mrgr:](/styles/default/xenforo/emot/icon_mrgr.gif)
Неоправдано беше заменет со Лазаревски, а поради него Вардар од предност од 15-тина поени, дојде до тоа да спасува победа во последните минути. Ангели намалија на 61-59 на три минути до крај и имаа напад. Судиите беа тоталка изгубени, имаа еден куп нерезонски одлуки на двете страни. Во тие моменти не им одеше ништо на нашите, Зекири сто топки испушти од раце, Шалев мавна неколку банани, ама и тој беше дрво, подобар шут имаат од далеку, отколку што знаат да одиграат под кош. Среќа, Кочов искусно превзема се во свои раце и одлично ги одработи последните минути во кои направивме серија 11-0
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Мора да се признае дека одлично не служеше шутот, буквално ран енд ган кошарка
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Сигурно над 30 поени Вардар постигна од тројка, од дома да фрлеа ќе погодеа денеска
![Зелен :icon_mrgr: :icon_mrgr:](/styles/default/xenforo/emot/icon_mrgr.gif)
Ангели исто имаат подобра екипа од лани, не се килавици како во трета лига, па видовме еден добар меч во кој Вардар реално заслужи да победи и стигна до втората победа.
На трибините присуствуваа и 30-тина членови на Комбат, ама без некоја посериозна поддршка. Мислам дека лани во трета лига знаеше да има и повеќе публика, ама тоа е тоа
Наредно коло мора да се оди на трета победа против ФМП, а потоа следи дербито со НБА Чаир ака Шкупи во Чаир
![Зелен :icon_mrgr: :icon_mrgr:](/styles/default/xenforo/emot/icon_mrgr.gif)