Баш чекам да искочат официјалните состави на екипите, па да скопчам некои работи
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Во муабет со некои од децата од младинските тимови, разбрав дека Апаве се тргнал како спонзор (што според сликине од ФБ не ми се совпаѓа некако
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
).
Иако младинските погони се викаат КК Вардар, сепак тие се поврзуваат со сениорскиот тим КК Вардар Апаве, кој од годинава требаше според некои гласини да продолжи само како КК Апаве, додека КК Вардар да си почне од трета лига.
КК Вардар ќе почне од трета лига, ама тимот во втора лига истотака ќе има Вардар во името...
(иако во првиот билтен на МКФ стои само КК Апаве, сепак во нивната табела е внесено КК Вардар Апаве).
Они немаат пријавено тренер, ама претпоставувам дека тимот ќе го води Бранко Андриевски.
На КК Вардар како тренер е пријавен Слободан Кечовиќ, лик кој го памтам од натпреварите на Вардар од пред 3-4 години, секогаш беше на клупата, само не се сеќавам дали беше тренер или имаше некоја друга улога во клубот
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Е сега, во разговор со лицата поблиски до КК Вардар (третолигашот и тимот кој ќе се бодри оваа година), дознав дека воопшто тимот не ни има собрано екипа, туку ќе играат рекреативци,којзнае и дали ќе се одржуваат тренинзи.
КК Апаве најпрвин пријавиле екипа во младинските лиги (и КК Вардар и КК Апаве има пријавено екипа), но на крај истата ја повлекле.
Што ме чуди сега, ако Апаве се тргнал од второлигашкиот тим и ако своеволно пријавиле младинци па после ги тргнале, тогаш чиви се младинците КК Вардар, дали на второлигашот или третолигашот?
Ми треба потврда, иако прилично очигледно е дека се младинци како дел од второлигашот...
Во школите се префрлени Филип Кралевски и Ѓорѓи Кочов, а моја претпоставка е дека сеуште ќе играат и за второлигашкиот состав во сениорска конкуренција.
Вчера младинците победиле со 55-98 во Градски парк против Работнички, ама за младинци играле и Дејан Лазаревски, Нацевски, Димитар Илиевски (кој дојде од Куманово лани), Игор Ивановиќ итн. Струја им бапнал 16 коша, а некој Робев 17 поени.
http://www.fibalivestats.com/u/MSL/72925/#ASFSK
Не сум знаел дека уште имале право да настапуваат за младинци Лазаревски и Ивановиќ...
Чим играле за младинциве, значи ќе играат и за второлигашот во сениорска конкуренција.
Кај Работнички играл Ненад Станков, а гледам дека го земале и тој што им беше најдобар на НБА Чаир, Алаудин Мустафа...
Заклучок од целиов пост ми е дека Апаве се тргнал од Вардар, ама клубот останува да се вика КК Вардар Апаве, затоа што во меѓувреме се активира третолигашкиот клуб КК Вардар (кој патем лани не доби дозвола за настап во втора лига и практично сите преминаа во КК Вардар Апаве и тој клуб сеопшто се прифати за наследник на стариот КК Вардар) и не можат да имаат исто име. Притоа младнците кои се дел од второлигашот, играат под името на третолигашот, што е ЕКСТРЕМНО ГЛУПО...
Многу конфузна е ситуацијава со Вардар у пм
EDIT: Ми објаснија по брза постапка, интересна иднина не очекува после кажаното
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)