Саше вчера заедно гледавме, ти честитав победа и тоа е готова работа. Ама сепак има разлика меѓу глумата на Гејналдо и карате ударите на Балак. Значи Ферги го напаѓа дека удрил неспортски и тоа е целата поента, глумењето на Балак е друга работа и навистина е лош глумец, а многу добар маалски тепач
Ферги изјави и пред тоа дека Челзи се најсериозни кандидати на Јунајтед, а и Анчелоти рече дека најголеми конкуренти ќе им се Јунајтед
Стварно, со чест на исклучоци, многу на форумов пишуваат само колку да билдаат постови
Кажав и погоре, прочитајте убаво, Ферги не се буни за голот туку за неспортската игра на Балак!
15 пати честитав победа ама пак некои се фаќаат за работи кои немаа врска со ова што го збори Ферги ама јас не планирам повеќе да објаснувам, кој има малку во главата ќе свати, кој нема, не можам да му помогнам:helou:
Балак не е глумец, Балак е тенк, Балак е копито, Балак е коњ, тоа е неговиот најголем квалитет, и колку да се буни Фергусон, Балак не направи ништо поопасно од насилничкиот старт над него од страна на Евра со две нозе, кој заработи и жолт картон за тоа ако не се лажам. Балак не останува должен, па 34 години има, не е вчерашен да не го знајме, несреќата ваша е шо тој фаул над евра не беше свирнат заради тоа шо Руни и Керик мислам, продолжија со игра, не ја исфрлија топката бидејќи беа на 20-25 метри од гол, а кога ја изгубија, се надеваа на прекин на игра. Ако тие не ја исфрлија, зошто тоа би го правел Лампард од позиција за шут? :smir:
Единствено спорно е, Балак требаше после тоа да заработи жолт картон, после голот, како прв прекин по споманатата спорна ситуација. Ама се виде дека Фој е за пензија.
Ферги ако се сеќаваш лани исто почна војна со зборови и поротив Сколари кој потоа не издржа во англискиот фудбал и беше заменет.
Анчелоти мислам дека е подобар бидејќи водел фудбалски клуб, а не репрезентација(Бразил) која и јас да ја водев тогаш ќе станев светски шампион
Јас кажав во некои мои постови поназад дека годинава Челзи има поголеми шанси од Јунајтед не само поради подобриот тренер што ќе го имаат туку и поради тоа што екипата остана непроменета!
Со среќа во новата сезона и ви посакувам многу успеси и кој е поснаодлив нека победи:smir:
п.с. барем тие што сме вистински навивачи да ги смируваме ситуациите и да не дозволуваме да излезат од контрола:smir:
Војна со зборови, па еве, тренеров наш од кој свињата би се навредила ако ја споредувале со него, возврати дека, играчите не го виделе Евра дека лежи најверојатно, и затоа продолжиле. :pos2:
Екипата е непроменета, во право си, ама проблемите се други. ПРво, екипата која и така беше релативно стара, сега е една година постара. И второто, на Куп на Африка заминуваат двајцата многу битни играчи на Челзи, и двајца кои неретко се во почетен состав, шо ќе се осети многу во Премиер Лигата. Ќе треба да чекаме блесок на Стуриџ, Ди Санто ако се врати, не можам од Шевченко кој одвај оди да очекувам појќе од пет голови. На средината ќе треба да се надеваме да нема повреди, иако лошо тргна со Жирков, кој поспоро ќе се опорави изгледа и од Нани, кој незгодно падна и го измести рамото.
Знајш како инаку, не само за фудбал, јас стално гледам да не се занимавам со поминати ситуации, од едноставна причина шо, не можат да се променат. Есиен да ја исфрлеше топката од шеснаесетник наместо трпаво да ја промаши во полуфиналето со Барса, Иниеста немаше дај да гол; Љубош Микел да не го признаеше непостоечкиот погодокот на Ливерпул пред 4-5 години, можеби ние ќе бевме во финале; Тери да погодеше внатрешна страна на стативата, а не надворешна при лизгањето во Москва, ќе бевме европски прваци...ама јебига, било поминало.
Од сабота почнува новата војна во Англија, и тоа е тоа за шо треба да се коментира. :helou:
Не дека премногу им верувам на The Sun, меѓутоа овој лет на Роман го чекам цело лето
...До 31 Август се надевам и на наслов
Chelsea sign Ribery
http://www.thesun.co.uk/sol/homepage/sport/football/2580807/Chelsea-plan-40m-swoop-for-Franck-Ribery.html
Без некој поголем пресверт, ако веќе не е капарисан од Реал, в година ќе игра во Челзи.
Налетав не две интересни информации, па да ги споделам со вас:
- Анчелоти нашол начин за разбирање кога ќе е лут. Имено, кога е лут, ќе викал на италијански (веројатно пцовки), па играчите ќе знаеле дека треба да го „раздрмаат“ мозокот малку.
- Според телетексот на Медиасет (сега најдов и на интернет), Бруно Конти вели дека одбил богата понуда од Челзи за Де Роси, дури и Анчелти лично му се јавил.