Фан Клуб: Челзи

Статус
Затворена за нови мислења.
F

fantomX

Гостин
Саше вчера заедно гледавме, ти честитав победа и тоа е готова работа. Ама сепак има разлика меѓу глумата на Гејналдо и карате ударите на Балак. Значи Ферги го напаѓа дека удрил неспортски и тоа е целата поента, глумењето на Балак е друга работа и навистина е лош глумец, а многу добар маалски тепач:vozbud:
Ферги изјави и пред тоа дека Челзи се најсериозни кандидати на Јунајтед, а и Анчелоти рече дека најголеми конкуренти ќе им се Јунајтед:toe:

Стварно, со чест на исклучоци, многу на форумов пишуваат само колку да билдаат постови:tapp:
Кажав и погоре, прочитајте убаво, Ферги не се буни за голот туку за неспортската игра на Балак!
15 пати честитав победа ама пак некои се фаќаат за работи кои немаа врска со ова што го збори Ферги ама јас не планирам повеќе да објаснувам, кој има малку во главата ќе свати, кој нема, не можам да му помогнам:helou:
Балак не е глумец, Балак е тенк, Балак е копито, Балак е коњ, тоа е неговиот најголем квалитет, и колку да се буни Фергусон, Балак не направи ништо поопасно од насилничкиот старт над него од страна на Евра со две нозе, кој заработи и жолт картон за тоа ако не се лажам. Балак не останува должен, па 34 години има, не е вчерашен да не го знајме, несреќата ваша е шо тој фаул над евра не беше свирнат заради тоа шо Руни и Керик мислам, продолжија со игра, не ја исфрлија топката бидејќи беа на 20-25 метри од гол, а кога ја изгубија, се надеваа на прекин на игра. Ако тие не ја исфрлија, зошто тоа би го правел Лампард од позиција за шут? :smir:
Единствено спорно е, Балак требаше после тоа да заработи жолт картон, после голот, како прв прекин по споманатата спорна ситуација. Ама се виде дека Фој е за пензија.

Ферги ако се сеќаваш лани исто почна војна со зборови и поротив Сколари кој потоа не издржа во англискиот фудбал и беше заменет.
Анчелоти мислам дека е подобар бидејќи водел фудбалски клуб, а не репрезентација(Бразил) која и јас да ја водев тогаш ќе станев светски шампион:toe:
Јас кажав во некои мои постови поназад дека годинава Челзи има поголеми шанси од Јунајтед не само поради подобриот тренер што ќе го имаат туку и поради тоа што екипата остана непроменета!
Со среќа во новата сезона и ви посакувам многу успеси и кој е поснаодлив нека победи:smir:

п.с. барем тие што сме вистински навивачи да ги смируваме ситуациите и да не дозволуваме да излезат од контрола:smir:
Војна со зборови, па еве, тренеров наш од кој свињата би се навредила ако ја споредувале со него, возврати дека, играчите не го виделе Евра дека лежи најверојатно, и затоа продолжиле. :pos2:

Екипата е непроменета, во право си, ама проблемите се други. ПРво, екипата која и така беше релативно стара, сега е една година постара. И второто, на Куп на Африка заминуваат двајцата многу битни играчи на Челзи, и двајца кои неретко се во почетен состав, шо ќе се осети многу во Премиер Лигата. Ќе треба да чекаме блесок на Стуриџ, Ди Санто ако се врати, не можам од Шевченко кој одвај оди да очекувам појќе од пет голови. На средината ќе треба да се надеваме да нема повреди, иако лошо тргна со Жирков, кој поспоро ќе се опорави изгледа и од Нани, кој незгодно падна и го измести рамото.

Знајш како инаку, не само за фудбал, јас стално гледам да не се занимавам со поминати ситуации, од едноставна причина шо, не можат да се променат. Есиен да ја исфрлеше топката од шеснаесетник наместо трпаво да ја промаши во полуфиналето со Барса, Иниеста немаше дај да гол; Љубош Микел да не го признаеше непостоечкиот погодокот на Ливерпул пред 4-5 години, можеби ние ќе бевме во финале; Тери да погодеше внатрешна страна на стативата, а не надворешна при лизгањето во Москва, ќе бевме европски прваци...ама јебига, било поминало. :toe:

Од сабота почнува новата војна во Англија, и тоа е тоа за шо треба да се коментира. :helou:

Не дека премногу им верувам на The Sun, меѓутоа овој лет на Роман го чекам цело лето:pipi:
...До 31 Август се надевам и на наслов Chelsea sign Ribery

http://www.thesun.co.uk/sol/homepage/sport/football/2580807/Chelsea-plan-40m-swoop-for-Franck-Ribery.html
Без некој поголем пресверт, ако веќе не е капарисан од Реал, в година ќе игра во Челзи. :toe:

Налетав не две интересни информации, па да ги споделам со вас:
- Анчелоти нашол начин за разбирање кога ќе е лут. Имено, кога е лут, ќе викал на италијански (веројатно пцовки), па играчите ќе знаеле дека треба да го „раздрмаат“ мозокот малку. :)
- Според телетексот на Медиасет (сега најдов и на интернет), Бруно Конти вели дека одбил богата понуда од Челзи за Де Роси, дури и Анчелти лично му се јавил.
 
В

Вори

Гостин
Штом Роман отишол во преговори,ќе биде интересно...:tv:
Иначе Рибери 26 години има?
 
UNKNOWN_ARTIST

Blue is the colour!!!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
892
Поени од реакции
555

Абрамовиќ оди во Минхен по Рибери

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамовиќ лично ќе отпатува во Германија за да ја земе ѕвездата на германскиот гигант Баерн Минхен, Франк Рибери, објави англискиот САН.

Рускиот милјардер му ветлил на својот нов менаџер Карло Анчелоти барем едно големо засилување во текот на ова лето па откако обидите да се купат Кака или Пато од Милан останаа безуспешни Роман е подготвен да извади 40 милиони фунти за Рибери. Вчера Абрамовиќ му се јавил лично на менаџерот на Барн и го запознал со желбата да го донесе Рибери на Стемфорд Бриџ. Тој исто така гарантирал дека е подготвен да го сруши рекордот на британскиот трансфер пазар за да го осигура потписот на французинот.
„Ули беше исклучително изненаден од тоа дека Роман му се јавил лично. Тој зборуваше многу чесно и внимателно со него. Ние сакаме да го задржиме Рибери но Ули се согласи на средба со Абрамовиќ во Германија на која сопственикоте на Челзи ќе ја изнесе својата понуда“, потврдија за Сан лица од Баерн.
Самиот Рибери изјави дека сака да игра во Реал Мадрид и со оглед на тоа дека неговиот договор истекува набрзо во Минхен се уплашени дека Рибери може да потпише пред договор со Реал исто како оној на Кристијано Роналдо па наредната сезона за малку пари да го напуште Баерн па да не се случи ова и минхенци да не останат со празни раце можно е да го пуштат Рибери да игра во Челзи.
 
D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.119
Поени од реакции
1.571

Тука ни е шансата да го зееме за ефтина пара - 40 М се далеку помалку од 80-100 М колку што се вртеше муабет едно време дека го ценат овие :vozbud: Фатени се во тесно нема кај да бегаат - само да видиме овај газдава шо дипломат е :)
Е сеа колку му се игра за нас(ако го зееме) тоа е знак прашање, и да ви кажам искрено по малку и ме плаши :toe:
 
Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Леле рибери ако дојде ке биде топ:baeh:
 
UNKNOWN_ARTIST

Blue is the colour!!!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
892
Поени од реакции
555
Лампард ги подари копачките

За време на примопредавањето на трофејот Комјунити шилд, страствена навивачка на Челзи ја соблече маицата, го покажа жолтиот градник и го импресионираше Френк лампард, кој не остана должен.
Лампард, кој постигна гол за реми од 2:2 против Mанчестер Јунајтед, дојде до обожавателката, ја бакна и и подари вреден подарок - белите копачки.
Инаку, лампард скоро ја прекина врската со вереницата Елен Ривс (34) со која има две ќерки, па неодамна на Ибица знаеше како да го прослави тоа.
 
F

fantomX

Гостин
http://www.dailymail.co.uk/sport/football/article-1205894/Bayern-Munich-closing-Chelseas-Jose-Bosingwa-Germans-deny-Franck-Ribery-swap--EXCLUSIVE.html

Неколку можни објаснувања на „ексклузивов“, при секое некој забегал....

1. Џон Едвардс забегал, новинарска измислица.
2. Ули Хенес забегал, исто така, можно. 15 милиони фунти?! Да не ја сака едната нога само, на Рибе....овај Босингва де.
3. Можеби на Анчелоти му одговара времето во Англија, ама климата изгледа слабо ја осеќа. Па добро бе, Босингва влезе во неделата, и тогаш тргна работата колку толку. Иванович е солиден, ама нема центаршут од него. Или можеби со враќањето на Фереира (денеска) е „мала“ гужва, па продај го најдоброто? Еден од најдобрите тројца десни бекој слободно би рекол, играч кој има 26 години, кој многу добро се снајде во Премиер Лига, во Челзи....го продаваме многу поефтино него шо го купивме (со оглед на падот на вредноста на фунтата спрема еврото) ?!? :jaj:

Можеби Челзи рекол дека ќе има сигнал по Комјунити Шилд, можеби и не, всушност, НИКОЈ не би рекол однапред дека тој сигнал ќе е позитивен......но како и да е, догвор за Босингва без Рибери во спротивна насока ќе е тежок, па би рекол, невозможен. Фереира тука е исто, пошто сакале силен и искусен дефанзивец нели. :toe:
 
В

Вори

Гостин
Ако замине Босингва,ќе се убијам.Најбољи е бе..
Евентуално при трансфер на Рибери да се искористи,али тогаш ќе мора да купуваме друг десен бек,ама како овој нема.
 
AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
M

Mario Gómez

Гостин

Абрамовиќ оди во Минхен по Рибери

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамовиќ лично ќе отпатува во Германија за да ја земе ѕвездата на германскиот гигант Баерн Минхен, Франк Рибери, објави англискиот САН.

Рускиот милјардер му ветлил на својот нов менаџер Карло Анчелоти барем едно големо засилување во текот на ова лето па откако обидите да се купат Кака или Пато од Милан останаа безуспешни Роман е подготвен да извади 40 милиони фунти за Рибери. Вчера Абрамовиќ му се јавил лично на менаџерот на Барн и го запознал со желбата да го донесе Рибери на Стемфорд Бриџ. Тој исто така гарантирал дека е подготвен да го сруши рекордот на британскиот трансфер пазар за да го осигура потписот на французинот.
„Ули беше исклучително изненаден од тоа дека Роман му се јавил лично. Тој зборуваше многу чесно и внимателно со него. Ние сакаме да го задржиме Рибери но Ули се согласи на средба со Абрамовиќ во Германија на која сопственикоте на Челзи ќе ја изнесе својата понуда“, потврдија за Сан лица од Баерн.
Самиот Рибери изјави дека сака да игра во Реал Мадрид и со оглед на тоа дека неговиот договор истекува набрзо во Минхен се уплашени дека Рибери може да потпише пред договор со Реал исто како оној на Кристијано Роналдо па наредната сезона за малку пари да го напуште Баерн па да не се случи ова и минхенци да не останат со празни раце можно е да го пуштат Рибери да игра во Челзи.
Со тие пари само десната нога од Рибери, така вели Хенес:pos:
 
D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.119
Поени од реакции
1.571
Рафаел ван дер Варт отфрла враќање во Ајакс, сака преселба во Англија или Италија

Може да го зееме за безпари :vozbud: :vozbud:

Вил ван Меган, адвокат на FIFPro, светскта унија на професионални фудбалери, вели дека Рафаел ван дер Варт може да замине од Реал без оштета.

“Рафаел може да стане слободен играч бидејќи Реал го даде неговиот дрес на друг играч, што значи дек атие не го почитуваат договорот.” – рече Меган.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom